И јас тоа си го викам нон стоп ама имам некое лошо претчуство. Се надевам дека ќе се врати чоеков жив и здрав
Денес одма отидов во црква и запалив свеќа. Е сега уште се мислам дали да отидам на Пелистер и да барсм црква
Ако имаш анксиозност во реален живот од тоа ти е. Не е никакво претскажување или религија во прашање, туку твојот мозок кој те измачува и во спиење.
Го сонив бртаучед ми, прерано починат од сообраќајна незгода. Во сонот ко жив да беше, сме отишле на бања заедно... Влегол прв и го нема да ме повика, а јас останав да чекам со др жени, прашувајќи се каде е... Се разбудив така...
Секоја ноќ сонувам и скоро секогаш се кошмари. Ама пијам и антидепресиви па мислам од нив. Најчесто и соновите ми се остваруваат или така ми се чини.
Да не знае некој што би значел сонов? Сум сонувала дека сум направила сообраќајка и дома ми дошол поп и тоа три пати, у црна мантија облечен се како шо треба... Јежа ме фаќа цел ден од сонов искрено. Никогаш до сега не сум сонувала поп, имам сонувано светци неколку пати Што може да значи ова?
Здраво, како сте? Многу е долг сонов, ама ќе го пишам и сакам ваше мислење. Свекрва ми била ба гроб кај мајка ѝ ( таа е почината) и дошла некоја жена и ѝ рекла знам каде е снаа ти ( јас бев во болница) ама кажи ѝ за брзо ќе излезе од болница. Кажи ѝ да ми се моли на сабајле и навечер и сѐ ќе знае и сѐ ќе прави и да ми замеси леб и свеќа да ми запали. Свекрва ми рекла јас да замесам леб таа вика дека ништо не знае и ништо не може и таа жената и рекла да не заборавиш кажи ѝ таа да го направи тоа и се ќе знае. На тоа свекрва ми рекла, мамо која е оваа жена, да и запалиме свеќа, дали е до тебе закопана? И мајка ѝ рекла сврти се и види и видела светлина и рекла оваа не е обична жена, оваа е Св. Богородица.
Кога ми почнаа мене кошмарите, а тоа беше некаде од јули месец 2021 ама со огромен интензитет од октомври истата година, патем траеше година можеби и повеќе. Никој не би ми верувал колку беа ужасни и како буквално неможев да спијам по цели недели. Егзистирав со спиење поминато само три сати во денот, ама онака вегитирав како растение. Цел живот ми се преврти наопаку, и ден денес се обидувам да го фатам колосекот назад. Да ти одговорам на прашањето, после читање на литература прво за инкубни напади, а потоа за фазите кои ги поминува човек во спиењето се дури стигни во рем фаза. Стигнав до еден мал закључок дека после прележување на вирусот (а не знам некој да не го има прележано досега) се јавува промена во мозокот. Некој тип на менингитис, вжештување на мозочната обвивка, а потоа враќање во некоја “нормала“. Кај нас докториве поим немаат за ова, а имаше огромен број на случаи од пациенти кои патеа од инсомнија. Како и да е, евентуално ќе ти поминат кошмарите ама ќе имаш mental scarring. Нема врска со тоа што пиеш антидепресиви, тие би требало да ти помогнат да спиеш полесно.
Здраво некој да протолкува што значи ако сонуваш голема река ама матна како кафена ? Сегде различно пишува обично не обрнувам внимание на сонови но не знам зошто некако ме задума сонот.
Сонував како носам многу накит злато на мене. На секој прст по големи прстени злато, носев големи обетки, ланчиња и бев многу збунета ама и некако среќна. Може некој да ми го протолкува сонот?
@Nela678 Според соновникот - Ако се китите со накит: Размислувате за празни работи. - Ако сте закитени со злато: Луѓето ве сметаат за премногу лоши. -Ако носите премногу златен накит: Може ќе бидете измамени, повредени или искористени од некој кој го познавате. -Ако носите златен прстен: Ќе добиете помош/поддршка од најблиските. Во зависност од некоја ситуација низ која моментално проаѓаш, take only what resonates with you
Некој шеик ти фрлил око и наскоро ќе дојде со голем караван и камили натоварени со мираз за да ти предложи бракоспој пошто имал визија дека си жената на неговиот живот