Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Ја сонував баба ми во постела пред умирање. Многу почнав да плачам и таа се сврти ме виде и повторно се заврти на другата страна со многу тажен лик. Потоа станав од спиење многу вознемирена. Што би можело да значи сонов?
     
  2. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.260
    Што значи ако сонуваш мали бувчиња,ама многу?:^)
     
  3. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Па обично бувовите се симбол на мудрост, а ако се мали можеби ќе родиш некое дете генијалче или некој помлад дечко од тебе ќе ти го сврти умот со интелигенција:) ако си гледала еден цртан филм со Мерлин и Варт-така се викаше главниот херој веројатно како асоцијација за крал Артур таму имаше еден був и се викаше Архимед...тој му беше туторот и учител на дечково...таков важен со наочари и онаква капа ко што ја носат матуранти во Америка оние четвртастине и ги фрлаат во воздух по доделувањето на дипломите во знак на задоволство и радост...доктор ут:D
     
    На Sophitas му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.260
    Хаха тенкс за одговорот..Добро го протолкува,лајк ит а лат(fingers):l:
     
    На Pacifist му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    277
    сонував сон како се спремам за матурска (иако мојата помина веќе, оваа била некоја си “втора матурска”) и сум се облекла прво во нешто што не се ни сеќавам,потоа сум се облекла во розови панталони и црна блуза и на крајот во бел фустан. Сум сакала да носам некои штикли и сум нашла 2 пара позади шкафот и сум се многу израдувала кога сум видела едни со машна, но потоа сум забележала дека се многу уништени и сум го облекла вториот пар што биле обични месо боја штикли и така сум излегла.

    Е сега, дали многу му ја мислам што да облекувам за прослави или сонот сака да ми каже нешто друго, стварно не знам.
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ќе се радуваш на нешто.
     
  7. Balea

    Balea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Се надевам некој кој се разбира можи да ми го протолкува сонот.
    Сонував како се враќам дома од излегување, но било темница и немЛо многу луѓе па му сум се јавила на мојот вујко да ме пречека пред зграда.
    Вујко ми е починат веќе неколку години.
    Ми рекол ќе ме пречека заедно со дедо ми,кој исто така е починат.

    Искрено, преплашена сум од сонот...
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Оди на гробишта и запали им свеќа. Ништо страшно, не се плаши. Можеш и во црква да одиш.
     
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Вака
    Сонував особа после долго време.
    Претходните два пати кога сум го сонувала, следниот ден добивавме лоши вести. Прво почина едната негова сестра, после втората. Некоја страшна коинциденција беше ама уште ми стои во глава.
    Ноќеска пак ја сонував истата особа.
    Бев сама дома, станав од спиење и искочив на тераса, и него го видов од прозорот во кујната. Седеше.
    И само свикав дедо?!
    И станав после од што се уплашив. Од памет сум извадена
     
  10. Mysterious Woman

    Mysterious Woman Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2022
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Pisi mi inbox
    Ke ti pomognam
     
  11. Mysterious Woman

    Mysterious Woman Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2022
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Pisi mi
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Се почесто сонувам соништа во кои ми е испомешана реалноста. Не знам како да објаснам, па ај вака. До пред две години имав нормален начин на спиење, поголемиот дел ми беше сон еднаш во недела/месец, а некогаш кога ќе се пробудев ми беа како избришани и не ги памтев. Сега не е така, се е толку реално, од звуци, слики, бои, луѓе, дијалози итн што ми треба време од како ќе се разбудам да сфатам дека јас уствари сонував. Некој друг со ваков проблем?
     
  13. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека за време на сон можеш да комуницираш со други луѓе, особено луѓе со кои си имала емотивна/роднинска врска.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    4.744
    Пол:
    Женски
    Сонував сон ко кошмар беше, се разбудив среде ноќ...
    Ме бркал некој, други непознати му се скриле, мене ме фатил во еден ќош ... И ме испрскал со црна течност на облеката... А позади него стоеше русокоса жена со сини очи ко море,како таа да му диктираше што да прави... На страната спроти мене стоеше монах, не му го видов лицето, нему ништо не му сторија...
    Многу беше језиво, се разбудив гледајќи ги нејзините очи.
    Ќе може ли некој да даде толкување на сонов?
     
  15. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    3.421
    Пол:
    Женски
    Црната течност што била испрсната врз тебе може да симболизира остварување на некоје негативно искуство или непријатност што ти се случува во животот. Присуството на русокосата жена со сини очи може да претставува нешто што ти се појавува како контролирачка и моќна сила, можеби чувствуваш дека некој или нешто влијае врз тебе и ти го намалува твојот личен просторстор.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Сонував како некој ме бркал, не само мене туку моите блиски и некои рандом познаници и гледав како ги убива и ги снемува луѓево исчезнуваат. Пред да ме убие се разбудив. Нешто често сонувам вакви глупости што може да значи?
     
  17. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.488
    Пол:
    Женски
    Ништо, не се потресувај. Особено кога легнуваме уморни, или имаме напорен период тогаш се сонуваат кошмари
     
    На ladydy13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. the.greatest.ma

    the.greatest.ma Нов член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Вака, веке со години зборувам дека не сакам да раѓам деца и дека не планирам, и дека ако еден ден се одлучам да имам дете тоа ќе биде со сурогат мајка или ќе посвојам.
    Сонував дека сум останала бремена, и тоа од мојот прв братучед. Кога дознаа другите, т.е мојата фамилија, мислам дека прва ми се обрати мајка ми и ми рече нешто како "Нели не планираше да раѓаш". Потоа се сеќавам на тетка ми и тетин ми (родителите на "таткото") и тетка ми ме праша од кого е детето и јас го кажав името на братучед ми, таа зачудено го повтори, а потоа тетин ми праша нешто како "Носиш дете од братучед ти?" (го кажа тоа нервозно и осудувачки, како само мое да е детето, а не и на син му). Мислам дека не одговорив ништо на тоа, туку веднаш после тоа тетка ми ме праша колку месеци е бебето, и јас кажав дека е скоро 3. Потоа побегнав некаде да бидам сама за да размислам, се чувствував многу притиснато и осудувано од страна на фамилијата на тетка ми (инаку така се чувствувам и во вистинскиот живот за било што што правам од нивна страна, како никогаш ништо да не е исправно или доволно добро). Мислам дека кога ова се случуваше бевме на некаква прослава на една моја роднина која е на моја возраст и сме доста блиски, и во сонот се чувствував подржано од нејзина страна и како да сака да ми помогне, и кога и кажав дека сакам да бидам сама и да размислам, таа ми кажа за едно место на кое одела таа и ме прати таму, дури и ме криеше од другите за да ме остават на мира да размислам.
    Местото беше во двор ама со покрив како мала гаража, и имаше ставено два стари кревети, за едниот ми кажа дека бил машки а за другиот женски(не знам што значеше тоа, само се секавам дека така кажа) и ми кажа дека таа секогаш седела на машкиот(има мало синче во вистинскиот живот) и избрав и јас таму да седнам и некако испадна дека детето што го носам е машко(во креветот исто така спиеше мало кутренце, беше многу мирно).
    Откако успеа да ги убеди другите дека не сум тамо, да ме бараат на друго место, и заминаа и тие и таа, останав да размислам што да правам и знам дека во главата ми се вртеше нешто што ми го кажа некој (не се секавам кој), дека вистинската мајка би го направила тоа што е најдобро за нејзиното дете. На крај се секавам дека водејќи се по ова размислување, одлучив дека ќе го абортирам детето, бидејки тоа би било најдоброто нешто за него во оваа ситуација, затоа што да се роди како дете на братучеди во ваков свет, особено па во нашата држава, цел живот би било осудувано и малтретирано. Последното нешто што го памтам е дека помислив "Зошто не кажав дека незнам од кој е детето или да излажам нешто?" и дека ако направев така можеби ќе можев да го задржам, но од друга страна се чувствував олеснето бидејќи секако не сакав да раѓам дете.
    Колку што се секавам, прв пат сонувам дека сум бремена, претходно имам сонувано дека имам дете, ама веќе родено, а дека сум бремена никогаш.
    Многу чуден сон, ве молам помагајте што би можело да значи, и извинете што толку опширно пишав, ама незнаев што од тоа може да е значајно за толкување.
     
  19. babygirl20

    babygirl20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2021
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Сонував како сум имала канцер и сме чувале змија, на почетокот змијата беше мирна но после почна мене да ме брка. Јас бегав и не ме гризна:D Мислење?
     
  20. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    3.421
    Пол:
    Женски
    @the.greatest.ma

    Здраво! Разбрав дека имаш длабоки размислувања и сомневања околу родителството и одговорностите што се поврзани со тоа. Има неколку можни гледишта на твојот сон, но е важно да се напомене дека само ти можеш најдобро да го проанализираш сонот и да го свртиш во контекстот на твоите лични искуства и емотивни состојби. Гласај вака сега:

    1. Притисок: Постојат повеќе делови во сонот за притисокот што го чувствуваш од твојата фамилија, особено од страна на тетка ти. Овој притисок може да одразува нивното неодобрување или осудување на твоите одлуки и желба да бидеш различна во однос на родителството.

    2. Размислување околу бременоста: Бидејќи рече дека со години зборуваш дека не сакаш да раѓаш деца, твојот сон може да открива подсвесни размислувања околу бременоста и можни последици што би ги имала во животот. Возможно е сонот да го претставува твоето сомневање и нерешеност околу оваа тема.

    3. Прифаќање на одлуки: Во сонот, ти имаш внатрешна борба за прифаќање и одлучување како да ги земеш контролата и одговорностите за своите животни одлуки. Можеби, одлуката за абортус ја гледаш како начин да ги заштитиш себе и можниот потенцијален живот на детето.