Колку најубав сон си имав Јас на столица, дечко ми влетува во соба така поприлично вџашен, ми ги отвата нозете и почнува со акција,онака профи,орално да ме задоволува, мераци , кога се разбудив гаќите утоп ми беа пуста желба што прави
Сонував како група специјалци со пушки и што не униформи,шлемови ни влегуваат од секоја страна во куќата, но не баш директно. И цело време ми беше страв да влезам во некоја соба, да не се крие некој таков да не устрела. Мислам дека машките членови од фамилијата се обидоа и тие да се пресметуваат со нив на ист начин, со оружје. Што значи?
Леле у последно време само сонувам како со дечко ми имаме односи и дека ни се кине кондомот. Што ќе да ми значи сонот?
Сонував дека наеднаш осиромашивме..значи тоталноо...дури и станот ни го зедоа...што би можело да значи ова
Татко ми сонувал сон што дури и мене ме опседна, синојка не можев ни да заспијам. Се сонувал самиот како спие и некоја жена со марама на главата и заматен лик нешто му зборувала. Татко ми немал глас за да и каже дека не ја слуша. Жената си заминала и по некое време повторно се вратила. Истата жена со марама на главата и заматен лик. Повторно нешто му зборела, но овој пат татко ми сосема тивко успеал да и каже дека ништо не ја слуша и дека не ја разбира. Веднаш потоа се разбудил. Многу морбидно, а и татко ми го доживеал како кошмар сето ова. Какво значење може да има овој сон?
Ноќеска сонував...и колку и да не верувам у бабинскиве толкувања,ќе се излажам да прочитам и шубето ќе ме убие после! PATKA Vidjeti patku - nenadana žalost u obitelji. А се некои такви претчуства ме боцкаат во задно време,па уште и ова... А од друга страна... ШАТКА среќа во домот, исполнување на желба. Не верувам,готово,крај.
Патката е духовна слобода.Тие служат како врска помеѓу спиритуалниот и физичкиот свет.Патките се мулти-талентирани животни заради тоа што можат да одат,пливаат и летаат.Патката ја покажува твојата флексибилност и способност да се вклопиш и се прилагодиш во разни ситуации.
сонував како со најверната другарка сме загалвени во лифт, акога сме се одглавие сме виделе како еден цовек се фрла од зградата..и само сонувам мтви луге не ги познавам ама знам дека се мртви и ме прогнуваат...
ххехехе синоќа се возев во авион....никогаш порано не сум сонувала тоа,,, а многу сонувам, секоја вечер, порано многу се оптеретував со соновите, ама сега веќе не...
Ако се возиш во авион тоа значи дека ќе превземеш некој ризик и дека ќе успееш во тоа. Долго време си се мислела дали да ризикуваш и ова ти дава патоказ дека треба.
Сонував дека сум се спремала за на факултет, сум ја врзала косата во реп и после тоа сум ја сушела со фен така врзана????? Незнам што би можело да биде, а може и нема никаква врска сонов??????
Сонував како мајка ми пишувала во мојот личен дневник, и после некое време гледам друг ракопис... толку многуууууу се налутив уф Уште во последно време секоја ноќ го сонувам бившиот, а не дека мислам на него многу И уште овој сон... се нешто сонувам езеро, демек само го набљудувам од брегот и не сакам да влезам, ама пак сум се фрлала барем еднаш
1.Сонував како сум седела на некој камен во некоја шума и гледам напред и само зајци ми претрчуваат лево десно. 2.Пред некое време сонував како во СК во Скопјанка имало убиен човек и од тогаш се некој работи ни се дешаваат дома и водов на соновник ако видиш убиен човек дека значи проблеми
Последната недела скоро секоја вечер го сонувам бившиот дури почнав да се загрижувам. Имавме многу долга врска 7 години, раскинавме пред повеќе од година и од тогаш немам никаков контатк со него, го немам ни случајно сретнато. Јас имам друга врска сега, тој има девојка со која знам дека добро им оди врската. До пред една недела, го немав ни сонувано воопшто. Наеднаш почнаја соништа од типот дека се среќаваме после долго време, се однесуваме исто како кога бевме во врска, лежиме, се галиме, ме бацнува, само секогаш тоа завршува како јас го прашувам како му е во новата врска. Цело време во сонот иако се е мило и нежно, јас се осеќам непријатно, здрвена сум се чуствувам дека изневерувам. Сношти беше морбиден сонот прилично. Заедно во некој стан, не го знам местото, лежиме, ме бакнува, ме гушка, се чепкаме, се скокоткаме и јас некако пак го започнувам муабетот за неговата девојка. На мајтап почнувам да му префрлам дека почнал да се матка со неа кога сме биле во врска (што не се има случено, после месеци од кога раскинавме се запозна со неа ), а тој ми кажува дека не бил во врска, дека онака се маткале. Му кажувам дека нема потреба да се крие од мене, дека нема смисла и дека ако му е убаво баш ми е мило, а тој продолжува да ме убедува дека не се во врска. Почнувам да се лутам и му викам да бе не сте во врска, а таа онака става слики од вас двајцата на фб, а тој ми вика: Што? Какви слики, каков фб бре? - и изненадено кажува дека нема врска за тоа. Наеднаш станува напната ситуацијата и тој решава да си оди. Го испраќам на врата, и тргнувам да го бакнам во уста, а тој ми го врти образот, ми вика ај ќе се слушниме од утре некој ден. Наместо навредена, јас осеќам големо олеснување што ми го сврти образот. Му викам добро ај, се слушаме. Наеднаш од некаде се појавува човек со машко дете 3-4год, а бившиот ми вика: е да ќе заборавев, ова е твое, Андреј се вика - и ми го дава детето. Детето цело е деформирано, одвратно, морбидно. Му викам ти не си салам од каде ова мое, јас никогаш не бев трудна, немам родено, 100% од новата девојка ти е. Почнуваат да се смејат двајцата со човекот, морбидно, грдо, и човекот вика: Абе за негово, негово е ама не се знае која е мајката. И почнуваат уште повеќе да се смејат гласно. И се разбудив и онака лошо се осеќав, испаничено. Ај ако можи некој одприлика да ми каже дали има некакво значење сонот.
последните 2-3 години мн често се случува со сонот да бегам од нешто/некој (мечки, луѓе, кучоња, змии...) односно некој ме гони а јас со цела сила трчам за да се спасам бидејќи е во прашање живот или смрт... знае ли некој што тоа би требало да значи???
сум пливала во некое езеро потоа сум изашла и посматрала како другите пливат...одеднаш се појавиле едно 10 црни кучиња и почнале да ме гонат...сум скокала преку гробови змии а мојот бивши стоел и се смејел....и под нози сум нашла 500 динари српски и сум ги зела....што значи оваа?
МЕЧКА непријатности/непријатели кои чекаат погоден момент за да ви наштетат; северна ( бела ) мечка - некој е вљубен во вас; ако ве нападне -ви подготвуваат стапица;ако ја чуете како рика ке изгубите некој штитеник; ако мечката убие некого-смрт во семејството КУЧЕ добри пријатели/среќа во бракот;куче што лае поволни вести;црно куче-лажно пријателство;бело куче-пријатно познатство; ЗМИЈА Внимавајте некој од вашата околина сака да ви напакости;многу змии-подмолни пријатели;многу змии од кои неможете да избегате-има малку изгледи за добри времиња БЕГАЊЕ грижи/тешкотии;ако не успевате да избегате-сте западнале во големи сплетки.....