Здраво Брат ми ја сонуваше покојната мајка биле на гробишта да палеле свеќа ,го видел прв брачед ама не се позз сe тргнале настрана и заминаа тука на гробишта и брат ми кога палел на некоја свеќа му гасела на некоја не, после мене ми вика ајде да ојме а нашата мајка ја снема Што би значело
Снаа ми сонувала дека носила бел фустан најверојатно венчаница И едното око нашминкана а другото око не е нашминкано И плачела многу Што значи тоа
Сонував една жена која порано продаваше облека ....сега веќе е во странство.....синоќа ја сонував како дошла и јас пробував блузи и на крај јас си купив од неа убава црвена долга јакна ..се гледав во огледало ..потоа забележав дека јакната била малку искината како мали дупчиња на неа. 2. Во скоро време сонував и леб/ погача и заборавив што точно се случуваше во сонот.
Прв пат пишувам во темава, инаку никогаш не сум верувала во сонови дека нешто значат ама овој сон многу ме исплаши. Периодов имам некои здравствени проблеми, имам и анксиозност веќе неколку години, сонував како сум се разбудила од анестезија и видов дека ми го оперирале желудникот, сум отишла кај докторот да го прашам дали чир сум имала па што ме оперирале и тој ми кажал дека не било чир ама не сум била за кај него, да сум одела во друга држава да се лечам, како демек се ти е на нервна база и во странство повеќе знаеле за мојава болест. И јас среќна бев во сонот што барем не ми е чир и си ја гледам раната цела со завои и крв и ме болеше. Раката исто ми беше избушена од инфузии и ме болеше. После тоа баба ми дошла дали на посета или не знам(почината е) и она нешто ми збореше не се сеќавам што. И се разбудив и мислев стварно имам рана, дури маицата ја тргнав да видам, уште бев нерасонета. Јас многу често инаку ја сонувам баба ми ама комбинацијава на сонов многу ме исплаши, па ако некој знае дали нешто значи сонов нека ми пише
Сонував како сум избегала од факс. од испит на еден проф....со една девојка која не ја познавам..по патот најдов една чешма мала со убава бистра вода се напив од неа ...а девојката ме брзаше велеше побрзај ќе не фатат и таа не се напи...и потоа пак наидовме на едни дрвја таа скина јаболко а јас круша или дуња беше ....и пак продолживме по патот ....потоа не се сеќавам шо бидна.
Го сонував татко ми,кој е умрен пред 15г.,на некоја тераса,покриена и јас му кажувам како имало земјотрес и јас столиците ги заглавив да не паѓаат.Татко ми беше многу здебелен,облечен убаво и ништо не го разбрав што збори.