Ретко сонувам и не ги ни паметам соновите, ама пред некое време сонував две машки дечиња, мислам дека беа близначиња, им ги запаметив имињата во сонот, и после некое време и во маркет и во парк слушав кај што ги довикуваат дечиња со тие имиња, и не знам чувствував нешто што не можам да опишам. Уште ми е останат сонот во сеќавање и кога и да се сетам ми буди некое нејасно чувство
Здраво! Ако може некој да ми каже што би можело да значи. Сонував како нешто играње, пеење и во мислите знаев оти е свадба, но никаде не видов невеста во бел фустан.
Сонот е поттикнат најчесто од личен страв од нешто, но секогаш е исполнување на желба. Во нити еден случај не се работи за предвидување (пара-психологија). Поттикнат е најчесто од претходниот или тековниот ден од настан кој е тесно поврзан со настан од твојата историја, а заедничката цел е исполнување на желбата. Само особата која го сонувала може да го одгатне во целост со асоцијација или со помош на психоаналитичар ако целосно му се отвори и во најмрачните мисли. Сонот има манифестна содржина (она што е сонувано) и латентна содржина (она што е скриено со цензура и претставено како манифестна содржина). Можат да бидат предизвикани соматски или психички но и во двата случаеви се работи за исполнување на желба. Воопшто да не се плашите од манифестната содржина зашто тоа е само ваша цензурирана имагинација. Сетете се само како може да ја поврзете таа манифестна содржина со нешто што ви се случило пред релативно извесен период но некогаш може да биде и од инфантилна природа. Секогаш ќе дојдете до заклучок дека е ваша неостварена желба. Од таа желба треба се плашите повеќе отколку од манифестната содржина. Желбите на човекот некогаш се мрачни, а потсвеста не бира која алатка ќе ја употреби за да ви претстави сон. Толкување на соништата - Зигмунд Фројд. Книга која го доживеа најголемиот респект меѓу психолозите и психоаналитичарите. Сеуште никој до ден денес не може да додаде ништо на ова испитување. Универзално прифатена и се изучува на светските универзитети по психијатрија заедно со неговата психоанализа. Може да си ја побарате по книжарници и на интернет и да продолжите да спијате мирно. Баш сега проверив излезена е и со македонски превод. Има две оригинални изданија 1900г и 1931г.
Самата анксиозност го предизвикува сонот. Знаејќи дека во нашава држава нема квалитетно здравство, желба ти е да отидеш во друга држава да го испиташ сопственото здравје. Нашето здравство сеуште не може да ти даде точна дијагноза, така?
Па да, уште немам точна дијагноза освен дека се ми е од стрес и наводно сите резултатит се во ред а јас и понатаму паничам за моето здравје, уствари знам дека сум здрава ама сум голем хипохондар и за секој симптом трчам по доктори. Фала на одговорот.
Женски сакам да ве прашам за мислење за еден чуден сон... Моментално сум во преубава и пресреќна врска (~ 3 години), но пред некој ден сонував нешто чудно кое внатрешно ми пробуди многу неодговорени прашања. Во сонот се појави мојот бивш дечко со кого јас одев 2 години во врска, бевме излезени со мојот сегашен дечко но накратко на момент кога тој искочи до надвор го виде мојот бивш дечко како тој ми се приближува и ме трга настрана да зборуваме, бившиот почна да ми раскажува колку ме сака и колку му фалам, но јас не го реvкав - кога се врати сегашниот дечко тој слушна дека бившиот ги искажува чувствата кон мене и го замоли да си оди, потоа настапи една мала караница/ тепачка меѓу нив двајцата. Што треба ова да значи? Ве молам помогнете ми
Pred nekoj den sonuvav deka sum bila na grobišta i deka na spomenikot go ima samo brat mi koj e počinat pred jas da se rodam, a majka mi i tatko mi gi nemaše, iako i tie se počinati.
Sakam da ve prasam mislenje za eden son Sonuvav kako partnerot(inaku omazena sum za drug) mi stava nesto vrz kosata a jas zatvoreni oci i odednas mi stavi prsten na rakata silno go gusnav skavme da objavime deka sum rekla da no togas site se skrivme . Tuka mazot mi negovite dedeto se krieme od nekogo i toj nekogo nekako vleze vo nasata kukja mu borcel maz mi pari i se zakani so najmiloto ako ne mu daj pari utre ke dosol po najmiloto. Stanav go fativ za vrat i vikam probaj cepni po najmiloto ke te zadavam. Inaku covekot na kogo mu borcese maz mi e pocinat veke 24 god
retko sonuvam no i koga sonuvam se e nesto od ona sto sum videla , cula, pomislila predhodnite denovi duri i koga ke sonuvam nekoj los ili neprijaten son, ke pocnam da razmisluvam i ke mi tekne pr vidov na film del od ova i taka dojdov do zaklucok deka od eden predmet, misla, zbor mozokot ili svesta vo sonot ke si napravi cel film voopsto ne veruvam vo sonovi
Здраво девојки! Еве бесплатна мобилна апликација - Sonovnik која може да помогне во интерпретирање на соновите. https://apps.apple.com/mk/app/соновник-sonovnik/id6470950638