1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Lavicaukafez

    Lavicaukafez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Дали сте сонувале светци?
     
  2. Rebekaaa

    Rebekaaa Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    35
    Jas,da
     
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Да. Кога ми се роди првото дете, ќерката и тоа на третата вечер по нејзиното раѓање. И тоа сонот го сонував во некој краток период, зошто само два саати ме остави ќерка ми да поспијам.
    Сонував како одам низ некој ходник од болница, цел со плочки и од вратата кон која одам излегоа три жени. Да речам одеа кон мене ќе излажам. Се движеа како да лизгаат над подот.
    Беа облечени во долги црни одежди, како монахињи и забрадени со марами. Рацете им беа споени како за молитва над срцето. Ликот сериозен..Таа во средина беше малку понапред, другите две како да лебдаа чекор зад неа и како да ја следат. Почуствував стравопочит кон нив, одма си помислив дека се светици. Кога беа блиску до мене средната само ми рече со нежен глас три пати: Господ да те благослови. И ме одминаа.
    До ден денес се ежам кога ќе помислам на сонот. Мислам дека жената во средина беше Богородица, многу ми личеше на иконите нејзини. Можеби некоја од другите две беше св. Петка. Во секој случај не беа баш млади жени..
    Друг пат го сонував Исус. Одевме по некој земјен пат, по угорница а тој одеше пред мене. Се искачувавме на сончев топол ден по некој рид, од десно карпи нагоре, од лево провалија надолу. Му ги гледав стапалата во кожни сандали пред мене, му ѕиркаа од под облеката како што чекореше. Носеше нешто бело и долго, како памучна кошула. Имаше и стап дрвен во рака со кој се потпираше. Не знаев кај ме води, не ми кажуваше ништо. Тешко ми беше и се потев. Едно време се сетив дека е Исус и силно посакав да му го видам ликот, ама кога го кренав за првпат нагоре погледот само се издолжуваше облеката негова, до бескрај нагоре. Како да нешто ми бранеше да му го видам ликот. Сфатив дека не можам или не смеам до го видам.
    По некое време Тој застана и се тргна на страна и со десната раката ми направи гест како повели право и тогаш видов дека пред нас стои маж ми (тогаш ми беше дечко). Насмеан, кога ме виде ги рашири рацете. Се израдував кога го видов и со трчанка му се фрлив да го гушнам.
    Ме донесе до него
    Трет пат сонував една светица, помлада на лик, со многу мил израз, блага насмевка и во бело забрадена. Многу ми личеше на католичките свештенички. Зрачеше со бела светлина, милост и кроткост. Кога ја прашав како се вика ми рече Франческа ама со еден многу сладок глас, се стопив кога ми проговори.
    Инаку истражив малку по сонот и прочитав дека во католичката вера постои таква светица, со истото име. Живеела во Италија и таму сеуште се чествува. Позната била по тоа што им помагала на сиромашните и бездомните. Се што имала свое им раздавала.
     
    На st-el, CarrieBradshow, Lavicaukafez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Зошто има некои периоди што повеќе сонуваме?
    Јас сонувам најчесто во овулација и лесно се раздразнувам од нив. Овие денови сонувам не нешто страшни сонови ама лесно ме расонуваат и останам без сон. Не дека е којзнае нешто страшно или дека сум под некој страшен стрес, во овулација кога сум, тогаш сум највознемирена без врска и во овој период на се живо се штрекнувам.
    Ама има периоди кога со денови сонувам и се вознемирувам, тие денови не можам да ги протолкувам од што е така. Не се разбирам од астрологија некои велат имало врска, често за ова размислувам и на интернет во една група често има за соновите како последица на лошите вибрации од времето ама воопшто не се разбирам. Има некој објаснување?
    На пример има денови кога сонувам страшни сонови ама не ме ниту плашат ниту расонуваат, не сум раздразлива и не допираат до мене.
    Оваа ноќ и јас не знам што сонував не дека бог знае што страшно, не се ни сеќавам пред пола саат што сонував, ама ме вознемири и станав од кревет. И сега така си дремам на нет, си собирам садови од машина во ниедно време, а да ме отепа човек да кажам што сонував не знам. (facepalm)
    Има ли некој објаснување кои периоди и зошто вака сонови не вознемируваат освен секако под стрес ама јас ги разликувам соновите кога сум под стрес и секогаш сонувам нешто поврзано со стресот она што го мислам, а сега нешто сосем десето што врска нема ама битно ме раздрма во сред ноќ. (waiting)
     
  5. Lavicaukafez

    Lavicaukafez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2023
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Здраво, во последно време почнав да сонувам како живи луѓе починале.(блиски и познаници)
    Дали некој можи да ми дај мислење за соновиве зошто ќе полудам.
    Ми се има случено да сонувам блиска личност дека почина, истото и се случи.
     
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Популарното мислење е дека стресот преку ден прави да имаш понапнати сонови вечерта.
    Тоа е зошто сонот е одраз на тој стрес и емоции што ги искусуваш.
    Се сеќавам дека порано читав некои научни истражувања што укажуваа на обратна поврзаност, ама не можам да ги најдам сега на интернет...
    Според нив ако денот бил досаден за мозокот и без некои емотивни случки, тогаш сонот таа вечер е побурен, поемотивно набиен и повпечатлив.
    Објаснението е дека мозокот има тенденција да компезира во однос на стимулусите кои ги прима (интризични и екстринзични стимулуси), односно ако не бил доволно стимулиран во будна состојба и ти ништо не си преземала против досадата, тоа мозокот го компезира со сонот подоцна. И обратно, ако сме престимулирани преку ден, навечер спиеме без некои многу интензивни сонови, давајќи ни шанса да се одмориме од напорниот ден.
    Која теорија е точна, не знам, може и двете да важат и да се точни, во различни моменти. Знам само дека сонот има повеќе функции и тие се повеќе се откриваат низ науката.
    Во сон се отстрануваат токсините од мозокот, се подобрува меморијата (се консолидираат спомените), се процесираат некои емоции, се разоткриваат потиснати желби и потсвесни мисли и чувства, се соочуваме со потенцијални опасности од реалноста и сл.
    Истотака, физички и психички исцрпен организам кога заспива, циклусите на сон му се малку поинакви од оние на поодморен човек. Во смисла дека РЕМ фазите се почести во текот на спиењето, побрзо се влегува во РЕМ фаза од моментот кога ќе легнеш да спиеш и подолго траат РЕМ фазите.
    Тоа буквално значи дека колку сме поуморни толку подолго ни треба да сонуваме.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Можно е да е проекција на твоите длабоки и потсвесни стравови (од осаменост, загуба на сакан и сл.).
    Ако се остварил некој таков сон претходно, можно е тоа да било затоа што постоеле некои индикатори дека таа блиска личност е во лоша состојба, лоша ситуација и сл., и тоа само го регистрирал твојот мозок, но не го освестил до крај, не го процесирал и не му дал доволно време да го разработи како веројатен исход од примените стимулуси (информации). Некогаш за да се заштитиме од емотивна болка таквите информации и мисли се трудиме да ги отфрлиме, да ги закопаме во потсвесното или да ги негираме. Потоа тие одбрамбени механизми во текот на сонот слабеат (бидејќи инхибициите се намалени) и мозокот си процесира што си примил, предупредувајќи на опасноста која не била докрај освестена.
    Дава решение за поставената равенка, како некој можен опасен исход или разрешница на логичкиот след од она што веќе се случило.
    Секако ова важи за ситуации кога имало информации, макар и суптилни.
    За оние ситуации кога нема такви индикации дека е трганто на лошо, се случуваат сосема нагло и неочекувано, ваквото објаснување помалку би важело и би оставило простор за поспиритуални објаснувања и толкувања во склад со верувањата на личноста.
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Како некој кој константно сонува мнооогу цел живот, или барем памтам многу, сите сонови ми се резултат на секојдневниот живот. Секоја ситуација која ја доживувам ја сонувам. Веројатно имаш нешто потсвесно кое ти се манифестира во сонот. Не мора да се замараш со натприродни или астролошки објаснувања, освен ако не ти е тоа интересна тема. Мене лично ми се забавни некои теории, ама сум сигурна дека се само во доменот на фантазијата.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. donkey

    donkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Јас сонував човек од блиска фамилија, починат е 10 години. Лежеше на кревет, одеднаш стана, ме фати за двете раце и почна да ме влече како да сака да ме однесе некаде. Јас давав силен отпор бидејки не сакав да одам. Станав препотена и исплашена.
     
    На Cosmic Girl и SigmaMan им се допаѓа ова.
  10. Ivki

    Ivki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    6
    Dali znaete sto bi znacelo da sonuvas novorodence (moe novorodence koe sega sum go rodila), doma sme kaj tatkoto na bebeto (ne se sekjavam koja e licnosta, dali nekoj nepoznat ili poznat ili mozda bivshi decko, ne mozam da se setam). Lezime i postojano go guškame bebeto i galime (mislam devojce e no ne sum sigurna). Posle podolgo vreme slucajno zapocnuvam da go dojam i sfakjam imam mleko i treba i da dojam, srekna sum, so sto posle kratko doenje bebeto povrati se, ne go prifati majcinoto mleko i malce zaplace.. Sledno se sekjavam otidovme kaj moite, go dadov na brat mi da go drzi i ili mi se smeni sonot ili se razbudiv (dva razlicni sona nepovrzani edno po drugo sonuvav, na znam kako bese).
    Inace ne e deka sum razmisluvala za bebe pa go sonuvam, ne sum mazena, a ni decko imam vo momentov..
     
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Што значи два пати со ред да сонуваш убиство?
    Во првиот сон јас бев убиецот и барав кај да го закопам телото. Во вториот сон бев само сведок, други двајца го убија, ама ја гледав некако отстрана како соучесник да им бев на тие двајцата.
     
  12. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Озборување. Поврзи имиња од луѓето од сонот со имиња од други луѓе, броеви со датуми, асоцијации од места итн, лесно се толкува секој сон.
     
  13. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Јас убиениве ќе ги озборувам или тие мене?
    Пошто тој од првиот сон не го знаев. Башка другите ликови од соновите некои неповрзани еден со друг во реалниот свет не се знаат. Глупости сонувам, знам. :D
     
  14. rak96

    rak96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    11
    Здраво❤️ Имам едно прашање, можеби за некои ќе е смешно, но јас со ова се “борам” од кога знам за себе.
    Секогаш, ама буквално секогаш кога ќе спијам, а рацете ми се надвор од ќебе, сонувам ужасни страшни соништа, или кога ќе си легнам, секогаш се покривам нормално, рацете или под перница или рандом по ќебе, кога ќе се разбудам на сред ноќ од причина лош сон, секогаш или едната или двете раце ми се надвор (над ќебе),никогаш не сум имала ни можност ни шанса да прашам некој затоа што премногу ме мачи ова веќе во подсвест ми е влезено зима/лето да сум скоро до врат покријана.
    Хелп❤️
    Во прилог ќе ви прикачам слика од Google, за да видите која е таа *поза
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0645.jpeg
      IMG_0645.jpeg
      Големина на фајлот:
      57,4 KB
      Прегледи:
      9
  15. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Дали некој знае што значат скршени велигденски јајца? Bea napuknati i barav vo frizider zdravi.
     
  16. traffika

    traffika Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2023
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Дали знаете да го толкувате сонот.. Само што го сонував...
    Јас водам невеста во црква... Ја сум на местото на младожењата, но јас не сум младожења.. Се венча моја блиска рода која е многу постара од мене.. Баба ми е ( на дедо брат- жена)... Во сонот го знам местото, бидејќи во сонот знам дека предходната недела ја сум бил младожења.. Во реалноста не сум женет... Како што стигнуваме на местото каде што треба да се венча, погледнуваме низ една врата и лежи мртов некој поп и го пеат и тука се разбудив.. Што би можело да биде тоа.. Сега неможам да спијам
     
  17. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Што значи ако сонувате личност (во случајов функционерка) ама збор не си проговоривме, ниту таа мене , ниту јас неа. Сонов ме вознемири. Не ми е она преокупација па да ми доаѓа на сон .
     
  18. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.400
    Пол:
    Женски
    Што значи да сонуваш дека некој те вика по име? Ме разбуди сонот, беше многу реален и испаднав надвор мислејќи стварно некој ме вика.
     
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    A sto znaci da vlezes vo taksi, a da izlezes bez cevli i bosa odev
    Ne mi izgleda dobro,me plasi
     
  20. Veronika@28

    Veronika@28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2024
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Zdravo, izvinete za shto ne koristam kirilica. Nokjva ja sonuvav mojata pocinata baba kako beshe doterana vo belo cvetno fustance. Shto bi mozelo da znaci?
    Isto taka sonuvav i krevet so postelnina moja koga sum bila bebe i pocnav da ja vagjam. Shro bi mozelo da znaci?