Здраво синоќа сонував дека сегашниот партнер ми рекол ајде да одиме на златар да ти купам прстен.Дали тоа значи дека ќе бидиме заедно и на јаве?
Сонувам два пати по ред бебушов како се будам и има заби не сите него оние бебешките кецови горе доле. Што би значело? Знам заби не е убаво ама не знам конкретно Инаку нема заби 5м е
"Имаш плави очи и не знаеш да ги носиш!?" Некој глас луто ми го кажа ова пред да се разбудам. А како се носат плавите очи ако знае некој да ми каже Што значење би имало ова?
Девојки многу сум во страв, само што станав и сонував многу лош сон, ве молам за помош да ги тргнам мислите и да не мислам на најлошото.. имаме роднини кои се мртви нормално, сонував како викале блиска личност од семејството која е жива да оди да ги види…знам дека е многу лошо стварно сум избезумена од кога се разбудив
Пред да почнам со ин витрото дека бев дома и сум задремала на десетина минути и сонувам сон многу убав како сум нашла икона со ликот на мајка Богородица на улица. На сликата беше сама без Исус, а позадината на иконата беше сина бебешка. Убав сон, дај Боже на добро нека е.
Пред некоја вечер може и празникот кога беше дали сабота или недела вечер сонував девојче/девојка како стои надвор некоја ливада и јас сум тука, не се сеќавам на разговорот дали сме збореле пред тоа, јас сакав да се приближам натаму и ми викна НЕ, јас застанав и само се извинив . Тогаш ми рече сега наместо 3 ќе направиш 6 круга околу крстот на Св. Троица. Јас викам ама каде тоа е далеку , ми вика ќе го најдеш.... Незнам што значи ова
Здраво синоќа сонував дека сум се качувала на манастирот свети Ѓорѓија го прочитав името,ама кога сум влегла таму поп ме давел во вода како да ме крштева ми ставил крпа на носот за да не се удавам
Здраво Феминки, дали некоја би знаела што значи да сонуваш дека живееш во стан што не е истиот како тој во реалноста? Станот во сонот беше поголем и убаво наместен.
Ја сонував баба ми ( по татко ) со декубит ( во реалноста , жива е иако во поодминати години , 87 , на нога е иако со деменција, мајка ми, татко ми и тетка ми се грижат за неа доста добро , редовно е бањата и хигиенски не е запоставена , сеуште станува но по секое бањање ја мачкаат со креми како не би дошло до декубит ) . На десна страна имаше само големи кругови , кои беа крвави , но не течеше крв , туку онака свежа крв во раните . Од лева страна на телото раните крвареа многу , постелнината беше крвава и баба ми пушташе гласни и болни крици .. Што би можело да биде ?
Морам да споделам сон сонуван 2 пати. Сонот не беше ништо посебен него само ми падна заб умник и се разбудив. Како си одеше денот ништо не се случуваше дур не се слушнав со близок и не ми сподели дека му починал дедото од срцев удар. После тоа изгуглав и си потврдив дека има поврзаност некаква. Пред 2 месеци ми се случи истиот сон и се разбудив со тахикардии ама си викам ај сон е, што ти е! Но.. сепак добив повик од братучедка дека починала баба и, мозочен удар. Толку језиви се некогаш соништата, немам зборови. Истрауматизирана сум и се плашам да помислам на сонот да не дојде пак. Не знам дали некоја имала слично искуство.. ама ете, сакав да споделам.
Уф не верувам. Ја толку пати сум се сонувала без заби, па како ми паѓа заб па никој не умрел. Ниту се десило нешто лошо. Цврсти верувам дека соновите се нашата потсвест. Се она што го складираме преку ден излегува на сон. И пример сум приметила дека сонувам многуу кога сум под стрес. И кога спијам на грб.
Сонував како сум била во еден ресторан со другарка, имало двајца кои ми се допаѓале во истиот ресторан ама не сум ги видела лицата или барем не се сеќавам од сонот, требало да бегаме со другарката и јас не сум сакала и намерно сум оставила чоколадо на столот за да се вратам по него и да ги видам момчињата, таман сме стигнале на вратата јас и викам на другарката еј го заборавив чоколадото морам да се вратам и да го земам, сум отишла до масата ги зедов и одејќи до вратата го видов едното момче кое седи сам на масата и ме гледа, а пред вратата уствари бил другиот дечко на кој не му го видов лицето и ме фати за рака, јас со чоколадото во другата рака тргнавме да си одиме и во тој момент сфатив дека тоа не е ресторанот туку е мојата куќа, ја затворивме портата и тргнавме фатени за рака… Секогаш наоѓам начин да ги толкувам соновите според некоја ситуација, настани ама овај неможам, дали некој знае да го протолкува или барем делумно да ми каже што значи?
Исто и јас, ама ова беше баш језиво затоа и го споделив (недај боже) некој да не имал слично искуство.