Пред некоја вечер сонував пресушена река во селото кај моите кај што некогаш правевеме вир со вода и се бањавме како деца. Тука се наоѓа еден голем камен на кој се сончавме но на сонов не е баш ист но голем камен и некој ми вика а незнам кој, ете види ја иконата на богородица како плаче. Јас се искачив и гледам на каменот исцртана икона на богородица и стварно солзи течат, јас со раце земав да бришам и се разбудив.
Веројатно нема повеќе деца кои се бањаат на реката, поради тоа пресушена. И симболот со Богородица е јак, можеби ти се навраќаш на убавото детство, жалиш за убавината на некои изминати времиња....
Zdravo moze li nekoj da mi go protolkuva sonov? Majka mi sonuvala kako nekoe dete doslo kaj nas, ne e sigurna dali e nekoe od vnucite ili pak drugo dete. Nekoe malechko bilo kako vozrast na najmaliot vnuk. Dedo mi koj e pocinat pochnal luto da go brka deteto, majka mi se chudela vikala sto e so covekov zosto go brka deteto. I deteco begalo i pak se vrakjalo i kao dedo mi se smiril ne go brkal pocekje. Ama podocna koga deteto si igralo vo dvorot dedo mi stanal i mu zabil klinec vo glava. Majka mi toa go videla i pochnala da piska i da go dovikuva tatko mi, imalo krv i se prepasila pochnala da place i taka voznemitena se razbudila od sonot. Cel den veli me boli glava… sonot go sonuvala denes , t.e. Nokjesla vo 2h i nekoja minuta. Gledam deka denes e praznik, zastitnik na decata… Sto bi trebalo ova da znaci? izvinete shzo ne pisuvav na kirilica…
Во последно често сонувам згради и облакодери. Пример, последно сонував кула налик Бурџ Калифа, само не било во Дубаи, туку во Њу Јорк (бтв не сум била ни таму ни таму, немаше врска сонов со мојата waking reality) и сум стоела на тераса од друга зграда и сум ја гледала огромнава кула. Претходно сонував спратови од зграда, ама на секој спрат како што сум се качувала имало нешто чудно, на пример на еден спрат имало театар ама на театарот сите седишта за публиката биле во различна боја, на друг спрат канцеларии ама бироата наредени како во училница, и слични глупости. И исто има една личност што исто три пати со ред ја имам сонувано, женска личност, жива е, не сме роднини, немаме некој муабет, само онака се знаеме од извиџење, колку за "здраво". Во едниот сон дури и имаше дете особава (женско, две-три годишно), а инаку нема деца во реалноста. Во глобала имам живописни сонови, не обрнувам многу внимание освен ако не се повторуваат. Како на пример ова од погоре со зградиве и со особава, тогаш се запрашувам што би можело да значи и зошто повеќекратно сонувам ист човек или сличен сон.
Здраво! Се омажив скоро и сега нон стоп тој муабет се прави и јас сега си сонив како сум невеста, се симнувам по скали бо еден бел тесен фустан, ама знам оти не ми е довршен, па другарка ми ми вика ќе ти го досредат таму ако одиш во тој салон. Колку што знам, не е убаво да сониш невеста и самата ти да си тоа, ама не знам. Искрено, страв ми е да не се случи сега нешто лошо.
Што значи да сонуваш змија на пат, после бегаш од нејзе, и одеднаш ја наоѓаш како згмечена. Во еден момент таа сепак ја крева главата и фрла отров или течност некоја на луѓе непознати и фрла и врз мене?
Ја сонував мојата баба која е почината многу млада не сум ја запознала, сонував уствари слика од неа каде е многу убава, дотерана била и среќна на сликата, сум помислила сигурно личам на неа… ако го кажам на глас сонот сигурно ќе заплачам, а не разбирам каква порака би носел овој сон
Сонував две бремени жени од кој едната беша мајка ми и и пукнал водењакот(инаку во реалноста не е бремена).И пред некоја вечер ја сонував со испарталени алишта.Дали некој значи што значи тоа?Барав значење по соновници не најдов.
Сонував како шетаме со колешка која е бремена, и сум сакала да и купам нешто за бебето. Загледав некои чорапчиња, ама таа ми кажа да и земам капче, демек, таа ке си купела чорапчиња. И загледувам тезга со капчиња плетени, и како се доближувам до тезгата, гледам дека има кошница со капчиња платнени, и онака малку се зачудив дека штотуку видов плетени, а сега ги нема.. И нема везе, одбирам две од кошницата и ги тргам на страна, одбирам трето и гледам дека првиве 2 ги нема. Го погледнав продавачот, викам кај се другиве 2 капчиња, и кога погледнувам сите 3 ги нема. И тогаш продавачов ми вика: "не ти требаат, скапани се" и мафта со раката како за да терам понатака.
Nokeska sonuvav zena vo crno Kako mi izleze I mi rece jas imam rak. Denes e sv petka.. Sto bi mozelo da znaci sonot ..
Трет пат оваа недела сонувам дека сум со други мажи, а не со мојот дечко. Во секој сон се појавува различен маж: со двајца од нив сонував дека сум во подолга врска, а третиот само што го запознав. Во сите соништа, сме излегувале заедно, било во друштво или само ние двајца, и тоа е сe. Во реалноста, само еден од тие мажи го знам, но тој ниту го знам лично, ниту ме привлекува. Со последниот сонував дека сум се запознала случајно додека сум била сама во ресторан, во град во странство, каде што одреден период живеев со дечко ми и сме се вратиле повторно на неколку дена поради некои обврски. Во сонот, мажот многу ме привлекуваше но, сум имала чувство дека го изневерувам дечко ми. Пред да се разбудам му ги имав видено името и презимето, но не се сеќавам на презимето. Чудно ми е што со денови сонувам вакви сонови, а сум во долга врска со дечко ми и никогаш не сум ни помислила да го изневерам.
Женски јас веќе имам правено свадба, и другарка ми ме сонувала кај што сум правела свадба и чудно било што во собата биле само тас и уште еднс другарка, сум облекувала прво шарени па после црн фустан и сум живеела на скроз друго место во градот, и се паркирале со коли негде на страна неможеле да најдат паркинг, и најчудно е што на свадбата биле и роднини нејзини, тетки, чичковци и малку измешан сон, што може да значи ова ве молааам?
Што значи ако сонуваш како спиеш во двор од некоја црква ? И тоа местам постелнина на земја како на сред пат во дворче а тука некоја мала црква не се сеќавам која е. Сопругот и ќерка ми ги оставам да летаат а јас идам таму кај црквата подолу да земам нешто и не успевам после да се вратам.