Јас сонував глувци! Поточно затворена просторија и во неа еден куп глувци кои се избезумени и некои од нив се упатуваа накај мене. Јас со голи нозе ги газев Многу мразам глувци, ги чувствував под нозе и ми беше ужасно. Се разбудив претајќи во кревет. Што може сонов да значи?
Сигурно имаш некои грижи од кои никако да се ослободиш, колку и да се обидуваш, тие пак ти се во глава.
ЗАБИ ако ти паѓаат- смрт во семејството;ако извадите заб-ке ги прекинете односите со некое непријатно лице;ако поправате заби- ке си средите некоја ситуација;расипани заби-болест;убави бели заби- здравје;нов заб- ке чуете нешто што не сте го знаеле досега;вештачки заби- разочарување;златни заби- богатство;ако на сон миете заби- штета;ако ве болат заби- блиски луѓе ќе ви нанесат навреда
Глушец - Ќе се скараш со добар другар Ако ловиш глувци - Ќе фатиш индиции на душманите си Ако убиваш глувци - Ќе се ослободиш од душманите си Ако издаваат звуци - Тажна вест ќе слушнеш
Што значи да сонуваш како се шеташ по гробишта? не беше баш морбидно во сонот, некако се свикнав тоа да го правам и онака дека често одам, почина дедо ми скоро. сепак што би значело?
Да сонуваш заб како ти паѓа значи смрт. Јас колку што знам ако во сонот те боли значи смрт на некој близок. Ако не те боли тогаш на некој по далечен. Сум со сонувала и јас 300 сонови со заби како ми се клателе, паѓале, сум вадела, ме болеле па ништо не се случило
А јас сонувава како кај дечко ми дома сум ставила неколку мали аквариуми со по една рипка....ништо битно тоа,но само во еден сум ставила три рипки имале портокалова боја биле мали и многу убави,сум ги гледала како си пливаат и играат во водата,испуштале меурчиња ептен биле мерак за очи... -Што би можело да значе тоа?
Синоќа сонував расфрлани карти и требало да извлекуваме по една (не се сеќавам добро кои бевме во собата) и јас извеков 7 баклава...сега тоа баклавата нема некое значење,ама ме интересира бројот 7 што значи на сон! Ви благодарам! поздрав и да не заборавите да ми одговорите
Сонував како бифшиот умрел и ги гледам мајка ми и неговите како си одат од неговиот гроб и после како го сретнувам него и го прашува каде ќе одиш и он ми вика горе и јас го запирам и му викам немој да одиш знаеш ли колку те сакав секогаш ќе имаш посебно место во моето срце секогаш ќе бидеш посебен за мене не оди не оди, го молев да ме баци.. не се сеќавам точно како ми заврши сонот ама знам дека останав со него
И вчера и денес сонував дека сум била бремена. И градите и стомакот ми бил пораснати малку. И сите ми се пулеле чудно, а мајкаму од дечко ми премногу ми била лута. Што значи?
Многу често сонувам бебиња, секогаш машки. Во некој сон бебето е мое, во друг на некоја другарка ми го оставила да го почувам, во друг како чувам бебе на некои луѓе. Битно е дека секогаш е машко бебе. Што може да значи???