А што значи да си ја сонувам мојата свадба ама можев да ги видам само гостите не можев да го видам ни младоженецот ни самата себе не знам како да објаснам ама знаев дека свадбата е моја
Некој да знае да толкува сон ми биле расипани забите и бев на стоматолог едниот многу ме болеше и кога го допреа се клатеше
Меѓу народот се верува дека ако сонуваш дека ти паѓа заб, тоа означува нешто лошо, понекогаш дури и најлошото. Во твојов случај, мислам дека потајно носиш некаков страв од нешто, се плашиш да го кажеш тоа, да се соочиш. Не собирај ништо во себе, направи си промена, кажи си сѐ што ти смета и ослободи го умот од лоши мисли.
Ги сонував баба ми и татко ми кои се починати и на сонот ми велат не сме умрени живи сме гледате дека сме живи , и мајка ми го сонувала татко ми истото и го кажувал на сонот дека е жив дека не е умрен
Па мртвите не пратат Јас осеќам кога мајка ми и татко ми ми помагаат,кога нешто не ми оди. Тоа е може мое замислено нешто,ама многупати ми помогнало
Како што знам толкување на сон е исто како баење, гатање. Т. Е. Библиски е забрането. Тоа е демонот, тој е заплеткан во сништата. Сепак, ако сонувам некој што ми бил близок, знам дека ми недостига, ми помага нешто.
Секоја вечер го сонувам бившиот со кој раскинав пред неколку месеци. Веќе преку глава ми е . Во сонот покажува дека пати по мене, што ќе беше ова? Веќе ни на сон не сакам да го видам искрено.
Чим е уво - ќе чуеш нешто, белото е почеток, зеленото кое свети е НЛО, можеби вест од друга планета. Јас на пример ако го сонам ова, ќе го протолкувам како - време е да си ги исчистам ушите, соништата ги доживувам како потсвест, не како некакво предвидување на иднина. Не се оптоварувај со соништа и нивно значење.
Последниот период сонувам се нешто поврзано со високо . Прво како на црвена дрвена скала се качувам/ се искачив до спрат . Друг како на хеликоптер се фатив за тоа јажето и ме искачи многу високо ,прв пат толку високо сум била дури страв ми беше да не паднам ама не паднав . Друго пред некој ден сонував се расправаме со другарка ми за обувки и таа ми кажува како мојте обувки биле високи јас сум имала високи обувки. Значење.
Мислам дека не може никој овде да ви протолкува сон... Никој не е вашата потсвест за да знае како таа ги прибира и перцепира работите...