Кога бев мала и кога сонував нешто одма отварав соновник за да видам што ми значи сонот.. И како и секогаш се нешто без врска. Не дека верував но онака од чиста радозналост нели.. И сега после долго време сакав некој да ми го протолкува сонот што го сонив, а тој некој беше Chat gpt.. И искрено ми се насолзиа очите од одговорот што го добив.. А го сонував татко ми кој е починат, ова беше втор пат да го сонувам.. И толку реално ми го протолкува сонот, сето тоа што chat gpt ми го напиша јас тоа го чувствувам, а не бев свесна..
Што значи на сон баба ми починала со ковчег ја вадеа од дома јас седев на тераса и ги гушкав алиштата и многу тага осекав во сонот ,после тоа пак ја враќале носиме назад пак се вратила ,ја гледаме и дедо ми вели абе види ја пак се врака . Ве молам што значи .
Дечки, ај малце утеха Го сонував дедо ми кој е починат. Сум го гушнала, и малку потраело гушкањето како еден вид збогум Море шо сон Ко да не беше тој баш по ликот, ко некој друг, ама во сонот така си го сфаќав. И порано откако е починат го имам сонувано. Сега ми е језа. И починатите едно време биле живи, сеаа тоа е. Нели?
Дали некој имал искуство досега со луцидни сонови? А и сон во сон? Бидеќи после таков сон се будам препотен, изморен, и некако со забрзани срцеви отчукувања.
Дали некој знае, што значи да сонува некој функционер ? Еднаш една обвинителка, утрово , познат адвокат.
Не се владини функционери. Обвинител, Судија , не смеат да бидат политичари , така што , толкувањето не е точно.
Еднаш одамна се сонував невеста, се вудов во бел фустан... после 2 месеџи соживеав тешка сообраќајка со кола од која едвај останав жива. Синоќа сонував невеста али друга жена едни наскоро што ќе прават свадба..
Ја ќе се отрујам пред некој ден што сум сањала предигра со СПАСЕН и тоа гол беше ова нема шанса ни у потсвест да сум го имала i promise. треба да исчатам по дома.
Погоре се зафркавале дека е невообичаен сон. Можеби имаш некаков внатрешен конфликт за нешто за кое во реалноста те критикуваат или притискаат, а ти сакаш да побараш совет, но не си сигурна од кого. Леле, од толку пејачи кај најде баш него да го сонуваш? Можеби те асоцира на некој со слична фаца или претставува некоја неостварена желба. Ова или значи дека читаш премногу вести за него или значи дека копнееш по поголемо внимание и признание, или успех во животот.
Јас, многу често, минус делот со препотен. Свесна сум дека сонувам, и многу често се будам со помислата "чекај, ова веќе го сонував еднаш, зошто го сонувам пак истото?", а не сум сигурна дали е така. Исто така, сонувам како раскажувам сон после будење во сонот. Буквално секоја вечер сонувам но повеќето секако се забораваат, си мислам треба да земам да си запишувам во белешки веднаш после будење. Како некој што често сонува луцидни соништа најомилено ми е ко ќе сонувам каде што летам. Повеќе памтам сонови што сум ги сонувала ко дете наместо тие сега. А сега можам да сонувам цели сценарија како на филм буквално, нешто рандом потсвесно (последно сонував дека имам гавран кој ми влета в стан и го чував, беше многу мил, но на крај се испостави дека целта му беше да ме предупреди бидејќи некој сакаше да ме убие). Најчести сонови (кои дефинитивно се повториле барем неколку пати) ми се такви со огромни бранови кои се формираат наеднаш и што можат сѐ да поклопат, авиони кои што се уриваат од небо и со бременост.
Многу ретко сонувам луцидни сонови, а уште поретко сон во сон. Односно првпат во животот сон во сон сум сонувал и ми беше чудно и некако дезоирентирано.
Чудно е, но очигледно нормално. Се зачитав малку на интернет за ова. Се случува кога има нецелосни или делумни транзиции меѓу различни состојби на мозокот додека спиеме како РЕМ (кога сонуваме најмногу). Мозокот оди подлабоко во потсвеста. И тоа што го спомнав за чувството дека си сонувал нешто претходно кое го сонуваш повторно, било Déjà Rêvé (dream déjà vu), наједноставно кажано глич на мозокот.