Абе страшното беше што ме давеше не е она страшна, многу ја почитувам како новинарка не знам од кај она да ме дави мене.
Оваа лево да не е Се зезам, ај ако ми текни на некоја ќе се вклучам во решавање на мистеријата од сонот
Го сонував мојот "симпатија" што не разговараме после конфликт , на сон ми дошол во бело облечен насмеан и расположен се поздравил со мене и сум се зачудила на сон
Да ви го раскажам сонов, летоска беше ама кога ќе се сетам језа ме јаде. Ја сонував вуњата на мајка ми, жената е одамна почината, не и се сеќавам на ликот. Јас бев во нејзината куќа, сите светла беа запалени. Тргнав да излегувам, излезе од една од собите и ми рече “Кај одиш? Те молам дали може да се вратиш да ми направиш кафе, многу ми се пие, инаку јас сум вуња Лиле, одамна сум почината.” Се вратив и направив кафе и го оставив на маса пред неа и заминав. Кога излегов од куќата се свртив и цела куќа беше мрак, темница.
Mnogu sum ispanicena, snosri sonuvav oti sum si gi miela zabite i naedns mi padnale dvata prednj zaedno kako zalepeni bile. I sum si rekla ke odam na zabolekar i ke mi gi zalepi.. i potoa se poglednuvam i gledam deka site zabi mi se razmestile i nemam mesro za tie da mi gi zalepat
Аууу, пак ли ти со истиот коментар? Хахаха ако не разбираш СИМБОЛИКА на соништа, подобро не коментирај отколку да покажуваш колку ти е тесен видикот. Некои луѓе сонуваат во бои, некои очигледно само црно-бело.
Што значи на сон давав вода на гулаб, слета на моја тераса најпрво се исплашив па почнав да го бркам да си оди но гулабот упорно стоеше не си одеше па дојде поблиски како да сакаше вода потоа сватив дека само вода сака и дадов па пак се повратив вода да му ставам и после тоа мислам пак не си отиде.
Не знам како би можела да ги опишам соновите, дали се потсвесна креација, или можеби вид наговестување, обично луѓето често сакаат да знаат позадински што значи, и да најдат значење, меѓутоа дел од соновите се само потсвесна креација што е потикната од некој сигнал, можеби пред да станеме свесни . Мое неодамнешно искуство, пред некој ден сонував , човек со куче ( доберман) и девојче на раменици држи. Кучето почна да трча накај мене и ме гризна за десна така. Искрено бев исплашена и изнервирана зошто кучето во сонот е пуштено и човекот го носи пуштено, а можам да речам расата е една од поопасните . Кога отворив соновник, а и chatgpt , преводот на сонот беше дека најверојатно некој ми пречи во остварување на мои желби, или некоја недоверба од блиска личност, некој што ја поминува мојата граница. И навистина периодов е таков, па раскажувајќи го сонот на блиски луѓе, дојдов до сознание дека се имало своја симболика , кучето , односно расата, јас не би давала повеќе информации. Но ете понекогаш човековата енергија е присутна дури и додека телото мирува, најверојатно од преголем притисок, така ми се наговестило тоа , или потсвесна креација .
Веќе вторпат го сонувам истиот сон. Во викендицата има лавови во дворот и околу дворот. Одам да прошетам низ двор, бидејќи дворот ми е огромен, и на височинката гледам 2-3 лавови. Бегам накај дома, кога во близина на влезната врата уште една лавица. Влегувам внатре, кога и таму уште една лавица. Не ме напаѓаат, само си лежат. Дали има некое значење сонот?