Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. anonymousstr

    anonymousstr Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски



    Лавот најчесто симболизира , сила , моќ, авторитет. Домот ти симболизира твојата внатрешна психа, негде каде што се осеќаш безбедно. Бегањето, а не те напаѓаат значи дека избегнуваш нешто од кое што не си свесна дека нема да ти наштети. Можно е да се работи и за личност некоја која има силно влијание врз тебе . Најверојатно имаш потиснато самодоверба, или поминуваш низ период на личен раст.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.166
    Допаѓања:
    9.093
    Пол:
    Машки
    Искрено не верувам многу во сонови, ама чисто ме интересираше значењето на ова, бидејќи два пари во разлика од 2-3 месеци, го сонувам баш истиов сон. Не знам дали на друг му се случило вакво нешто. Обично соновите секогаш се различни, ама ова баш исто.

    Инаку имам добра самодоверба, цврст карактер и периодов ми е одличен.
     
    На anonymousstr му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    5.882
    Пол:
    Женски
    Во последно време често го сонувам мојот пријател кој почина во 2019 год. Постар беше од мене и не дружевме премногу, но секогаш ми се јавуваше. Ме има спасувано од многу ситуации. Неговата смрт е неразјаснета. Не се знае дали е убиен намерно или не. Не сакам да пишувам детали затоа што многумина го знаат случајот. На почеток само така ликот му го сонував. Неодамна почнав да сонувам како ми зборува дека е разочаран малку од мене. Ми кажува обични општи работи, ама некако се будам вознемирена. Не знам дали да придавам значење..
     
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    23.530
    Соништата ми се микс од случки од минатото, ликови кои ќе ги спомнам понекогаш низ муабет, сценарија кои си ги правам у глава, емоции, стравови, на тоа додади и имагинација. Мозоков ми составува делчиња у целина и ете ти сон. Понекогаш знам баш да дешифрирам, на кој начин ми настанал сонов, ги поврзувам тие делчиња кои ми се дел од потсвест. Не верувам у тоа дека се некакви пророштва.
     
  5. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Пред некое време сонував дека сум била на забар, ми нашле отров во забите и сестрата ми рекоа дека ќе мора да ги вади. Само што почна со клештата, јас вриснав и се разбудив. Кратко после сонов јас се разболив. Уште не сум оздравена.

    Истиот тој период сонував дека сме требало да одиме на double date со другарка. Јас сум дошла со дечките на договореното место (концерт) арно ама другарка ми нигде ја немало иако упорно ја барав не ја добив. Во меѓувреме, во реалноста таа се гледала со некој и прекинала бидејќи не беше спремна за врска.

    Се ежам од самата себе и моите сонови.
     
  6. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    1.419
    Пол:
    Женски
    Пред неколку дена го сонував дедо ми (татко на мајка ми) кој е починат во 2019г. (да напоменам не бев блиска со него и прв пат го сонувам од кога е починат). Беше дојден кај мојте дома на трпезариска маса и зборуваше само со татко ми .. не памтам дали беа они станати и зборуваа а сите седевме (многу бевме не памтам убаво кој се беше тука) или пак сите стоевме а само они двајца збореа. Што зборуваа како зборуваа ништо не запамтив .. дали знае некој што може да значи сонов .. после сонот дента додека мислев што е со сонот во двор слета був доле на земја на пладне во 13ч. јас и татко ми седевме во двор зема татко ми да го избрка бидејќи малата беше во базен во дворот тој се качи и застана на дрво горе па зема повторно со стапче да го избрка и замина во друг двор на дрво (орев). Татко ми вчера ми рече прееска бувот пак беше доле на земја и после летна на дрво .. малку ме плаши сонот и бувот во двор .. знам старите викаа кога був има во двор или пак кога навечер во двор пее не е убаво најавува нешто лошо. Дали знае некој да го истумачи сонов и значењето на бувот.
     
  7. Mami93

    Mami93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2020
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Povtorno sonuvav zab...
    Dosega dva pati sonuvam kaj mi pagja zab trojka ili cetvorka i mi pocinaa dve tetki. Nokeska pak sonuvav kako mi ispadnala 4ka. Dali vi se slucuvalo da sonuvate zab a da nema los kraj
     
  8. Crna Mamba

    Crna Mamba Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2024
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Сонував заб како ми паднал,читав значело смрт во семејство цел ден сум нервозна и мислам на тоа
     
  9. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    1.471
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи колку пати сум сонувала заби па ништо не се случило.
    Кај сите немат исто значење не се исполнува.
     
    На Crna Mamba му/ѝ се допаѓа ова.