Трет вечер сонувам глупости и лоши сонови. Сонував како возам кола со сопругот и неможам да закочам и удирам во друга кола но не силно и цело време плачам кога се разбудив плачев и на јаве, потоа сонував како на бебето му никнале уште запчиња и тоа петки и шестки едно розево беше Ноќеска сонувам како со мајка ми седиме и нешто како да јадеме и само што здогледав на врата шарена змија и дур да викнам змијата рипна на мене и јас скокнав во сон ,се преплашив едвај презаспав... Дали некој знае што значат овие сонови ?
Ако сакаш интерпретација од психолошки аспект: Генерално, соништата во кои возиме автомобил симболично се поврзуваат со контролата што ја имаме врз сопствениот живот, односно со начинот на кој управуваме со него (сум имала голем број вакви соништа). Во твојот случај, тоа што не можеш да закочиш и удираш во друга кола може да укажува на чувство дека некоја ситуација ти излегува од контрола или дека се плашиш од последиците од нешто што не можеш да го спречиш. Бидејќи сопругот е со тебе, можеби загриженоста е поврзана со семејниот живот, заедничките одлуки или одговорностите. Вториот и третиот сон ми делуваат потешки за толкување, ама и во нив ми се чини дека се појавуваат некакви стравови и грижи поврзани со блиските луѓе. Особено во сонот со змијата, повторно се појавува нешто неочекувано врз кое немаш контрола. Ми делува како да чувствуваш голема одговорност за блиските и имаш потреба да ги заштитиш од нешто лошо што би можело да им се случи, а истовремено се плашиш дека нема секогаш да можеш да го спречиш тоа. Секако, ова е само една можна интерпретација.