Веќе подолго време сонувам дека тој што на некој начин и го сакам учи со мене. Седиме во различни клупи, не се погледнуваме. Малку бевме скарани и за тоа време го сонував ова. Сега откако се смиривме еве пак сонувам. Но сега во сонот погледите ни се среќаваат. Повторно не правиме муабет. Инаку тој не учи со мене во реалноста. Што би можело ова да значи?
луге што значи да сонуваш како ти дават месо печено и торти да јадеш...месо сум јадела малку сум гледала цело време во печени риби..а торта само сум зела и јадела како да не сум видела....а цело време сум седела на маса со две особи што не ги поднесувам дури и не зборам со нив?A и на бремена девојка сум видела во сон
Знае некој што значи на сон да одиш на гости ненадејно и така да те гледат наопако Што значи да видеш свиња во сон Овие две работи се во еден ист сон
Љубено лице-Возвратена љубов Месо-Ако јадете месо-болест;Ако купувате месо-заработувачка;Ако готвите месо-задоволство и среќа. Риби-Многу риби по површината на водата-среќа и изобилство;Риби на дното-голема опасност;Ако ловите риби-радост;Ако ги ловите со раце-разочарување;Ако гледате други како ловат риби-предавство, загуба;Мали риби-непријатни настани;Големи риби- важни настани/штети;Мртви риби-озборување;Ако голтнете коса од риба-ќе мора да совладате некои препреки;Лов во матно-неуспех и жалост;Ако јадете риби ќе мора да си ја ставите среќата на коцка. Торта-Ако добиете торта-радост;Ако ја подарите-неизвесност во љубовните односи;Ако јадете торта-покана за голема свеченост. Омраза-Ако на сон почуствувате омраза кон некого-ќе бидете претрупани со работа. Бременост-Ако видите бремена жена-болест. Гости-Ако ти дојдат-кавги во куќата;Ако не можете да се ослободите од нив-ќе останете без драг предмет;Ако ги пречекувате-радосен настан. Свиња-среќа,корист
бебиња се душмани.............на јаве толку слатки, на сон ѓаволи Ѓаволи се вртат околу тебе.......ништо страшно, сон е тоа
Ми кажаа и дека машко бебе на сон е ангел а женско ѓавол?? Што знам... Како и да е, гледам што поретко да сонувам,а и кога сонувам гледам да не ги памтам соновите, така ми е полесно ама па ако не ги памтам, како ке ви пишам на темава
Сонував дека сум паднала на испит кој се‘ уште го немам полагано... на крајот на сесијава треба да го полагам. Ениуан?
^ Абе не го сонував ова ноќеска, туку неколку дена има кај што го сонував, само сега ми текна да прашам
Што значи да сонуваш дека имаш опасна болест? Да пообјаснам, сонував дека имам рак и како косата ми паѓа во ненормално брзо време Се будам и прво што правам се фаќам за глава Што мислите дека значи?
паѓање на косата значи загуба на пријател,пари или недај боже смрт на близок.... а штом си сонувала дека конкретно имаш рак-рак како болест значи добро здравје
Јас сонував еден многу морничав сон ќе го раскажам ако знае некој да ми протолкува. Бев на нешто како улица или трговски центар и седам во крпа замотана со мокра коса, и гледам на нозете како имам бели пресечени лини како бело месо, сташно беше...и јас го фаќам и се разделува како се сече кожата и ми се гледа месото, гадно и болно беше ме болеше ногата.Така испаничена трчав и оддеднаш ми ја снемува крпата и стојам гола на улица и плачам и ме гледа една продавачка и ми фрла една крпа и јас и велам дај ми ханзаплас да си ја залепам раната и таа вика покажи ми јапрво да ја исчистам и јас ја кревам крпата и раната ми е модра и крвава но сега е затворена...и потоа почнав друг сон да сонувам како на еден рид бегам од кучиња и јас и некои мои школски се криеме позади една грмушка и доаѓа еден дечко не го знам никогаш досега не сум го видела тоа лице и ми поклонува прстен златен и ми го става на раката и јас го гледам и до него имам уште 2 на истата рака и ми ја бакнува раката и јас заминувам некаде....и тоа ми беше сонот ама многу ми беше чуден знае ли некој што може да значи.
соновните сакаат да ни пренесат некоја порака , која е во врска со нашиот живот, носат скриена порака која треба да ја протолкуваме..... обично јас кој сонувам слаба оценка на тест или не знам на испрашување , секогаш добивам петки.... понекогаш она што го сонуваш - ти се случува спротивното
Ова твоето ми личи дека си многу исплашена од нешто и дека бегаш од решението на некои проблеми...тоа што си била гола значи дека се срамиш од нешто и дека имаш многу грижи,ако си имала рана значи дека че се исплашиш од нешто,а тоа што си ја затворила раната значи дека некој ќе ти возварти со неблагодарност кон тебе,прстенот-ако некој ти дал прстен-ќе бидеш заштитена од моќен човек,повеќе прстени-многу успеси,а тоа што си бегала од кучиња има повеќе значења-ако лаеле-ќе чуеш убави вести,ако биле црни-лажно пријателство,ако биле бели-пријатно познанство...се надевам ти помогнав
Леле јас знам дека сонувам лошо многу често, ама ова вчера ептен од памет ме извади . Сонував дека сум забележала дека ми се демек расклатени кецовите на горната вилица, и сум се извадила од памет и сум ги потегнала надолу и се извадиле.. Кога ги извадив беа 2 правоаголника што повеќе личат на сплескани вештачки нокти отколку на заб (сакам да кажам невообичаена форма имаа) .. сум почнала да плачам во сон и да му кажувам на татко ми дека имам парадентоза како баба ми на времето и он се извадил од памет, демек како така рано на мене ми се случува ова... Баш барав на интернет, но не најдов толкување што значи ако ти се клати заб па сама си го вадиш.. Или е "ако ти вадат заби", или "ако ти паѓаат забите" ((( Многу се плашамммм