Нон стоп сонувам како треба да одам на училиште, и се не сум спремна, не знам кај ми се книгите, не знам што предмети имам тој ден, абе изгубен случај тотално А јас на училиште бев одличен ученик, не можам да го смислам сонот. Што ли би можело да значи, многу пати го сонувам???
Колку што јас знам,да сонуваш такви сонови за училиште и да не си спремна,би значело дека имаш многу обврски што те мачат и што не ти се завршени.
Ти се случува ли кога почнува тој сон како свесно во сонот да си речеш - аман пак овој сон? и уште на почеток како да знаеш како ќе се одвива сонот? (незнам дали ме разбра - јас сонувам еден сон , еве веќе 3-4 пати , и 2-от,3-от и 4-от пат се чувствував како одстрана да си стојам и да се гледам во сонот) тродимензионален сон
Сега ми кажаа дека ме сонувале синока сум била боса и само влечки сум имала на мене и кога ме прашале зошто одам така, јас сум рекла дека сум немала ролерки....малце е глуп сонот ама тоа што сум била боса... не ми се свиѓа баш.... што би можело да значи сонот?
Често сонувам страшни сонови... ама овој од кожа ме извади... синоќа не можев да заспијам и ги гледав овие од братов голем и не знам како сум заспала ама како некој да ме заниша и јас се вртам и гледам на тв ја прекинуваат програмата( веќе сум во сон) и викаат на тв дека некаде накај Берово паднал патички авион и дека има многу жртви и од населението и од авионот... многу се исплашив... и не знам како ведаш се најодов таму... се беше темно во чад...плачеа луѓе не можев никој да видам а сакав да помогнам.Си викам леле ова не е можно јас морам да сонувам, морам да се разбудам ( ова вака често ми се случува ако ми е страшен сонот или ако сонувам нешто што не сакам си викам самата на себе дека ова е сон и дека морам да се разбудам) ама тоа разбудувањето најчесто е многу тешко, јас као демек сум будна и станувам ама кога ќе се заврам назад гледам дека сеуште лежам..многу лошо чувство.. не можам да мрднам ни рака ни нога и тогаш почнувам да викам силно и секогаш ме слуша маж ми и ме разбудува...читав некаде дека се вика парализа во сонот ,,,како и да е многу лоша ноќ имав...
Баш така ми се случува, веќе однапред знам по кои предмети ќе ме прашаат и имам однапред смислени изговори. Мора да има некое длабоко значење, не може тукутака се едно исто да сонувам. Во просек 5 пати месечно тој сон.
DEZA VU не е кога сонуваш и потоа тоа го гледаш, туку кога во некој момент гледаш нешто што ти се чини дека си видел а НИКОГАШ не си видел!
Сонувате во боја или црно-бело? Можеби ќе ви звучи смешно прашањево, но прочитав дека луѓето сонуваат црно-бело. Пред неколку дена сонував еден сон и кога и раскажував на мајка ми што сум сонувала се сетив дека лубеницата што ја сонував беше жар црвена.
Јас сонував како дечко ми ме буди и ми дава прстен. Прстенот прво беше црн, со срциња на него, и јас само си помислив, леле ама е грд. Потоа го извади тоа, како опаковка било, и беше прекрасен златен прстен. Толку беше од сонот, ама беше пререален. Се разочарав кога се разбудив и видов дека го нема...
Sanjali ste: NOGE - bose Tumačenje: Prebrodićete sve teškoće i uz pomoć sopstvene upornosti stići do cilja.
Еве што најдов, мада...твојов сон е конфузен и за барање Sanjali ste: ŠKOLA Tumačenje: Loše ćete proceniti jednu osobu muškog roda i razočarati se. Sanjali ste: KNJIGU - izgubiti knjigu Tumačenje: Lakomislenost će vam se osvetiti.
Еве и за овој сон и толку ... или кој сака гатање, Sanjali ste: PROSIDBA Tumačenje: Na emotivnom planu mala krivudanja i nesklad. или барајте повеќе објаснувања на http://www.sanjalica.com
Три вечери по ред сонувам како треба да одам на важни настани за мене каде што најчесто се мои драги особи, но никако не можам да стигнам поради тоа што заглавувам во спремање. Ми викаат другарките да побрзам, а јас никако не успевам да ја направам косата. Сите ме гледаат, а јас три вечери по ред сум во една пижама шарена како почетокот на цртаните на Том и Џери, растресена, со бушава коса... катастрофа. Не знам дали е потсвесно, другарка ми ми вика дека е од тоа што премногу се замарам како ќе изледам кога ќе излезам од дома, ама па три вечери по ред некако ми е чудно. Ениуан?
Што значи да сонуваш дожд? Во сонов се разбудив и надвор, на мое огромно изненадување, врнеше дожд. Море ИСТУРАШЕ!
Интензивноста на дождот ти покажува дека си спремна за некој си духовен развој, нешто како.. повеќе да сакаш да се осознаеш себе си во периодов што ти следи. Дожд ти претставува и некоја работа што те вознемирила во минатото, дали вчера, дали пред една година не е важно. Потсвеста ти е во bad стање. Да си го почувстувала на кожа, многу подобар знак е, отколку гледајќи го дождот. Ама, воглавном стварта е да си средиш мисли, малку позитивна енергија земи си и биди среќна што живееш во моментов
Сонував некое бебе, (не било мое) и цело време ми се смеело онака мило било ептен (и сум го скокоткала од што ми било срце ) Што значи бебе/детенце мало да се смее во сон?
Јас дека вчера легнав малку подоцна од она што обично легнувам (е многу покасно, 10 минути - 15 , ама ајде..) И сонував како сум седела на компјутер, и сум погледнала долу на екранот колку е часот и кога сум видела 00:38, памтам баш толку точно беше и сум се извадила од памет, ми текнало дека утре сум во школо, сум рипнала од компјутерот и веднаш сум се фрлила во кревет. Што значи па ова па, ако знае некој?