да сонуваш трудница значи некои непријатности,ама кога веќе бебето и било мртво би требало да значи дека ќе ти исчезнат некои непријатности толку можам,незнам дали ти помогнав
Сонував како бев на фризер и си ја шишав косата.Имам долга коса,и ми скратија од рамињата малку пократко Прво се натажив,и фризерката ме праша вака ли?И реков па не сакав до толку ама ајде сеа што.Така наеднаш КРЦ и оп рамно влакно фризура кратка.
А јас сонував како на подарок сум добила злато,2 пара обетки и еден привезок,од кои требаше да одберам 1 пар обетки и привезокот.Потоа сонував како се подготвувам за излегување и ставив големи црвени обетки,но не ми се допаѓаа и барав едни други,помали,но не можев да ги најдам.Имаат ли некакво значење соновиве?
сонував како еден другар сакал да ми го извади окото, не на сила туки демек според него сум имала проблем и ако не ми го извади ке сум имала мн други проблеми, абе без врска...
Своја крв- ќе ви ги платат долговите. Туѓа крв- заработувачка;може да значи и опасност..Црвена крв- ви престои радосен настан. Разлеана крв- непријатности.
јас сонував дека и јас и другарка ми сме биле истовремено трудни, она се породи а јас не т.е. се разбудив и после сонував колачи со јагоди ама ненормално многу јагоди што би значело ова???
бременост е тегоба, мака, потешкотија, товар, па бидејќи ти кажале да одиш понатаму, а не си се породила, тоа значи уште долго време ќе го носиш тој товар, жената нема некое значење за тебе, освен ако е некоја позната за тебе важна личност, тогаш би значело за неа, ослободување од маките, но како сватив дека не ти е позната нема никакво значење.
епа бременост е товар, тешкотија која ја имате и двете, но другарка ти предвреме од неа ќе се ослобди, а ти нешто подоцна. за јагоди секаде среќавам позитивни толкувања, најчесто поврзани за љубовта, зрели јагоди се оствараување на љубовни желби, а торта и колачи се веселба, прослава. епа сега сврзи ја приказната.
најверојатно се тоа твоите фобии кои те прогонуваат или некоја потисната траума. евентуално се работи за некоја тешка ситуација во која се наоѓаш и те потиснува, исцрпува...
сонувава последен пат како некое машко ми ја трга раката демек да играм со него во некоја дискотека или кафич, и слушам музика во тој момент...
Девојки имате ли забележано дека кога е полна месечина се сонуваат ужасни сонови...цело време го сонувам татко ми дека е жив,по дома сме,нормално функционира све,кога ќе се разбудам се осеќам среќно и си велам-еј имам татко целата среќна ,а потоа ете ја реалноста дали има значење ваквиот сон,ајде некој што знае повеќе нека ми пиши
Што значи да сонуваш да сакаш да го дадеш твојот телефон(моблен) на некој и одиш во именикот и имаш само еден број И што значи да сонуваш многу кучиња да не можеш да ја поминеш улицата од нив Едното беше големо бело а другите не се сеќавам
Zдраво на сите сајтов го разгледувам секојдневно ама до сега никогаш не сум се активирала на форум..па ги разгледував темите и одлучив да се приклучам во дискусијава за соновите баш пред некој ден, сонував како влегувам во некоја просторија со многу луѓе, бев во долг црвен свечен фустан (да не речам балски ама некако бев превисока за та просторија, морав да се подгрбавам за да не се удирам во таванот, а сите други најнормално одеа низ таа соба и немаа таков проблем дали некој знае сто би можело тоа да значи?
за црвен фустан знам дека е многу убаво, значи среќа во љубовта, а црвена боја обично се толкува како победа. за другиот дел не знам, но мислам висината значи дека далеку ќе стигнеш, ќе бидеш горда нешто.