Сонував краставици во комбинација со една моја бивша најдобра другарка. Сега само имаме муабет. Е сега можеби вака изгледат смешно, ама поинаков беше амбиентот на сонов. Чичо имаше купено краставици и ко ги донесе дома си реков - „Ете ми го сонот“, а всушност само се зафркавав, кога мајка ми ми вели „Што е тука смешно? Најлошо е да сонуваш нешто такво. Краставици на сон ин не е добро..“ Тоа би требало да значи дека ќе се случи нешто лошо или....?!
се сонував себеси како невеста целата спремна нашминкана, како се гледам во огледало ама нешто не бев во кејф?? ве молам кажете ми што значи ова????
Наскоро имам многу важно тестирање и синоќа сонував како одам на тестирањето и не сум знаела ниту едно прашање немало ништо од тоа што сум учела. И почнав да плашам многу дека многу работи ми зависат од тоа тестирање и дошла другарка ми да ми помогне ама и таа не ги знаела прашањата. Што би можело ова да значи
Мислам дека има спротивно значење дека се ќе знаеш. Обично кога сонувам дека ништо не знам обратно се случува
ајде кој ќе ми помогне сонував како сме седеле фамилијарно во двор и во боксот на кучето имало мала змија кучето зајалало и сите сме ја приметиле но во тој момент се појавува огромна змија дебела и долга и ја јаде малата и трга накај кучето, но наместо него мажулето искоментирал немој да те касне само тебе (мислејки на мене) и во тој момент змијата се врти ме каснува за рака и во тој момент ја гледам раката и како внатре во кожата осеќам како ми шетало мало змијулче. оф цела во страв се разбудив. Ќе ми протолкува ли некој ???
Барав на нетот и најдов нешто ЗМИЈА Внимавајте некој од вашата околина сака да ви напакости! Ако ве касне змија-поради озборување ќе расипете некои добри односи Голема змија-загуба Мала змија-ќе се налутите некому Преземено од:http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/sonovnik.php?bukva_ID=9
значи ако има некој што може да толкува сонови, би сакала да ми каже по некој збор Јас инаку сонувам постојано, секоја вечер./// нормално, секој човек сонува, но се смета дека тие што наутро не се сеќаваат дека сонувале, спијат мирно . а јас редовно си ги паметам соновите, во текот на цел ден,и подолго..... Инаку, конкретно ме ин тересира, одкако сум со дечко ми, тоа е скоро година и пол., секоја вечер го сонувам.. значи можеби 2 или 3 пати ако се случило да не го сонувам,инаку што и да сонувам поврзано е со него... последнава недела, го сонував чудно, и после тоа се искаравме.. сонував како е нова година, беа околу мене и мн лугје што го познаваат, а 12 часот веќе помина, и тргнав да го барам, него го немаше, се качив на еден балкон, покрај мене беше брат му но ни тој не ми помагаше, јас имав црн фустан,, и тргнав да викам понего на глас од балконот, ии едвај ми излегуваше гласот пошто ми трепереше од плачење, само што не заплакав... и тој не се појави...... хмм тоа беше еден од почудните сонови.... а вцера го сонував како некаде кај 4,5 саатот наутро, кога сеуште е темно така, се разденува, јас и тој поафтопат со неговата кола сме тргнале као на кај Скопје така нешто...... и по афтопат бевме, па рековме да допреме некаде, малце да си поседиме , и допревме со колата па нешто тој ми кажуваше што бил незадоволен од мене.. нешто не знам што.... што значи?
Ја сонував Трендафилка , таа била блиска со другарка ми. Сме шетале по државите, мене ми беше срам да и прозборам . Знам држеше во рацете слики, на нив имаше луѓе од различни националности а таа на секоја слика отмена во убави елегантни фустанчиња .
Сонував како одам на роденден кај девојката сегашна на мојот бивши дечко, со мојот сегашен дечко...хаос! И купивме заеднички поклон обетки, но таа не сакаше да ги земе, едвај се поздрави и избега. А на роденденов бившиот мој ме пратил да идам и адресата ми ја дал нејзина, а он немало да иде! Мене ми дојде незгодно дека не го зема поклонот и си отидов. Реков па убави се обеткиве јас ќе си ги носам и си ги ставив на мене. Што може ова да значи?
Сонував еден дечко кој го знам, како ми игра стриптиз во некој бар?? хахахах и тоа во кожни гаќи Ме однеле другарките во бар и одеднаш гледам, само дечково пред мене се врти на шипка, друг никој нема Некој дали знае што може да значи сонов ??
Сонував едни суштества како стоногалки или глисти,не знам поточно на што личеа но знам дека не ме оставаа на мир .Дооолг напнат сон! Што може да значи?
викаат обетки бременост, а да ги подариш ќе откриеш некоја тајна. тоа што си одела на роденден можеби сакаш да се зближиш со девојката или да останеш во добри односи со неа....
ехх добро дојде во клубот сличен сон и јас сонував пред некој ден, куче е пријател, змија непријателка, две змии значи имаш две душманки кои сакаат да ти наштетат, змија да те касне некаде читав значи ќе бидеш нешто болен,но мислам нешто истата особа ќе успее да ти уништи или расипе, малото змиијче под кожа што ти се вовлекло знчаи некоја пријателка која ти е драга, но очигледно ти е душманка и сака да ти се доближи повеќе, нормално само за да ти наштети. совет: соновите добри и лоши гледај да ги забораваш и да не мислиш, што и да значат, бидејќи не мора истите да се остварат, како и да е барем во меѓучовечките односи гледај да бидеш на штрек и да не бидеш наивна, бидејќи нормално е да постојат душмани.
епа тоа најверојатно се ситуации и проблеми во иднина кои ќе те измачуваат. викаат дека овие сонови каде се појавуваат разни и инсекти и организми се како резултата на страв и одвратност кон истите.