Сонував како сме на нива и дедо ми доага ама на пола пат падна и се онесвести..и јас истрчав почнав да викам го дигнавме и го однесовме дома и после некое време се освести..Страв ми е од овој сон зашто стварно не му е добор на дедо ми и моментално е во болница. А втор сон кој го сонувам многу често е како сум во стан на два ката но за да се качиш на вториот нема скали туку мора да се протнеш низ една дупка на таванот...и никојпат неможам да се качам на вотриот кат.
многу сакам да ми кажуваат сонови, за жал, најблиската особа не сака да ги дели соновите со мене, најверојатно и е страв нешто
Се молам кажете ми што значи ова.. Сонував дека дечко ми е прободен со некој дрвен колец, гранка ли што беше на средината на белите дробови, и онака во болница бевме. И ми се смееше ми викаше ништо не ми е. Премрногу бев исплашена.. :/ Немаше ни крв ни ништо. само така..
Сонував дека сум била на одмор на море во еден шарен фустан . Потоа сум залутала малце настрана и имало една шаџта и во неа долу кофа.. сум ја тргнала кофата нагоре оти нешто шарено имаше долу . Кога гледам безброј мали желчиња , штотуку родени , преслатки беа. .. Е сега прашањево ми е што значи тоа да го сонуваш , било кој нека ми каже
Најверојатно одредени цели (според тебе битни) малку потешко ги достигнуваш. Или немора да значи...Може да е и пад на енергијата, и дека ти е потребно малку време за одмор.
Неколку пати имам сонувано убиства во селото од каде е мајка ми, ама не сум била сведок туку ми кажале дека некое убиство се случило.Незнам дали ме сфаќате. Ако знае некој што значи ова нека пише.
Јас сонувавав како шетам со најдобар другар и му давам ланче и потоа тој ми вели дека ќе одиме во една продавницаа и јас прашувам зошто и а тој па да купам нешто и потоа во продавница ми вели да си одберам каква нараквица сакам и ми ја купу и цело време си ја носам на рака и си ја гледамм...што би значело оваа?
што значи да сонуваш како неможеш да излезеш од некое место, она се обидувам ненормално и не можам да излезам и после станувам препотена и кога ќе си легнам пак па сонувам како барам нешто се качувам по скали и така упорно барам нешто а врска неам што. Секоја вечер истите два сона ај ако знае некој што значи нека ми каже.
Сонував како се качувам по едни многу високи и тесни скали што имаа преграда за држење само од внатрешната страна, а надворешната беше оставена целосно отворена како за паѓање Се искачив до пола и имаше една дупка која требаше да ја прескокнам за да продолжам, е тука се блокирав и почнав да се тресам од страв и да викам. Неколку души си поминаа и ми викаа дека е лесно, но јас никако не сакав да продолжам натаму, и едно време толку се опуштив што едноставно сакав да си паднам и да ме снема во бездната Тука се разбудив. Јас си го толкувам некако ептен морбидно, ај да ве слушнам вас упатените. Да напоменам дека ова го сонував во некои 5-6 минути откако ми ѕвона алармот и презаспав - има тоа некаква врска? А да, пред тоа сонував стаорци како се парат, исто многу гаден сон. Тој го сонував во претходната snooze пауза, исто некои 5 минути. Значи повеќе не стегам snooze
Сонував кошмари Сум отишла во некоја викендица со Х девојка и мајка ми. Таму сме сретнале некој постара жена. После викендицата имало стрмна планина и пат за да се искачуваш по планината, мајка ми и жената почнале да се искачуваат, јас сум тргнала по нив, ама жената ме спречила. Одеднаш се свртела женава накај мене и рекла ама золошкава овде на планинава е најморничавото место, само да не ги разбудиме животните. По една минута почнале да се симнуваат два бика. Кога сме почнале да трчаме, се до викендицата. Таму сме се затвориле, а од другата страна на вратата, надвор од викендицата стоеле двата бика. Од страв јас и Х девојката сме почнале да врескаме, па после бетер, почнале биковите да рушат се пред себе. Па сме отрчале на вториот спрат од викендицата и некако и биковите се искачиле до горе. Па цела вечер сме спиеле на балконот. И на крај завршува како ми ѕвонеше алармот, кога станав целата потресена бев .
Сонував како со сестра ми сме биле во Струга и низ сокаците ми паднала банкнота од 1000 денари. Кога се наведнав да ја земам, забележав дека до неа има минимум уште 5-6000. Сум ги земала, а еден дуќанџија рекол дека на него му паднале, негови биле. Ние не сме му ги дале и сме почнале да бегаме по сокаците.По куо време се заглавивме во лавиринтот и човекот не стасал, ние сме биле исплашени да не ни направи нешто лошо
Синоќа сонував како во рака сум држела пиштол и сум убивала кучиња, т.е пукав два пати но го погодив само едното куче а кога се доближив и двете кучиња беа мртви. Знае ли некој што ова значи???
јас сонував повеќе крстови како во златна боја и попови(свештеници ) ги држела и како да се вртеле во круг или само оделе и ги носеле... не беше баш пријтно и баш ме интересира што значи...
Сонував како со моите сме биле на некој рид, и таму имало прекрасна огромна црква. Тогаш ми кажале дека сме го купиле целото земјиште и дека таму ќе живееме,односно ќе изградиме куќа. Јас сум се израдувала на фактот дека ќе имам црква во дворот. Што би можело тоа да значи? Цел ден размислувам за сонот.
Дали знае некој да ми го протумачи моите два соништа? првиот: сонував дека носев бурма т.е.ми ја дадоја и ја ставив на рака а вториот: го сонував одма другата вечер едно машко (кое не ми е децко а ни симпатија се имаме видено на кафе и требасе уште еднаш али сега некое време нема ни трага ни глас од него и делува не заинтересирано)кое со кола требало да ме чека ке сме оделе на некое место и јас каснев ме чекаше пред мојата порта но кога се доближав до колата видов дека не е сам и дека биле со него негови роднини и се поздравив со неколку со рака и така се возевме али он не возеше туку некој друг па по некое време тој возеше и во сонов машково знев дека е тој али фацата не му ја видов и не ми зборна ... ако некој зне да ми го протолува сонов нека повели фала
Значи ве молам кој знае да ми протолкува, затоа што ептен морничави ми се соновиве, а за блиски особи се работи, па си знам да си паничам: Едниот Ги сонував двајцата дедовци (тој од страна на мајка ми и тој од страна на татко ми) заедно, како ми се приближуваат. Дедо ми од страна на татко ми (кој е починат) беше многу убаво облечен, а оној од страна на мајка ми (кој е жив) беше облечен како што обично се облекува кога оди да работи на нива, во стари и испрашени алишта... Вториот Сонував како татко ми си ја излажирал сопствената смрт, за подоцна најблиското семејство и најблиските пријатели, сите заедно (вклучувајќи го и него) да си седиме, да си муабетиме и да си се смееме како тоа другите го мислат мртов, а тој всушност не е. * Напоменувам дека не ми е прв пат да сонувам вакво нешто. Секој кој би знаел да ми ги протолкува соништава, го молам да се јави на рапорт.
наводно крст е тежина некоја, жртвување, а за поп се вели дека треба некому да простиш или повеќе да простуваш,можеби си личност која не простува така лесно.