качување по скали се успеси, но нешто ќе ти застане на патот. стаорци викаат некаква штета, материјална најчесто.
Јас сабајле не знам што точно сонував, ама срипав од креветот како попарена, уште спиејќи. И само погледнав нагоре, по ѕидот како да се искачуваше нешто бело, речиси проѕирно, не знам какода го опишам, ама знам дека беше нешто злобно. И се искачи најгоре и како да се вгнезди таму. Го слушнав дечко ми како вика по мене дали ми е добро, ама јас не можев да го тргнам погледот од таму. Уф какво некое одвратно чувство имав, како да ни виси некоја несреќа над глава Вториот пат кога викна погласно по мене се разбудив така стоејќи во недоумница што беше сон, а што јаве.
Ме прогонуваат броеви низ соновиве последно време. Пред неколку денови сонував како видов дигитален часовник кој покажуваше 6.30. Вчера сонував една огромна сала со гардероба, сфатив дека тука се плаќа за да ти ја чуваат гардеробата и сум имала своја изложена на еден вид сталак за таа намена си ги зедов и требаше да одам со бројчето да ги пријавам, беа 3 парчиња гардероба првото беше како бела наметка, сино здолниште и розев фустан со горен дел како корсет и бројот кој беше на нив 312. Испишан беше со црн маркер бројов, ама ми се врежа во меморија како да мора да го запомнам. Дали некој некаде има читано што ли значат броеви во соништава?
што значи да сонуваш како го гледаш дечкоти како се бакнува со друга? Потоа дојдол да ми објаснува нешто а јас сум плачела и сум истрчела....Божееее шо сон беше хаахах
Ве молам за значење на овој сон.Со мојата мајка треба да одам во странство се качувам во кола и ми текнува на личноста која ја сакам,и реков на глас:Не сакам да одам не сакам да го загубам него.И се разбудив. Дали ова е некој знак?
Местото каде што се искачило тоа нешто бело убаво провери го, кога ти се појавува на сон некое конкретно место и некој ти го покажува, значи таму нешто се крие, попрскајте со крстена вода таму и во постелата во која спиете, појди во црква и запали си свеќа, и понатаму не се секирај се ке ти покаже времето....
Девојки, што значи да купуваш чевли ? Абе не сте свесни каков ми беше сонот - си шетам јас со другарка, треба да закажеме за фарбање на фризер и одеднаш здогледувам една продавница со чевли и пишуваше попуст И одам јас внатре и цените смешни, останато од сите модели 36 како за мене и јас земам пробувам, едни, други, трети- разни бои- абе се изнакупив се живо додека другаркава само незаинтересирано ме гледаше дека за неа немаше број Што значи овој мој сон? Ај кажете дека е нешто убаво, да си ја оправдам насмевката со која си се разбудив :geek:
Леле каков сон сонував, се разбудив од него во 3ипол и после неможев да заспам. Сум била во некоја куќа и имало прозорци еве ваков точно И надвор грмело и од големите светкавици почнале прозорците еден по еден да се кршат. Успеав еден да зачувам пошто ги спуштив ролетните а два се скршија. Највеќе ме погоди тоа што и мајка ми беше присутна и плачеше Мораше ли ова да го сонувам.. Знае некој што значи
Сонував како треба да идам на гробишта на едно место кое точно знам каде е,но знам дека таму нема гробишта. Во рацете сум носела 2 небојадисани јајца што требало да ги оставам таму. И како искачам од школо идам накај гробиштата, и одеднаш куќата на баба ми и дедо ми кај што беше школото. Денес и го кажувам сонот на другарка ми, викам: Па нема таму гробишта бе.. Ми вика: Аа има, ама турски се. Да не знае некој отприлика што би значело?
сонував како сум се возела во автобус во 5ка и тоа и сум и се жалела нешто на другарка ми како сум била тажна и слично. И кога се свртев одеднаш еден постар дечко може имаше 20 и нешто може и помалку ми се насмевна ма погледна имаше крупни плави очи многу убави и ме бакна во образ мислам дека и јас го бакнав него и сум се симнала од автобусот. И после тоа на него сум мислела цело време Да не знае некој што значи ова?=/
Пази се во љубовните врски, некое момче може да те повреди, и ако треба да влезеш во нова врска, добро размисли и внимавај.
уф.. јас каков сон сонував сабајлево и ме мачи цел ден. Не се сеќавам на цел сон, само битниот детал. Убив човек. Не го познавам кој е и што е, само знам дека во сонот ми се чинеше лош, и се обидуваше нешто лошо д ами направи и ситуацијата беше или он мене ќе ме убие или јас него. А дури мислам дека и како да сум го сакала така ми падна жал Спојлер кога му го збрцав ножот во стомак. И ко за беља, два пати едно по друго го сонував. И вториот пат веќе го правам истото со ножот и се сеќавам дека еднаш сум го направила, и исто жал ми беше, ама се оправдував дека немам друг избор Спојлер дури и во сон имам грижа да совест. Е сега, некој ќе ми го објасни сонов?? Спојлер само немој да ми кажете дека ќе станам сериски убиец
Сонував како со дечко ми сме имале детенце...си одам јас дома а тој со детенцето во рака застанал на мн висока зграда,плачел и ми вика дека ќе скока...го фаќам за рака а тој ми се лизнува и паѓа долу сонот беше морничав многу, се разбудив и не можев да заспијам....некој знае да ми протолкува?