Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.070
    Пол:
    Женски
    Сонував како ми ја сечеле главата. Тој што ми ја сечел главата имал ептен мало ноже и ја засекол до пола само, не можеше понатаму, не фаќаше ножето. И ме остави така, со пола расечена глава кај челото. Ја видов мајка ми и почнав да плачам по неа да ми помогне, да ми ја досече главата, за да ме спаси од маките. И дојде, зема кај половината ме исече, на пола, и горниот дел ослободен ми одлета кон небото. Многу беше чудно, како со долниот дел, да го гледав горниот како лета кон небото и и бев многу благодарна на мајка ми што ми ги скрати маките.

    Бев во црква денес, земав крстена вода и темјан, да ја прочистам малку куќава, не знам веќе фајде за ваквите кошмари.
     
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Дали некој знае што значи да се сонува бременост ?!? ...Ве молам кажете
     
  3. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Да видиш бремена жена: ти претстојат големи непријатности. Жена кога сонува дека е бремена: ќе ти се отстварат желбите.
     
  4. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Дали некој знае што значи да се сонува еднорог?
     
  5. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    А што значи да сонуваш како крвариш и тоа многу, немав болка ама крв ти течеше од носо, каде што ми е пирсот, и сам се обидувала да го ставам ама од многу крв не сам можела, и ме фаќало паника во сон...знаете што значи да се сонува крв?
     
  6. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Што значи ова: Сонував дека сум почнала да пушам цигари. Инаку не ни помислувам на тоа, па и мала сум. Ама во сонот некако убаво се чуствував! :worried:
     
  7. BlueEyess

    BlueEyess Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Мојот сон е цела приказна вака пред да го сонувам ова со другарка ми најдовме име напишаноо во крв во мојот влез на мезнинот од памет се изадивме.Прашавме и ми кажаа дека е права крв и дека некој дрогираш го напишал а јас сум упорна дека е емо чоек.Сонот иде сум имала дечко и некој глас упорно ме убедувал дека он убил некој и со таа крв се потпишал.Јас сум се уплашила и сум и кажала не мајка ми. Гласот ми зборел тој е демонот оганот гори во неговите очи или така нешоЌ(јас имам уплав од оган).Мајка ми ја заклучила вратата и о дошол си чукал на вратата и не сме отварале некако успела да влезе со многу дерење и викање.Јас сум се преправала дека спија и сум болна а он упорно ме разубедува дека не е тој дек некој сакал да го намести а гласот ми дава нешо како визија неговото око и оган во него мене срце ме удри.Дечко ми(во сонот) иначе убав а не го знам потар 16 години или така крајот сум го заборавила ама мислам дека он испаѓа нишо лошо не напраил а јас од влијанието на гласот сум се ослободила тоа беше сон 1 и сега соооон 2

    Сум пушела цигари во кревет хихихихи
     
  8. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    епа најверојатно затоа, обратно е на јаве, нема да пропушиш, а тоа што си се чувствувала убаво додека си пушела значи дека чувствуваш одбивност кон цигарите.
     
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    викаат крв глас а исто така крвта ја поврзуваат со некоја материјална добивка.
     
  10. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    викаат носи среќа, еднорозите се реткост, претставуваат моќ и волшебство.
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    викаат тегоба,товар, мака која те измачува подолго време.
     
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Синоќа сонував дека сум ви препорачала некој лосион за лице тука на Фемина, и на многу девојки им се нафрлило лицето со гадни акни и црнки. Буквално им се упропастило лицето.. И сте ми се заканувале на форумов дека ако дознаете која сум ќе ме убиете, буквално сте се труделе по секоја цена да го дознаете мојот идентитет :| Се пресмеав кога станав и сфатив дека е само сон :wasntme: :D
     
  13. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    сонував како сум правела тест за бременост а самиот тест бил со две долги црти кои требало да се потполнат ако си бремена...на мене едната скроз се напунила а втората повеке од пола...и сите ми веллеле дека сум трудна а јас не сум била сигурна....
    Во истиот сон сум го видела мојот дечко како се бакнува со една негова пријателка и додека се бакнувал ме гледал како реагирам кога сум почнела да плачам и да бегам он истрчал по мене и јас само сум го бутнала од мене....
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    сонував како отварам фрижидер и внатре имаше само расипана храна... :^)
     
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Леле, значи кои глупости ги сонувам. :x Завчера го сонував вујко ми, како сме се возеле, демек сме оделе на тренинг. Ама баш не се возевме по вообичаениот пат, и бевме на едно многу чудно место, првпат во живот го гледам, како огради со жици имаше околу нас, долу асфалтирано беше ама немаше некои особени градби или нешто.. Онака, како да бевме на некое затворено место. Излеговме од колата и наеднаш се појави мојата најдобра другарка, само не беше со нејзиниот лик, туку со лик на едно девојче од четврто одделение што баш и не го сакам.. :lol: Многу ме нервира . И знам дека и јас и вујко ми зборевме со неа, само ич не ми текнува за што.

    После, памтам дека и реков на другарка ми дека мораме да одиме и сум му рекла на вујко ми, ајде вујче оди, прво да одиме до таа салата да видиш ти за аикидо , само побрзај 6 часот е, ќе закасниме за тренинг.. Сум му се насмевнала и сум му рекла, и како ти се допаѓа другарка ми и он ми рекол, леле остај каква е, со таа мрсната коса и здивот ама и смрди. :^)

    Сега, што сонував ноќеска.. Нешто како сум била на некое место, голема просторија, и имало многу луѓе наоколу ама позади мене. Не паметам дека ги видов, ама чувствував дека има и како навиваат и викаат. И сега, како јас сум била на некој меч по бокс, прв ми бил.. Знам судијата се врткаше околу нас, а јас демек сум се преправила во машко за да можам да се тепам со тој, противникот. :D Чувствував малку трема и страв, ама памтам дека противников онака ми стоел само лагано а јас незнам, со брзина на светлината само сум му упатувала удари.. И во тој момент, како што сум го удирала, многу сум се уплашила, сум си рекла леле сега овој кога ќе ме удри.. тешко мене. И сум престанала, сум му рекла да почека малку 5 минути, одма ќе сум се вратела.. :^)

    И како сум отишла до соблекувална ли, каде ли. Ама, тој не ме чекал и завршила борбата, тој победил. Па, сум се обвинувала зашто не сум победила, па зашто така сум го удирала без престан.. дека вујко ми ме учел така да не правам..После си отидов од таму, и целата возбудена и во школо на скоро сите деца, на тој од обезбедувањето што ни е :D , дури мислам и на наставникот по музичко што ни е сум му се фалела дека сум имала меч и дали го гледал.. И чудо, скоро сите такви мртви ладни, воопшто не беа воодушевени ми одговараа дека го гледале. И тоа, сум им викала бил мечот на МТВ 3, а овие да , да, знаеме . Како што и раскажував на една другарка како течел мечот, наеднаш разочарано и тажно сум и рекла.. ама не победив.

    Ај, ќе ве молам да ми каже некој ако знае што значат соновите? Или да не се само одраз на она што го мислам преку ден зашто во последно време, мисливе само со ова ми се преокупирани.
     
  16. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    воопшто не ми текнува што сонував ама знам дека во одреден дел од сонот се појави бебе(веројатно беше женско) со гоолеми плави очи.да не знае некој што би можело да значи? :worried:
     
  17. ecen4e

    ecen4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    27
    женско бебе значи среќа :)
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој што значи да сонуваш како некоја познаничка (не другарка) врши егзорцизам врз тебе? Успеа да го истера ѓаволот од мене, а после тој беше кај мене дома, ама му избегав некако.
    Освен тоа што значи дека гледам многу хорор филмови, кое му е другото значење? :?:
    Сум станала денес со солзи, многу лошо беше. :doh:
     
  19. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Девојки вчера сонував црква и како влегувам во неа клекнувам и се молам. ве молам кажете ми што значи овој сон? :worried:
     
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Да се молиш во црква значи дека ќе ти се исполни некоја желба. :)