Јас денеска сонува како сум била во голем град имала сам ептен црна коса долга, било морничаво времето, имало многу луѓе. И сум стојала до некој си дуќан некое девојче питало ме нешто и јас и одговараше кога отвара продавницата ама на КИНЕСКИ ЈАЗИК Не сам знајала дека знам Кинески и коа се разбуди прво се зачуди, па почна да си се смеам, ама незнам ни самата што значи тоа што сум го кажала Уште фале и на Јапонски да почнам да сонувам И така сонувам си на Македонски, Германски, Англиски, еве сега Кинески, утре мош и Африкански глупости
што значи да се сонуваш бремена...поточно сите ми велеле дека сум бремена а јас само сум гледала во тестот....
Вчера сонував како бившиот мој дечко сакал да ми направи изнеданување па ми купил 10-15 пара кондури.Јас не сум ги ни погледнала само онака сум рекла дека само еден пар ќе ми се допаднат а другите не.
Јас кога сонувам дека носам нови чевли, ама ги носам обично си фаќам дечко глупо звучи ама така е. Зависно дали ми се свиѓале чевлите, дали биле убави светнати, зависи дал ќе ми е убава врвката. Еднаш дури сонував со врвки дека се и едната ми беше одврзана и испадна дека тоа заврши прилично брзо побрзо одошто почна не се претвори во ништо. Кога разгледувам нови чевли, знам дека ќе имам некои нови некои околу мене што ќе се нудат, но штом само разгледувам ќе си одат ко што дошле Ако сонувам стари чевли како ги носам и се мислам за нив, тогаш имам некој проблем во врската и ќе е пред прашање да продолжи или не. Ако си останат на нозе продолжува. Но ова е кај мене Лудо ама испробано
Фала Запче за одговорот .Да чевли на сон и јас сум слушнала дека се дечковци.Ама мене повеќе не ми е јасно поклон од бивши што значи? А пак 10-15 пара чевли ( дечковци)?????????
Нешто ќе ти понуди можда, доколку комуницирате веројатно некаков избор, или тој може да ти донесе информација некаква што ќе те расколеба за нешто во врска со сегашното, пак да мислиш за друго што знам ова мое лично онака глупо размислување
Тоа значи дека чуствуваш некоја тежина на срцето ..нешто ти тежи на душата и ќе се ослободиш од тоа на крајот..можеби е од тестови на школо или некоја тајна чуваш во себе.
о златна јас одамна завршив со школо...него чудно е тоа што ден пред да дознам дека сум бремена јас сонував своја бременост и еве веке неколку дена секогаш сонувам своја бременост а во раце една нок женско дете една машко дете па де плачат де се смејат....
Сонував куче црно ( и имало негови мали кученца), сакало да си игра, цело време рипкало околу мене и мавтало со опаш Што значи куче да сонуваш?
Две ноќи по ред јас соннувам дека забите си ги кршам од една карпа ...и чичко ми кој е забар но е мртов ми местел нови заби и ми велел дека сум многу пргава и само сум кршела нешто .. Што значи да сонуваш како кршиш заби и некој близок роднина кој не е меѓу живите ?
сонував еден датум тоа е меѓу ретките соништа досега дали три пати ми се има случено, така 07.05.2011 го сонував и тоа со златна боја, датумот е изминат незнам што ќе да е? ако знае некој нека каже навистина ме зачуди.
Датумот што си го сонувала ти преставува важен настан кој допрва ке дојде кај тебе,но бидејќи е со златна боја преставува губиток на некоја драга оособа или некој од твоја блиска околина те лаже!
а јас ко чукната го сонував дечко ми со неговата мајка, и јас и мајка ми на кафе, а не се ни познаваат. и пред тоа имам сонувано како ме бара за жена, или нешто значи или без врска е. кажете ако знаете нешто.
тоа што ги кршиш твоите заби преставува бес лутина на некого близок во твојата фамилија,или пак болест,но бидејки во сонов цицкото ти мести нови заби тоа значи дека ке ти тргни на подобро,да имаш верба и надеш.ти се чуствуваш тажна,но да го сонуваш мртовецот како жив преставува дека за брзо време ќе дојде крајот на твојата тага. и ова не сакам да ме сватиш погрешно но доколку си во мошност појди на гробот од твојот чичко и запали свеќа,можеби он ти е како што велат твојот ангел цувар!!!!
ти девојко,навистина ке се омажиш,тоа што си го гледала на сон двете мајки,а посебно твојата е тоа дека ке слушнеш многу пријатни вести,али сепак малку обрни внимание да не ти направи тој превара!!!