Леле од сонот станав вознемирена... Раскинав со дечкоми, па како не бил тој дечкоми туку бившиот па незнам...па имаше и некој гуштери на сонот... па му звонев на дечкоми да се смириме па он не ми креваше...се јавив кај другарками ми кажа дека биле заеднос о дечкоми и друштво на планина па таму излегол со други две па бев тажна зошто така одма ме забораил итн итн итн... ужас !!!
многу често во последно време сонувам сексуални соништа не можам да престанам често се случува ова и толку ми е убаво што воопшто не сакам да се разбудам. Што значат овие соништа освен потреба за секс ??? едит:ретко памтам што сум сонувала
можеби следува менструаелн циклус, исто така овие соништа се продукт на згоелмеа потреба за сексуални односи, вакви соништа наводно се сонуваат и по менструалниот циклус се додека хормоните не се смират.
Обично не ги памтам соништата,но овој од ноќеска го запамтив. Сонував дека сум во ново школо,наредната година сум средно,каснам на првиот час и се качувам по скалите но никако неможам да се докачам,многу се големи и тешки за искачување.. знае некој што би можело ова да значи?
што значи да се сонуваш гол-значи само интимен дел ми бил гол гакиве бели спуштани и сум се подмивала...бидејки цело време сум трчела по некоја шума каде освен стари куки со почетно реновирање имало и едно кафено-бело куче...
имам прочитано во соновник на интернет дека ско го сонуваш својот интимен дел тоа значело болест или нешто слично.. е сега, колку е тоа вистина незнам
Синоќа сонував дека сум родила машко дете (лол), проверив во соновникот и тоа значело демек ќе ми се исполни желба, ама не ми е јасно дали некоја желба која ми е во мисли, или пак онаа ''желба'' за машко дете !? или пак нема врска сето ова
Што значи да се сонуваш дека си невеста, ама да не се видиш со бел фустан? Го сонував и дечко ми, бил младоженец ама некако не беше соодветно облечен . Во истиот сон сонував уште една другарка и таа била невеста, е неа ја видов во бел фустан, трчаше во сонот ко да бега од нешто, и така трчајќи и се собу кондурата, и застана во кал? Инаку другарката пред месец време и навистина беше невеста.
+ реновирањето - ќе го надминеш тоа ( болеста може да не е болест во таа смисла , туку непријатност) + куче - покрај тебе ќе биде твој пријател/ка
сабајлево сонував како лакот од ноктите а воедно и цветчињата по пола ми биле избришани.. т.е на сите нокти ист дел беше избришан.. што би значело
sonuvav kako sum na nekoja planina ama nekako karpesta bez mnogu drva zaedno so decata planinarime.Cekam edna moja drugarka da dojde no po nekoe vreme velam veke e docna ,ke se stemni da ne ja cekame poveke.No decata mi kazuvaat deka ne e vecer tuku pladne i gledam deka sonceto e na neboto,kako da e tocno pladne.Sto bi znacelo ova.
Јас верувам во сонови. Има нешто во тоа... Некогаш и сонуваме за работите што сме окупирани или не загрижуваат. Има и такви што го сонуваат минатиот живот. Некои преку сонот добиваат и предупредувања... Не сум некој толкувач на сонови, ама си имам едно книгиче дома па некогаш си го користам. А знае ли некоја што би значело цел живот да сонуваш еден ист сон, па да откриеш нешто големо за себе па сонот да се смени и повторно постојано да го сонуваш тој сменетиот сон? И секогаш едно исто да доживуваш и да се будиш во исто време. Би кажала и повеќе ама не можам, не е мој сонот. До душа јас овој сменетиов сон не го знам, ама првиот е брр, језив. Знае ли некоја што би можело тоа да значи?
Завчера вечерта или вчера, веќе не помнам бидејќи ме избезуми сонов до немај каде, сонував дека од мене тече премногу крв и тоа темна крв, буквално црна дури и ми мирисаше на нешто мртво, грозно, по што приметив дека и рацете ми се целите со темна крв, дури и под ноктите. Пробував да ја измијам но не се миеше и се разбудив
Јас на интернет прочитав дека ќе ти ги платат долговите. А на друго место прочитав дека ако цела си била во крв ке ти се случи голема несреќа.
Да фала ти Домино и јас го прочитав истото, ама некако не ми се совпаѓаа двете затоа. Грд сон со плус дополнителни ефекти кои не се за вака прераскажување ама сепак некако не јасно. Кога ќе се случи ќе ми се разјасни. И без тоа се што сонувам ми е само предупредување, никогаш не сум успеала да изменам нешто, дури и кога сум сфатила што тој сон значи.
А можеби и си гледала некој филм со крв, убивање? Или си слушнала некоја вест со убиства и крвопролевање? Зошто некогаш и вестите што сме ги слушнале во текот денот или работите што сме ги виделе на денот можат да влијаат на сонот такашто ни останале во некое катче на потсвеста.
Ау, што убаво сонував. Еден сокол (така се кажува нели? |Hawk de| ) ми дојде во раменици (еднина, како е ) И еднаш полетуваше, па пак се враќаше кај мене, го гледав во очи, му го гледав клунот, и си мислам-птицава е грабливка, зошто да има доверба во мене?! Но знам дека многу ми беше интересно, бев во балконот, и гледав како лета, сонцето заоѓаше... Многу прекрасно беше...
Спојлер Никогаш не сум обрнувала внимание дали ми се остваруваат соништата, ама сега гледам дека некои ( и тоа оние глупавите, се остваруваат според протолкуваното ) Сонував непозната личност, прв пат на сон ми се појавува, се запознавам со неа и се чудам како е толку добра и дури и се радувам, ама за кратко време се разочарувам тотално и дури и повредена сум... Знам дека има низ темава објанснувано за непознати лчичности, ама ме интересира баш ова ако знае некој? Ем непозната, ем сум била длабоко разочарана Што би значело?