Јас сум душа и свет кога се чевли во прашање.Обожавам чевли !!! Ќе ти кажам нешто па ти протолкувај си го сонот . Кога бев девојка-средношколка постојано сонував чевли и тоа се како ги гледам-интересни ,убави ама кога ќе им се приближам не ми се допаѓаа.Во меѓувреме симпаттии,удварачи ама никој не ми се допаѓа-ќе го видиш убав-ќе го запознаеш тапа,збор со збор незнае да сврзе. Една ноќ сонував нови чевли, како сега ми се пред очи-црни на штикла-салонка ,абе да ги грабнеш и да бегаш.Се наведнав ,си ги обув ,ептен убаво ми стоеа и ми беа удобни.Со тие чевли си заминав(на сон нели) Не помина многу време се зближивме со еден дечко(го знаев од порано онака),после врска и на крај завршивме во брак(сеуште сме си заедно .) Чевлите според мене ти претскажууват врска ,а тоа што си крадела штикли???Можеби некому ќе му го украдеш срцето,али како и да е следи ја ситуацијата на ова поле и запомни ми го постот-ќе видиш дека нешто такво ќе се случи.Позз.
Јас сонува како сум била во болница и сам била правена операција од нешто, ама се ми беше така матно, одвај одеше од лековите ли, или од кај знам од шо. И коа се разбуди уште ми беше пред очи тај одвратнио билнички кревет..брррр коа се потсетам се ежам Знае некој да ми каже шо значи
Сонував како брат ми бил умрен. Ама пак сум имала уште помало братче што многу личело на него, а тоа кога се родило брат ми веќе бил умрен. И така го гледав братчето, исто копија, сум му покажувала слики од брат ми и се изнаплакав во сон! Никогаш волку не сум плачела во сон, липав, завивав, зајдував, немав воздух.... Дури и кога се разбудив продолжив да плачам. Што значи сонов?
Сонував дека сум украла шише кисела вода од супер маркет. И тоа не намерно, маркетот функционирал нешто слично како Џамбо (доле влегуваш, горе касата), а јас сум се задржала долго, додека две другарки цело време ме чекале да излезам. Излегов без да платам од кај што влегов, па кога сакав да платам сфатив дека ако се вратам ќе титне тоа што стои пред каса. А другаркиве ми викале да побрзам. И загубив син чадор. Ениуан?
Крадењето значи премногу високо поставени цели кои се` уште не се исполнети т.е нереализирани. Минерална вода како поим значи дека ќе уживаш во некои фини работи во животот. Чадорот значи емоционална заштита,а самото негово губење значи губење на таа заштита.
Чадор-значи дека твојата добрина ќе ја злоупотребат други шише-полна со нешто: ќе те клеветат, празно: невоља, пази на својот јазик, големо: ќе западнеш во долгови, мало: големо изненадување кражба-сам да украдеш нешто: караница со љубениот, неуспеси, ќе се чуствуваш непријатно Продавница-грижи, несогласување (ова го пишува во мк соновник) неочекувана авантура (не мора да биде љубовна) (ова го пишува во српски соновник)
Што значи да сонуваш риби, само риби сонувам во последно време И по некоја змија А, и пред некој ден сонував трева, а на тревата една огромнна детелина
Риба-да ја фаќаш со рака: превара, рзачарување, лутење да ловиш риба: неуспех во љубовта, љубомора, жалост, нови пријатели, неисполнување на желбите да видиш како други ловат: издаја мали риби: неприлика во куќата, големи риби: ќе претрпиш штета, да јадеш риба: среќа во коцка Змија-непријател, ако убиеш змија ќе се спасиш од непријател, успех на сите пољина па и во љубовта, ако те касне змија ќе бидш болен, голема змија: имаш голем злотвор 9некој што ти мисли многу зло), мала змија: ќе се љутиш на некого, повеќе змии: кратка непријатност, да ја напаѓаш змија: опасност, болест, понекогаш смрт змија без боја те чека наследство, црна змија чувај го домот. Трева-сакаш мир, ако е засушена ќе имаш расправа Детелина-те чека среќа обична: среќа во бракот и љубовта, со четири листа: многу си самоуверен
Може веќе една недела како секоја вечер сонувам како имам состанок со некој дечко, но секоја вечер тој е некој друг значи не е истиот.Дали некој би знаел што значи ова??
Хм, го немам сонувано чичето, имам сонувано старец со седа коса, нешто налик него и тоа два пати... но со седа коса, не толку густи веѓи. Јас обично сонувам глас, што ме предупредува и ми кажува што ќе се случи, али не многу добронамерен глас, повеќе ко некој кој се исмејува со мене или моите блиски. Штиклите што ги сонувала the.one пред влезна врата, значат дека ќе запознае дечко што многу ќе и се свиѓа и ќе сака да е со него, тоа што ги пробувала може да значи дека ќе биде со него, ама тоа што рекла ццц значи дека поголема е веројатноста да не биде сепак се мед и млеко, во добивањето на дечкото. А, освен што треба да дојдеш до нечие срце треба и да го задржиш де, да чука за тебе Ова второво си знае и самата веројатно
дали некој знаае да ми го протолкува сонот ја сонував мојата покојна баба како се спремама некаде да оди а јас ја карам бидејки не била добро обле.ена и наогам облека и и ја давам прв пат во сонот ја гледам таа облека
Искрено поима немам во буквална смисла што ова значи според толковниците, но ќе ти раскажам еве сон од мајка ми. Еден период мојата мајка го сонуваше детето на вујко ми, откако почина. Тоа беше по погребот и цело време сонуваше за иста облека дури како сака да му ја даде а никако да му ја даде. И една жена и рекла да купи нешто слично ко на сонот и да го даде некому во име на детево, пошто, изгледа кога го закопувале, не му ставиле нешто такво во ковчегот. Малку грозно звучи знам, но можеби ќе ти помогне. Друг може има нешто попаметно од моево да каже
Дали некој знае да ми казе сто значи да купувас несто,јас неколку пати сум сонувала дека одам да си изберам несто да си купам но дури пред два дена во сонот си купив конечно едни фармерки и биле многу скапи знам околу 300 евра биле па и ги носев им се восхитував,сто значи тоа? а многупати сонувам како купувам парфеми аууу мозеби секоја втора вечер сто би мозело да биде тоа знае некој?