Девојки што значи да се возиш во воз,во него сум ги изгубила пасошот и багажот па цела ноќ трчав низ возот и ги барав .На крај ги најдов ,а кога требаше да се симнам вратата од возот не се отвори,па наместо во Германија сум се симнала на следната станица.Кога се разбудив 3 саата не можев да дојдам на себе.
воз значи патување или некоја голема промена во твојот живот,на пример донесување некоја важна одлука и слично,да изгубиш пасош значи дека те очекува период во кој за нешто многу ќе се грижиш,а не знам што значи ако пронајдеш изгубен пасош.а во однос на багажот мислам дека тоа е некоја тежина па штом си го изгубила веројатно ќе се ослободиш од неа. за возот и пасошот сум сигурна а за багажот не. е сега ти протолкувај си го сонот од моиве нафрлани информации хехе
Девојки здраво и од мене, Не сум сигурна дека го погодив полето во кое треба да пишувам. Ако погрешив се извинувам. Ми треба толкување на еден сон...Сонував дека читам некоја голема книга, некој руски класик бил во прашање меѓутоа не се сеќавам на насловот.
читање книга значи дека ти следи период во кој треба мудро да одиграш во однос на некоја дилема или проблем. исто може да значи дека ќе ја потврдиш својата чест со неко дело кое ќе го сториш
Сонував како фаќам рипче златно во аквариум(рипчето и аквариумот беа исти како оние од цртаните филмови )а во аквариумот имало многу риби но доколку си го фател ова златното рипче ќе ти се исполнела желбата.И јас во сонот од толку риби го фаќам златното рипче и ја кажувам мојата желба ....Што значи тоа?
не сакам да те плашам но велат дека бремена жена е нешто лошо,но мислам дека е така само ако ја познаваш.значи ако бремената жена ја познаваш неа ја очекува малце потежок период.а за невеста сите кажуваат различно,некои велат е нешто убаво,други велат некоја несреќа..така да ако знае некој за невеста нека ти каже...
Извинете ако некој има прашано не проверив Брат ми ме сонувал вчера како сум умрена. Само на тоа се сеќава. Знае некој? :think:
Што значи да сонуваш ист дечко цело време? Секоја ноќ откако се запознавме го сонувам. Дали можеби е тоа бидејќи тој мисли на мене или пак нешто друго значи?
знае некој/а што значи да сонуваш авион што се урива и то во твоја близина , еве сеа на попладневната дремка сонував и то мн реално некако делуваше,а и во претходните две недели сонував слични сонови, со рушење на авион. поздравче за сите сонотолкувачки
да гледаш авион значи дека во иднина те очекува период на позитивни промени. е сега не знам дали го има истото значење ако гледаш авион кој лета и кој се урива..хмм ајде ќе почекаме да не просветли некој хехе
нена ако сонуваш момче тоа значи дека наскоро те очекува свадба не знам каков ти е љубовниот статус,но јас ти го кажувам само значењето на сонот....исто и јас така сонував еден но уште не сум омажена додека другарка ми сосем спротивно
Сонував како со класот сме оделе некаде и сите сме биле напикани во приколка од камион. Кога сме стигнале таму на една маса сум го здогледала бившиот, се згазив од смеење, но никој не знаеше зошто се смеам (повеќето другарки не знаат дека имам одено). И ај сега...
Абе тоа соновите... интересна работа. Пискања на потсвеста се јас мислам... Еве мајка ми... Сонувала како мојот веќе починат дедо копа, нафрла земја во бавча. Наводно, земја од било каков тип значи смрт на некој. Дедо после недела дена умре. Сонував како ми паѓаат заби првиот пат -братучед ми, вториот -дедо ми (претходно споменатиот), третиот пат -баба ми почина. Не можам да си го објаснам тоа, само знам дека не сонувам често, а и кога сонувам не ретко заборавам.
10 Интересни факти во врска со соновите - Д-р Памела Илиоска, доктор на медицина 1. Слепите луѓе сонуваат Луѓето кои остануваат слепи во текот на животот можат да гледаат слики во своите сонови. Луѓето кои имаат вродено слепило не гледаат никакви слики, меѓутоа нивните сонови се подеднакво живописни бидејќи ги вклучуваат другите сетила: слух, мирис, допир, емоции... Тешко е за човек кој гледа да си го замисли тоа, но потребата за сон е голема. 2. Забораваме 90% од нашите сонови Во рок од 5 минути по разбудувањето, половина од сонот се заборава. Во рок од 10 минути, не се сеќаваме веќе на 90% од сонот. Познатиот поет Семјуел Тејлор Кулриџ (Samuel Taylor Coleridge), едно утро се разбудил по фантастичен сон (најверојатно предизвикан од опиум), седнал и почнал да ја опишува “визијата од својот сон”, која што всушност подоцна станува една од најпознатите англиски поеми - “Кублај Кан” (Kublai Khan). Кога Кулриџ напишал дел од поемата (54 реда), бил прекинат од некој човек од селото Порлок. По прекинот не успеал никогаш да ја допише поемата бидејќи веќе ја загубил визијата што ја имал. Оттогаш “Person from Porlock” во англиската литература станува синоним за несакан натрапник. 3. Секој сонува Секој човек сонува (освен во случаите на екстремно психолошко нарушување), но мажите и жените имаат различни сонови и различни физички реакции. Мажите почесто сонуваат за други мажи, додека пак жените сонуваат подеднакво и за мажи и за жени (тука не се мисли на сонување во “таа” смисла). Згора на тоа, и мажите и жените искусуваат сексуални физички реакции поврзани со своите сонови иако сонот можеби и не бил со сексуална природа. 4. Соновите ја превенираат психозата Во скорешна студија за сонувањето, студентите кои биле разбудувани на почетокот од секој сон иако им било да дозволено да спијат по 8 часа, доживувале потешкотии во концентрацијата, вознемиреност, халуцинации и знаци на психоза веќе по 3 дена. Кога конечно биле оставени да спијат во РЕМ фазата на сонот (не биле разбудувани на почетокот на сонот), нивниот мозок надоместил за изгубеното време на тој начин што значително го зголемил процентот на РЕМ фазата на сонот. 5. Сонуваме само за она што го знаеме Во нашите сонови често има непознати ликови кои играат одредени улоги. Дали знаете дека вашиот ум не ги измислува тие лица? Тие се лица кои навистина постојат. Вие сте ги виделе во текот на животот, но не ги познавате или не се сеќавате на нив. Убиецот од вашиот последен сон можеби е човекот на бензиската пумпа кој ставаше гориво во колата на татко ви кога бевте мало дете. Сите ние гледаме стотици илјади лица низ нашите животи, така што постојат неограничен број на ликови кои мозокот може да ги искористи во нашите сонови. 6. Сите не сонуваат во боја 12% од луѓето што гледаат, сонуваат ексклузивно во црно-бело. Останатиот број сонуваат во боја. Луѓето исто така имаат заеднички теми во соновите, како: ситуации поврзани со училиште, некој ве брка, трчате бавно или во место, сексуални искуства, паѓање, задоцнување, лица кои се живи а ги сонувате мртви, испаѓање на забите, летање, паѓање на испит, сообраќајна незгода... Не е познато дали сонот во врска со насилство или смрт има поголемо емоционално влијание врз човекот кој сонува во боја или врз оној кој сонува во црно-бело. 7. Тоа што го сонуваме значи нешто сосема друго Ако сонувате за некој одреден објект, не значи дека сонот стварно е во врска со тој објект. Соновите зборуваат на комплексен симболичен јазик. Несвесниот ум се обидува да го спореди вашиот сон со нешто друго што е слично. Тоа е како да пишувате поема и да кажете дека групата мравки се како машини кои никогаш не престануваат да работат. Но, никогаш нема да споредите нешто само со себе, на пр. “ Тоа убаво зајдисонце беше како убаво зајдисонце“ (глупаво, нели?). Така, секој симбол во сонот најверојатно не е симбол за самиот себе. 8. Луѓето кои престанале да пушат цигари имаат поживописни сонови Луѓето кои пушеле цигари долго време, а сега престанале, изјавиле дека имаат поживописни сонови од порано. Една студија објавена во Журналот за абнормална психологија (Journal of Abnormal Psychology) вели: “Од 293 пушачи кои апстинирале од цигари 1-4 недели, 33% изјавиле дека имале најмалку еден сон поврзан со цигарите. Во најголем број сонови, испитаниците се “фатиле” себе си како пушат цигари и почувствувале силни негативни емоции, како паника и вина. Соновите во врска со пушењето биле како резултат на апстиненцијата од цигари бидејќи 97% од испитаниците немале такви сонови додека пушеле и нивното јавување било значитело поврзано со должината на апстиненцијата од цигари. Соновите ги рангирале како поживописни од вообичаенитe сонови, а биле толку зачестени како и најчестите симптоми на апстиненцијална криза поради цигари.” 9. Надворешните стимулуси ги инвадираат нашите сонови Ова се нарекува “Инкорпорација во сонот”, а се случува доколку во текот на спиењето слушнеме одреден звук од реалноста и тој звук го инкорпорираме во сонот на некој начин. Сличен (но, помалку екстерен) пример, е кога за време на спиењето физички сме жедни, а нашиот ум го инкорпорира тоа чувство во сонот па може да сонуваме како пиеме вода, повторно и повторно. Познатата слика на Салвадор Дали - “Сон предизвикан од летот на пчелата околу калинката, момент пред разбудување” го отсликува овој концепт. Преземена статија од Доктори.мк
Ова често ми се случува, да сонувам некого што никогаш во животот не сум го видела, таа личност што ја сонувам, може да се случи стварно да ја видам сосема случајно,а може и да не ја видам.Последен пат во врска со ваков тип на сон, сонував еден непознат човек кој наредниот ден го видов сосема случајно, истиот.Така што мислам дека не секогаш сонуваме за тоа што ние го знаеме,не. Иако мислев дека соновите се како резултат на потсвеста, но сега мислам дека потствеста има само делумно влијание за тоа што ние сонуваме, останатото е да речам непознато за нас и што би била причината за поттикнување на соништата.Иако имам уште една констатација своја за соништата, која мислам дека е точна,само останува како непотврдена за сега.
Gorde Можеби тој човек што си го сонувала не си свесна дека го познаваш па се рефлектирал во твојот сон...Можеби е некој што случајно си го видела на некоја плажа или некој концерт на пример, пред 5 години...
Не, памтам ликови, човеков што го видов наредниот ден,откако го сонував, сигурно/најсигурно го немам видено никогаш.