Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Санкање на снег што е ...знае некој...
    На сите соновници има само санкање низ виулица ...
     
  2. Lima87

    Lima87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    280
    Дали може некој да ми каже што значи да сликаш уметничка слика на платно, нешто трева цвеќе, а тоа да го правам со една девојка со која аплициравме заедно за работа, а ја знам и од претходно, а после тоа како играм покер и на секое делење карти им давам квиз прашање на соиграчите.
    Фала однапред поздрав :*
     
  3. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Што е бубачки да сонуваш? :puke:
     
  4. DressedToKill

    DressedToKill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    43
    најдов белоголемо куче и си го зедов дома
    ?
     
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Што значи да сонуваш дека партнерот те изневерува, или дека го гледаш како со некоја друга се бакнува?
     
  6. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
    Сонував како спијам и во креветот имав три шкорпии. Во сонот незнаев што се тие. Потоа дошол татко ми и ги бркал од мојот кревет. Кога се разбудив знаев дека се шкорпии. :worried: ???????????????????
     
  7. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    чика-во текот на годината те очекуваат крупни одлуки,големи промени,како позитивни така и негативни..едноставно ќе имаш година за паметење
    дресд ту кил- ќе склопиш пријателство,во кое многу ќе вложиш но ќе ти се исплати
    фиерлес- некој ќе те изневери,но не значи партнерот,може да е пријателка или некоја друга личност која ти значи
    борн дис уеј- опкружена си со озборувачи и лицемрно особи,ти не си свесна за тоа па затоа некој сака да те заштити и навистина ќе успее па те очекува среќа поради тоа...
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.773
    Допаѓања:
    8.945
    Пол:
    Женски
    Скорпии на сон значат некоја пакосна или лоша работа во будниот живот.Исто можат да бидат показатели на некои негативни и лоши мисли насочени спрема тебе.
    Сонот ти е знак дека треба да се ослободиш од некои стари навики и чувства и да започниш т.е внесиш нешто ново во животот.


    Сонот значи страв од отфрленост или недостаток на внимание во врската што ја имаш.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Што значи сонот: сум гледала преку прозор како некој крупен висок човек ја држел јако за раце на сестра ми и и ги вијал она плачела на цел глас а јас и зет ми беспомошно сме гледале и плачеле...
     
  10. Tamar4ence

    Tamar4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    ми треба помош :D ... сонував бели коњи , куче, дека одам на долг пат, зајак, лижавчиња :P ...што треба да значи ова ? благодарам однапред :*
     
  11. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    сакам да знам што значи прељуба и одбројување
     
  12. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    387
    Сонував како сум на фризер и ми ја кратеа косата.. има некое значење или?..
    И мислам сите можни задачи по математика ги сонував, ама тоа мислам нема некое значење :))
     
  13. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    Ќе се ослободиш од некоја грижа ;)
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Сонував како бркам од дома црни мачки. :^) Некој ако може да го протолкува сонов?
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.773
    Допаѓања:
    8.945
    Пол:
    Женски
    Црни мачки значат страв за превземање на контрола во одредена ситуација.Исто значи лоша среќа или некое зло.Бркањето на мачките значи бркање на тоа зло и ведрина во животот.

    Кратење на коса не е ослободување од грижи. |(
    Да ти ја кратат косата значи чувство на намалена моќ врз одредена ситуација и смешат дека си неправедно критикувана заради нешто...Исто може да значи некој нов почеток.

    Математичките задачи се знак за рационално донесени одлуки во животот.


    Прељубата значи копнеж за некого/нешто во твојата потсвест.
    Одбројувањето не знам што значи...
     
    На Sarasweet и Em4e711 им се допаѓа ова.
  16. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    добро де, како и да е, очигледно различно толкуваме :) јас знам дека долга коса е грижа, товар...кратење на истата е ослободување.Јас така знам, а исто така знам и дека според Јунг, соновите не можат да имаат универзално значење за сите бидејќи секој човек е посебна индивидуа со посебни симболични толкувања за дејствата во сонот. И ова го прифаќам, а тоа со ослободувањето од грижата е широко прифатено толкување така да не гледам потреба од превртување очи.
     
  17. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    387
    Па може и двете да се спојат... утре полагам, можно е да положам и да се ослободам од грижите, а и веќе долго време се чувствувам дека немам никаква моќ..
     
    На Estelle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    јас типувам на положување ;)
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    бел коњ-среќа,патување-те чека обврска која треба да ја исполниш а те засега само тебе,но често во однос на неа ќе си во неизвесност бидејќи ќе се соочиш со бројни озборувања (бидејќи си сонувала зајак а тоа значи озборување),а лижавче не знам.иначе јас вака го толкувам сонов но од другите феминки може ќе добиеш друго толкување..па сама одбери си што ти одговара најмногу хехе
     
    На Tamar4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Цели филмови сонував јас денес. Па ќе бидам благодарна ако некој м икаже што значат :) Прво сонував дека од братучедка ми од Србија сум побарала помош за семианрска. Таа ја изработила и ми ја донесе на денот на мојата свадба :o Јас во невестински фустан со сите подалечни роднини и пријатели околу мене, додека блиските роднини биле во друга просторија подалеку од мене :| И така јас трчав де ваму де таму и го истурив целото вино (црвено) што го пиев на фустанот. Зет немаше ! :!: А на свадбата моите блиски другарки играа, а јас не. Јас му решавав проблеми на старите друагрки со кои веќе не сум блиска |( За на крај да дојди некоја моја роднина наводно јас таква не познавам и да ми каже дека умрела тетка ми која исто така не ја познавам и почнав да плачам. И така неславно заврши мојата свадба :D Се разбудив па повторно заспав и го сонував татко ми кој е починат дека е тука со мене и дека всушност цело време бил тука, а јас не сум го приметувала. Ручавме сите заедно. Потоа одбиравме книги заедно. Па тој средуваше нешто низ дома и на крај седнавме да гледаме филм кога од никаде ми скокна моето кученце и почна да ме лиже и да ме гушка, а моето куче исто така веќе долго време не е меѓу живите. :o Зошто сонувам мртви ?
    Инаку сонував и куп други глупости ама не се битни. Доволно ве измалтретирав :D