Angi доколку си верник и православна замоли ја мајкати оваа недела да отидете до црква и да запалите свеќа за здравје. Жал ми е што ќе те разочарам но твојот сон укажува на знаци за опасност која можно е да доведе до смрт на некое многу блиско лице, како и болест. Можеби ублажува фактот што сте ги запалиле свеќите па на крајот ќе биде се добро. Жената која ти рекла да не ги палиш свеќите е или некој демон или ангел кој сакал да те предупреди за околноста која може да ти се случи во подалечна иднина.
Девојки сонував дека ми пристигнало кученцето (што навистина треба да ми го донесат) и како сум си играла со него во мојата соба, сум го учела на: „стој!“, „седи!“, „легни!“ со такви крекерчиња во раката сум била, сум му давала... и тоа такво слатко, ми ги лижело рацате, рипкало, сум го гушкала... И сум си рекла: „Фала богу тато што пушти да го чувам во соба!“
Од страв синоќа сонував дека сме чекале со мама пред школо за упис и ми рекла демек има многу гужва тука, дали сакам документите да ми ги остави во медицина. И јас некако непромислено уз муабет сум и рекла може е исто ми е и се вратила по 5 минути и ми рекла готово, примена си демек. Леле колку се истуфкав у сон, и викам нека ми ги вратат, најди ги... Во психа ми влегол.
Здраво, Може ли некој да ми каже што значат соновиве? 1) Ја сонував девојката која ми се допаѓа со цигара во рака а она не пуши. Потоа почнавме да се гушкаме и одеднаш се појави мојот најстар дедо кој што има 90 и нешто години и почна да ми зборува во стил јас многу се радувам за тебе, многу сум среќен за тебе итн па ме бакна и влезе со вујко ми во кола и заминаа и наредно што ја видов девојкава како турка детска количка и така се разбудив. 2) Сонувам кај мене пред зграда големо бело куче ко оние што се сибирскине кучиња, тогаш се појавува мојата бивша девојка и ѕвони кај мене на домофон и јас и викам што правиш тука нешто во тој стил, па се појавија мајка ми и брат ми и она само си се качи со нив горе кај мене, јас така вознемирен си викам што има оваа тука да доаѓа и од гаража земав едно БМВ 7 и возам така по улица и еден идиот возеше во погрешен правец и за малку ќе направевме судар ама не се удривме и така се разбудив. ај ве молам за објаснување
Ај ве молам некој ако знае нека го протолкува мојот сон, ме мачи самата помисла на него... Братучетка ми не е мажена но живее со дечко и, и јас сонував како таа се омажила (во сонот мајка ми ми кажува за веста) и во мојот двор играат тетка ми и тетин ми, и другата ми братучетка (сестра и). И после тоа што го сонувам незнам дали е друг сонили ист е тргнав негде да одам, одам пеш и почна од сегде да тече вода, насите страно како извори да има.
@SexyLady тебе всушност ти недостасуваат некои среќни моменти со личност со која си се скарала, па сигурно ќе го обновиш контактот, може ќе се смирите. очигледно се уште постои лојалност и љубов. @in.love.girl што се однесува до делот со братучетка ти ќе има некоја кавга, љубоморни сцени и дефинитивно некој ќе профитира, ќе се израдува на истото. изворчињата, водата се знак на избегнување опасност, среќа и здравје.
Многу не се преокупирам со соновите, за светци, цркви, знам кое нивното значење, најчесто како мала тоа сонував,а подоцна и се некакви безначајни работи сонувам.Меѓутоа ноќеска имав чуден сон - сум ја украсувала собата за Нова Година смешки , имаше три накитени огромни елки и целата соба беше розева,знам во сонот се карав со моите а и плачев, нервозна бев.Незнам што значење има ова со елкиве и тоа што сум плачела Па знае некој кое би било значењето?
Што е да сонуваш да дознаеш дека некој човек починал (не близок, само познаник) и многу сум плачела во сон??
Од што копнеам да го видам дедо ми секоја вечер сонувам нешто поврзано за него. Многу ми недостига и неможам да се помирам дека веќе го нема! Нема ден да не ми недостига, да не плачам по него а и кога сонувам дури не го гледам во моите соништа и се нервирам бидејки тие се можеби единствениот начин за да се гледам со него и да му раскажувам. Имам чувство дека ме напуштил Психата ми е дотолку реално и силно намонтирана што дури знам дека го нема па трагам по некои патишта обидувајки се да го најдам... Ја сонувам баба ми во црно облечена, како плаче и ме теши дека е веќе заминат (што секојдневно се случува). Потоа одам по некои чудни улици, се качувам по некои тврдини со црн чадор во раката и насекаде гледам вода, дожд... Донекаде и се чувствувам осамено па може е последица на тоа незнам. Како и да е ми недостига, никогаш нема да престанам да барам начин за да го видам и да разговарам со него. И нема да го заборавам дур сум жива. Многу боли!
Што значи да сонуваш сливи како гледаш на пазар многу убави и големи и после да раскажуваш за нив на твоите најблиски какви биле убави??
воопшто не спиев добро легнав нервозна кошмари имав косата ми била кратка и фарбана во мн.светла боја братми заминал за турција и потошил пари колку треба и нетреба во една населба има свадба мојат другарка упорно ме вика да ја гледаме свадбата а јас како исплашена од нешто бегам од местото несакам да ја гледам свадбата кошмари некој ако можи да ми образложи плс...
Светла боја на коса значи некоја мака или грижа,а кратка олеснување на маките а тоа што не си сакала на свадбата да одиш значи ќе избегнеш нешто неубаво или непријатно. се на се ме е лош сонот само биди претпазлива, поздрав
A да сонуваш како се возиш во автобус со многу луѓе ? И се сеќавам дека накај беровската брана сме возеле
Автобус значи сигурност, може да имаш некоја прослава за нешто убаво(луѓето), не се секирај не е лош сонот.
Меѓу другото во сонот сонував дека си имам најубаво кученце и си се гушкавме повеќе пати имам кученца сонувано, можеби поради тоа што многу сакам или? Што значи куче?
Јас мислам милион работи сонував синојка. Сонував кокошки, после тоа од никаде ми се избаци Волдеморт (овој од Хари потер) и знам дека ме бркаше а јас влегов во продавница за алишта и се криев позади закачали
што значи да сонуваш како ги миеш забите значи што паста сум истрошила а сите ми велеле дека заботе ми се бели немора толку силно да ги четкам...