Мене сите сонови што сумги сонувала ми се исполниле.. Да ви кажам што сонував пред една година.. Сонувам како сум во болница бремена и јас се гледам од страна со огромен стомаак.. ии плачам многу, а до мене стои татко ми и ми вика ајде да влеземе нема да те боли.. ја плачам и викам несакам знам дека ќе ме боли.. ии ептен плачаам татко ми ме гушнал а ја цела свиткана и како да с егледам од страна .. (фактички како два пати да бев на сонот) и влегуваме внатрее и мене многу ме боли стомакот и легнувам како за породување.. и ми прави докторот ехо.. и ми вика имаш близнаци од десна страна ти е девојчето одлева машкото.. ии од еднаш како од горе да ми паднаа децата и се разбудив.. После десетина дена отидоф на операција.. од слепо црево дента кога ме болеше стомак бев сама дома никој немаше ја се виктав ептен .. и татко ми дојде порано од работа ко да знаел.. Исто ја имам сонувано мајка ми како ми вика дека е бремена.. ама не и се познаваше стомакот и она се разболе али од настинка.. Значи ако некој сонувал бременесто значи болест некоја..
Денес сонував нешто ама како на делови да сонував бидејќи неколку пати се разбудив и потоа пак продолжив да спијам.Не се разбирам во тие работи па би сакала некој да ми помогне. Сонував како со другарка ми сме биле на некоја забава (земање на димломи нешто така) било топло, летно време и ние сме биле облечени пократки ракави и кратки панталони(се разбудив во овој момент).Потоа кога пак продолжив да спијам сонував како сме се изгубиле јас и другарка ми (нешто така) и како мајката на едно момче не викнала да одиме со неа, а таа била облечена како да доаѓа од зимовање.(јас таа жена ја познавам само од слики, а момчето онака го знам не сме ништо)Сме отишле со неа и сме излегле на некое скијачко место.Сите луѓе таму наоблечени , а ние така летно(не ни било ладно).Јас кога сум го видела тоа момче сум се стрчнала на кај него и силно сум го гушнала и така гушнати сме стоеле подолго време....потоа незнам се разбудив Може ли некој да ми каже што значи овој сон, нешто на добро или на лошо???
Можеби ти се допаѓа момчето и мислиш дека е од културно и фино семејство па би сакала да ги запознаеш. Едит: Не знам каде да прашам,но ајде тука значи со братучедка ми имаме сонувано ист сон и еве го тој сон. Јас се сонувам себеси,а таа себеси во сонов не сме свесни дека сонуваме и се изгледа многу реално. Ја држам ракава крај устава и устава ја отварам и ми паѓаат заби значи тие си паѓаат,а јас се чувствувам изнемоштено и немам сила, исто така имам чувство како кгоа ќе ти тече крв во устата,но не ми тече само така чувствувам и мирисам. И нејзе истово ама баш истово, ова е од порано,но никогаш ен сфатив што значи, знае некој да ми го објасни сонот и како може да сонувам ист сон со братучедка која ретко ја гледам и живее во друг град?
Тоа значи дека потајно се надеваш да си во туѓа постела. Да сонуваш како ти паѓаат заби не е воопшто добра работа. Тоа значи смрт во семејството... Куче значи добри пријатели кои те поддржуваат или ако си во брак те чека среќа. А ако си играла со кучето значи дека ке се смириш со некој што многу ти недостига. Да сонуваш кокошки значи дека ке дочуеш некое озборување за тебе. Тоа значи дека здравјето одлично те служи. Среќа. Бременост значи болест. Охохоо тоа знчи многу среќа и дека полека, полека се приближуваш кон некое големо богатство!
Што значи да сонуваш бидерамер? Јас сонував како имало свадба 2 куќи подоле од каде што живее дечко ми, невестата го фрлила бидермаерот и јас успеав да го фатам. А многу беше грд, од цветчиња камилица. Бев многу радосна, ама цело време викав НЕ СЕ МАЖАМ, НЕ СЕ МАЖАМ!!!!!
Сонував како сум била во продавница и одеднаш до мене стоело некое многу многу убаво плаво момче (постаро од мене малце) и јас кога сум излегла неговиот телефон сум го имала во раце и после тоа цела маало сум го свртела да го најдам да го видам и да му го вратам. Ако знае некој шо значи нека каже
што значи да сонуваш како нешто славиш ( сега неможам да се сетам што точно сум славела) и како поминувам по маса се поздравувам со сите и повеќето од нив ми подаруваат прстени и ми ги ставаат на десната рака.Незнам точно али мислам 3-4 прстени ми ставија.
Две вечери по ред сонувам како дечко ми ме изневерува, бега од мене, а јас плачам, се нервирам... Во реалноста не е така,само страв ми е да не ми претскажува сонот нешто. Кој ќе ми го каже значењето на моите соништа???
Не се секирај ништо страшно тоа значи дека ќе бидеш нешто среќна и весела (тоа што си плачела во сонт), а дечкоти нема да те изневери напротив ќе ти биде верен(јас сличен сон сонував и обратно се случи), без секирации супер ти е сонот.
Јас пред некое време сонував како сум паѓам во бунар, и ми рекоа дека ќе сум била депресивна,односно ќе сум паднела во депресија. Вистина ли е ова ?
Не мора да значи бунарот има дно така да може нешто затворена ќе бидеш некое време, не е страшно бунарот значи живот место од каде се полни вода може и нешто убаво да ти се случи, но сепак внимавај.
Девојки, Дали ќе може некоја да ми го протолкува сонов: Сонував како еден дечко ( кој едно време ми се доаѓаше, меѓутоа се помирив дека има девојка и дека сме различни ) бил кај мене во двор и си набрал пиперки и други нешта од градината на мајка ми. Беше многу среќен што го нашол сето тоа... Ви благодарам
а да не знае некој што би значело еден ист човек да сонуваш цела недела? не сум во близок контакт со него, освен шо секој ден во сон ми се појавува