Желки, значи дека она на што се надеваш ќе оди бавно, но сепак ќе успееш. Дека треба да успориш во тоа што го правиш, да не брзаш... дека имаш потреба да се заштитиш од некоја ситуација. Исто така значи сигурност и долг живот.
Да се сонува желка значи дека некоја вонредна ситуација радикално ќе го промени вашиот живот на подобро.
што значи да сонуваш близок во невестински фустан но фустанот имал и црни детали на него и невестата не беше весела на сон а и немаше музика прашав зошто вака ми рекоа па 2 пат се мажи нема потреба не сакаме таа уште толку се натажи сонот ми остави голем впечаток
и јас тоа се плашам сонот самиот по себе беше ужасен се плашам бидејќи невестата беше брачедами се надевам само сон ќе остане
не се исполнуваат секогаш соновите,некогаш се под дејство на секојдневието...значи ако сега брзо нешто со неа си зборувала во врска на таа тема,или пак со домашните и тоа можи да биди одговор на прашањето.Бидејки многу работи кои ги зборуваме или правиме во текот на денот навлегуваат во потсвеста и потоа го сонуваме тоа
сонував ... пожар , едно дете ме гушкаше , зборував на телефон со истиот хахах глупости а ? и другиот ден сонував ... одев во замок беше темно и само свеќи имаше од страна на зидовите (исто како во приказнине ) и бев со 2/3 принцеви е сеа незнам дали беа принцеви или нешо друго знам дека имаа мечови и се бореа и еден го ранија и јас бев седната и тој легна на мене а ја видов раната немаше крв што значи ова ве молам кажетеми ?!
Ќе кажам еден сон, што го сонував ко мала, ама ќе го памтам доживотно. Сонував како седиме у нешто како замок, темно, и како мене и црвенкапа не брка волкот. И волкот ја фатил црвенкапа, а мене сеуште не. И и викам на баба ми (која збори со бабата на црвенкапа) бабо, бабо, ај да си одиме додека не ме изел и мене волкот. А она демек нешто одолжуваше.
Синоќа видов едно дете што ми се допагаше но беше со девојка му(од скоро се заедно).И кога си легнав сонував како сум на неговата веридба.Девојка му воопшто не ја видов ниту пак него туку само гласот му го слушав.Тој од едната страна на куката се забавувал во дворот а јас од другата сум седела со другарките и се нешто сум му префрлувала и тој ми возвракал а незнаел дека сум јас.И по тоа дофрлување подоцна ми било страм да се појавам пред него и не сум влегувала во куката.Потоа сум собрала храброст и сум поминала на сред соба каде што седеле сите па дури и моите родители Има оваа некакво значење или засновано е на вчерашната случка?
Леле, каков сон сонував ноќеска, никогаш вака живо се немам сеќавано. Сме биле на брод, имало многу прозорци кои гледале кон отворено море а на бродот работела некоја Кинескиња. Бродот натаму одел, накај Кина. Од тоа прозорците, испаѓале луѓе - да напоменам дека сите на бродот биле мои роднини и познаници - и се бањале во морето/океанот. Наеднаш, почнале огромни бранови, бродот се тресел а таа цело време ни викала да ги затвориме прозорците. Некој ги отворил и испаднале речиси сите надвор да се лулаат на брановите, а јас сум инсистирала да ги затворат. Во тој момент удрил некој голем бран, нешто како цунами, половината успеале да влезат внатре со бранот, половината ги снемало под морето. Потоа, бродот речиси се распаднал после тој бран, сум трчала по некои скали за да ја избегнам водата.
Сонував дека се возам во кола ама со многу голема брзина по некој автопат, а околу нас на патот уште многу други коли, значи гужва имаше. Незнам кој ја возеше колата, не можев да му го видам лицето а знам дека беше машко. Јас со мајка ми седев на задното седиште. Разговаравме за дечко ми, јас бев многу разочарана затоа што сум примила порака во која тој ми раскинува. Што значи ова?
Врида не чини за дечкото што си сонувала, плус се забавувал нешто неубаво ќе му се случи, а тоа дома што си му влегала значи дека и ти ќе дознаеш за тоа нешто неубаво. Некоја неиполнета желба имаш па затоа и бродот си го сонувала, но брановите ќе ти бидат пречка таа желба да ја оствариш, но бидејќи си се качувала по скали за да избегаш од барновите може ќе успееш таа желба да ја оствариш.
Сонував дека сум бремена и требало да се породам. Ме фатило страв и паника па неколку пати им бегав на болничарките и цело време викав дека сакам да ми стават инекција за да не чуствувам ништо (болки) ама нкој не сакаше, сите сакаа природно да ме породат. После наеднаш така трудна се наоѓам на факултет заедно со колешките и треба да пополнуваме нешто за упис за следната година но моето и името на уште една колешка не го пишуваше на ливчиата. Па земавме си поплнивме иако не немаше. И толку се разбудив. Што значи сето ова?
сонував ... пожар , едно дете ме гушкаше , зборував на телефон со истиот хахах глупости а ? и другиот ден сонував ... одев во замок беше темно и само свеќи имаше од страна на зидовите (исто како во приказнине ) и бев со 2/3 принцеви е сеа незнам дали беа принцеви или нешо друго знам дека имаа мечови и се бореа и еден го ранија и јас бев седната и тој легна на мене а ја видов раната немаше крв што значи ова ве молам кажете ми ?!
Сонував како двајца луѓе сакаа да ме убијат со пиштоли, пукаа накај мене, јас се криев во една кола и некако не ме погодија. Што значи тоа?
Сонував дека одам кај мои братучеди. Тие живееле во една стара куќа(во која не живеат навистина), која е скоро пред распаќање и која ни припаќа нам(ни припаќа ви реалноста). Имале една мачка во куќата, а тие инаку не чуваат никакви животни, дури и се плашат од мачки и кучиња. Јас сум била со моето куче и сум го оставила во ходникот, а јас сум влегла внатре. Оддеднаш сум се сетила тој ќе скока по мачката и сум истрчала во ходникот, но веќе тој бил избеган по мачката надвор. Спојлер Инаку, кучето знае да избега од дома и ако не го фатам навреме може и да не се врати.