Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Што значи да сонуваш дека убиваш некој со нож?
    Но пред да помислите дека сум некој сериски убиец кој е на одмор :D да ви објаснам дека сонов беше како хорор. Во сонов сме јас,мајка ми и имам многу сестри или другарки мислам дека сестри не се сеќавам од завчера ми беше,но единствено не ми е сестра мојата вистинска и единствена сестра. Од мојата вистинска сестра другар од детството тој пробува да не убие на сите ги убива повеќето од сестрите и на крајот сфаќам дека треба да се бранам и земам киселина и нож и се наоѓаме јас, мајка ми и уште една или две сестри,а тој е во ходникот на вратата имам ставено многу работи за да не може да отвори и да влезе на не убие,но сфаќам дека треба да се соочам и ги тргам работите ислегувам подготвена,но тој не е тука и се дерам името негово бидејќи го познавам детево: _____ кај си проклетнику?! И се дерам и тој излегува и прскам со киселината в лице,но го одбегнува тоа,но уште малку ми е сотанато од киселината и си го туривам тоа в рака и прскам кај него в очи и тој се лути и пробува да ме убие со нешто веројатно нож не се сеќавам,но и јас имам и му го забодувам в стомак поточно во пределот каде што се граничи стомакот со градите,но не многу и уште еднаш го забодувам,но и тој со нешто ме забодува во раката, и мене ми течи крв,но не е ништо сериозно,а тој паѓа мртов... И се будам држејќи си ја раката... Што значи ова? :^)
     
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Сонот сака да те предупреди некој твој пријател или пријателка ќа сакаат да те повредат нешто,но нема да успеат бидејќи ти знаеш да се браниш, а тоа што си го убила ќе се извадиш од некоја ситуација во која може ќе бидеш повредена мислам психички, а тоа крв што ти течело заначи глас ќе слушнеш некој во врска со тоа што ќе имаш мака. Внимавај околу себе имаш доста непријатели
     
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ПОСТОЈАНО сонувам како забите ми се расипани,а ноќеска сонував и како ми извадија заб?Што значи? :worried:
     
  4. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Соновникот на "Ризница" вика...
    ако сонуваш дека имаш расипани заби, значело болест. А ако извадиш заб значи дека ќе прекиниш однос со некое непријатно лице. :)
     
  5. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    уфф солзите уште ми се во очи од не толку страшниот сон, ами помалку морничав.
    сонував како кај мене дома имам едно мало дете на спиење и мојот помал брат (починат). Требаше да легниме да спиеме и јас размислувам кој каде да спие, ама само за мене и малото дете, а брат ми спиел во другата соба. И не знам сега баш како отидовме во другата соба кај брат ми и им викам „еве овде ке спиеме. Може сите тројца да спиеме на троедот, за да не го спуштам и другово?“ Ама малото не се согласи, па така брат ми легна на троседот, малото дете на двоседот (во иста соба), а јас во другата соба сама...и сега ко во магла се сеќавам,(не го запамтив цел сон) како малото дете да дојде кај мене во соба и да ми рече нешто, ама не знам...мн ми беше страв сабајлево, а не знам
     
  6. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Душиче може ќе имаш некоја непријатна случка инаку машко мало дете е убаво да сонуваш женско не чини, а за барат ти не разбрав дали во сонот е починат или реално е починат па го сонуваш извини на вакво прашање ама ако е жив ќе му се продожи живото,а ако не нешто дошол да ти каже и да те опомене но бидејќи си спиела одвоено во друга соба нема место за паника.
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сонувам како си седам пред двор,и одеднаш авион почнува да паѓа,позади мојата куќа...до мене "долетува "една штикла и многу убава чанта ,демек од некоја девојка што била во авионот многу ми се допаднале па сум пошла на местото каде паднал авионот да ја барам и другата штикла и кога сум ја нашла многу сум се израдувала и сум ја зела заедно со чантата и сум ги облекла....преееморничавв ми беше сонот,насекаде оган,чад-од авионот,умрени луѓе а јас ја барам другата штикла :doh: :doh: :doh: И што значи? цел ден го мислам :(
     
  8. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    реално е починат тој-еве веке година и 4 месеци...а она другото малото дете машко беше :?:
     
  9. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Маца многу починати луѓе во сон значи некои гласови неубави ќе слушнеш исто и оганот и чадот заначат гласови, а ташна и штиклите може нешто убаво да ти се случи на пример бременост ако е посакувана, така да биди малку повнималтелна не е страшен сонот поздрав и имај убав ден и не се секирај
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Нека му е лесна земјата, не ми се допаѓа во сонот што ти си сакала да сипеш во иста соба со него или на ист кревет , но не си спиела и тоа е најдобриот дел од сонот така да пази на себе овие денови и мислам дека се ќе заврши убаво и пак извини што прашав за брат ти извини!
     
  11. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    131
    Дали некој знае што значи ако сонувате пајак...?
    Цела ноќ бркав пајак во соби во мојот стан кои не ни постојат. Беше прилично голем, колку тениско топче отприлика и го бркав со метла. Колку пати и да го смачкав пак остануваше жив. И сонот како да немаше крај, без расплет каде јас го убивам пајакот и си жевеам среќно. Се разбудив сред борба... :)

    Обино не верувам дека соновите имаат некакво значење. Ретко сонувам, а и кога сонувам се сеќавам само на делови. Ме зачуди сонов зошто првпат памтам сон од почеток до крај во детаљи.
    Затоа и ме интересира дали има некакво значење.

    П.С. Обично кога ќе видам пајак се заклучувам во друга соба, а во сонов не се плашев...
     
  12. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Обично некои неиспонети желби можеме да ги реализираме преку сон пајак значи пари во сон така да сонот ти убав и нешто убаво ќе ти се случи, јас лично да ти кажам најмногу се плашам од сон зошто кога и да сонувам нешто лошо се се испонува или добро и најмногу верувам во сон
     
    На plawa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Фала Марија.
    Е сега сакам друго да прашам.Многу често го сонувам мојот починат дедо и во сонот е жив :(
    Што би значело ова? ;(
     
  14. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    реално е починат тој-еве веке година и 4 месеци...а она другото малото дете машко беше :?:[/quote]
    Нека му е лесна земјата, не ми се допаѓа во сонот што ти си сакала да сипеш во иста соба со него или на ист кревет , но не си спиела и тоа е најдобриот дел од сонот така да пази на себе овие денови и мислам дека се ќе заврши убаво и пак извини што прашав за брат ти извини![/quote][/quote]


    абе зашо се извинуваш..не е проблем.. јас некако и сакам да зборувам а И ЗБОРУВАМ често за него-тој бил и Е дел од мојот живот, и јас се носам со тоа што веке е бидено :)
    инаку фала што се потруди да ми објасниш, голем поздрав до тебе :*
    оф топик сум ама...
    едит:и заборавив да кажам дека периодов мн често го сонувам брат ми...и порано го сонував ама не толку многу, сега речиси преку една вечер
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сонував дека со многу тешко скараната другарка сме се гушнале. Таа дошла кај мене да ми каже нешто саркастично, и јас сум и рекла нешто извини (а во реалноста уствари таа е крива што сме скарани) и сум ја гушнала и сум почнала да плачам.
    И таа ме гушнала.

    Инаку ова си нема врска со реалноста дека сакам да се смириме, можам да кажам дека супер ми е вака скарани, бла бла. Што друго би значел сонов?
     
  16. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Веќе неколку пати го сонувам мојот мртов дедо, од сите во семејството само јас го сонувам и еве последниве пати го сонувам како да сака да ме земе.Минатиот пат не успеал да ме земе бабами ме оттргнуваше од него и бранеше и тогаш само почнал да ме бакнува- и да се разболев нели болест е тоа кога мртов те бакнува.Но, вчера пак го сонував како ме давел и пак бабами ме бранела а он упорно идел и сакал да ми наштети а јас сум плачела и некако успеав да се ослободам и да избегам.Што значи?? Страв ми е што сака секогас нешто лошо да ми се случи а напротив кога беше жив јас со него бев премногу блиска цело време го поминував со него а сега вака ми прави :(
     
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Не знам што би значел сонов, но ако ти е многу страв пробај напрскај ја собата каде што спиеш со света вода, или викни поп да пее. И вечерта легни наопаку, каде што ти се нозете стави ја главата.
    Тоа се бабини деветини, демек кога сонуваш такви работи да спиеш наопаку за да не „те земат“ што се вели.
     
  18. Tamar4ence

    Tamar4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    сонував ... пожар , едно дете ме гушкаше , зборував на телефон со истиот хахах глупости а ? и другиот ден сонував ... одев во замок беше темно и само свеќи имаше од страна на зидовите (исто како во приказнине ) и бев со 2/3 принцеви е сеа незнам дали беа принцеви или нешо друго знам дека имаа мечови и се бореа и еден го ранија и јас бев седната и тој легна на мене а ја видов раната немаше крв...

    знае ли некој нешто да ми каже од овие мои глупави сонови ? :/ :D
     
  19. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363

    Не сакам да те плашам ама од имам слушано дека кога некој умрен човек во сон се обидува да те одведе кај него тоа значи Смрт, а тоа дека баба ти те бранела тоа значи дека таа се бори со смрта или така нешто...Е сега колку е ова точно не знам, така имам слушано! :tmi:
     
  20. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Што значи во сон да ти се појави жаба, мала беше
    Знае некој?