Сонома - диета за доилки

Дискусија во 'Диети' започната од Serafima, 15 мај 2015.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Долг период бев во потрага на тоа како да ги изгубам килограмите од и после бременоста. Од некои за почеток 8 кг за губење, со текот на времето како што пополека ми се намалуваше лактацијата, постепено ставив уште 8 кг на себе. Но за да не му предизвикам нешто на малото, доколку би била на строга диета, се помирив со моменталната сотојба и чекав да го одбијам. Но, во меѓувреме ја пронајдов оваа диета и се решив да видам што би било.
    Исходот е неверојатен, што и самата се чудам. За 2 месеци изгубив 9-10 кг и без притоа да чувствувам глад и најважно без последици на здравјето или пак на млекото. Сеуште имам млеко, сеуште го дојам малото(иако имаме 1 година и 4 месеци), а килограмите полека заминуваа.
    Диетава ја најдов пред извесен период на интернет. Се пронајдов во неа, од аспект на тоа што не се работи конкретно за диета, туку за еден здрав режим на исхрана. Јадеш колку што ти се јаде, комбинираш како што сакаш и не си ограничен на некоја извесна намирница, немаш граница за толку и толку да јадеш, туку јадеш се додека чувствуваш глад.

    Диетата се состои од две фази.
    Првата фаза е фаза на детоксикација. Временскиот период е 10 денови и во тој период е забрането секаков тип на бел шеќер во исхраната (ни минимално), потоа забрането е овошјето, а ви се дозволени следните намирници:
    ПРВА ФАЗА
    Зеленчук:
    пиперка, брокула, домат, зелка, целер, краставица, праз, марула, печурки, спанаќ, тиквички, кромид, роквици и млад грашок.
    Протеини и млечни производи: грав, леќа, боб, потоа телешко месо, јајца, секаков вид на риба, јагнешко месо, свинско месо, пилешко месо, мисиркино месо, школки, производи од соја, млеко со намалена масленост ( до 2 чаши дневно), младо сирење (до 100гр.)
    Напомена: Јогуртот е забранет во оваа фаза.
    Житарици: пченица (варена), интегрален ориз (јас користев обичен), интегрален леб, овес, зоб, просо.
    Напитоци: Зелен чај ( до 2 чаши дневно), негазирана вода (најмалку 2 л дневно) и кафе ( не повеќе од 2, но без шеќер).
    Уште дозволено е да се конзумира бадем (не повеќе од 11 парчиња дневно), кикирики (до14 парчиња дневно), ореви (до 5 парчиња дневно), потоа дозволени се сите видови на зачини (кари, чили, бибер, мускатно оревче, рен, цимет, ѓумбир, лимонов сок, сенф, вински оцет, ванила) и дозволено е само маслиново масло за подготовка на оброците.

    Во оваа фаза според искуствата на доилките кои ја држеле, доколку има преголем вишок на килограми, може да се загубат максимално 5 кг и без притоа да биде на ничија штета тоа губење.
    Конкретно кај мене, едвај дали изгубив 1-2 кг, зашто моево тело полека ги става килограмите, ама тешко ги губи. Па овој период од 10 денови ми беше како еден воведен дел т.е. припрема на телото. МИло ми е што не се разочарав и продолжив, па затоа ви го кажувам ова, зашто кај некои личности не е така лесно. Но потоа ќе го видите резултатот.

    ВТОРА ФАЗА

    Втората фаза временски трае додека сакате да ја постигнете иделаната тежина. Се тоа зависи од самиот организам, на некои помалку на некои повеќе време им е потребно тоа, но резултатите се загарантирани.
    Најважно за оваа фаза е комбинацијата на оброкот.
    Доручекот треба да биде 75% протеини и млечни производи и 25% житарици.
    Ручекот и вечерата
    треба да биде 25% житарици, 25% протеини, 25 % зеленчук и 25 % овошје.
    Мојата практика беше тоа што овошјето го ставив само по еден до 2 часа после оброкот, односно го јадев како ужинка.

    Во оваа фаза може да се конзумира се она што беше во првата фаза, но со плус додатни продукти.
    Зеленчук: артичока, варено цвекло, морков, тиква.
    Овошје: (две порции дневно): јаболко, кајсија, боровница, капина, вишна, грозје, цитрон, диња, сливи, киви, лимон, портокал, папаја, ананас, круша, дуња, јагода, мандарина, лубеница и малина.
    Протеини и млечни производи: сите намирници од првата фаза плус, јогурт (со намален прцент на масти до 1 чаша дневно) и тврдо сирење ( 1 паче).
    Житарици: дополнително е дозволена тестенина од интегрално брашно и пуканки.
    Напитоци: дозволена е и една чаша црно вино
    Дозволено е и сончогледово масло.


    Најважно што би го потенцирала е тоа што килограмите не се враќаат . И после еден месец откако завршив со диетата, ни еден грам немам ставено на себе. Единствено научив многу благодарение на неа, го намалив шеќерот во исхраната, не јадам како што сум јадела порано (иако правам за сите други, но едвај дали малку каснувам), нема повеќе бел леб, туку домашен и интегрален (барем да се знае што се јаде), научив како да ги комбинирам оброците, а најважно се научив да пијам вода. Бидејќи порано едвај дали 2-3 чаши вода сум пиела дневно.
    Ако сте се мачеле како мене, ви ја препорачувам од срце (y).
     
    На TutiFuti, НаталиЛили, senza.parole и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    49.430
    Е браво за темава :clap:
    Веќе почнав да размислувам како ќе ги намалам кг, а имам уште месец дена до породување. :)
    И ми се допаѓа и ми одговара диета.
    Се читаме тука. Малку оваа околу проценти се збунува, како ќе го мерам колку што , не за друго не ми се мисли околу тоа, ама бидејќи ќе ми треба, ќе се обидам :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Мило ми е @Sky-butterfly што те фаќа за окце диетава :$. И мене така ме намами. Воопшто не и се мисли мила и од првиот ден да си ја започнеш, откако ќе се породиш. Ќе видиш и сама. Здравје Господ, ако повторно бидам бремена во иднина, веднаш одам на неа. Зашто ми е испорбана и со големи резултати.

    Што се однесува до мерењето во проценти, искрено не мерев ништо. Единствено распоредував се во тањирчето и гледав да биде се во баланс. Пример една кришка леб, едно парче (месо или сирење или што било друго) и мнооогу салата ( на неа не се воздржував). Можеби леб и месо или риба или што било друго немаат иста специфична тежина со лебот, но сепак гледав да има некој баланс. И тоа беше моето мерење. Но суштината што е во целата диета е конзумирањето на здрава исхрана, првенствено за здравјето на мајката, а со тоа и на бебето. Вистина е, правев и отстапки, пример понекогаш јадев варен компир што е забранет, или пак бел леб кога не сум била во можност (пример на гости), или пак малку благо (некоја коцка чоколадо), но тоа во споредба со другото е безначајно. Значи, сум правела и отстапки, ама сепак сум намалувала на килограми :).
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.536
    Допаѓања:
    75.515
    Пол:
    Женски
    @Serafima ова ќе помогне за недоилки?:D
     
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    @lunicka , мислам дека ќе помогне. Не мислам, туку сигурна сум (highfive).
    Ајде да те мотивирам, да влезеш во групава :*.
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.536
    Допаѓања:
    75.515
    Пол:
    Женски
    Е се убаво ама кафе без шеќер :shake:.
    Горчлив живот,горчливо кафе па не оди :D
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Море ќе го навикнеш и кафето, без гајле :D.
    Не сум љубител на кафе, па не ми беше проблем. Но понекогаш кога ме фаќа мигрената, само тоа ми е спасот. Затоа и во тој период, не ни го пиев.

    Додека нешто што изоставив да ви кажам.
    Наутро јадев една лажичка мед и си го правев оној напитокот од лимон и ѓумбир, но со измена што медот го ставав во напитокот. А потоа продолжив и ако варев кафе, во кафето ставав мед. Е сега тоа ми е откритие од диетава, па кафето денес го пијам со мед (лудило :D).
    Сакав да кажам дека иако е забранет медот или благото, јас медот го јадев секој ден. Што значи мед можете да јадете, од искуство ви кажувам ;).
     
    На Mrs.Bass, lunicka и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    49.430
    би сакала од прв ден да бидам на режим.
    Мене ми значи овака нешто напишано, јас сум ко војник, ако ми е напишано нешто стриктно ќе се придржувам и така ми е полесно.
    Секој знае во принцип што би требало, а што не да јаде нели, ама мене ми е тешко да го почитувам тоа. А кога ми е овака дефинирано нешто како некоја си конкретна дијета, е тогаш сум дисциплинирана :D

    Кафе нема ни да пијам, не се ни сеќавам дозволено ли е во доење:^)
    Море како ќе бидам ненаспавана сигурно ќе пијам, па и без шеќер, да биде појако :)
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Мила @Sky-butterfly, само гледај издржи ги првите 10 денови. Но, ако не можеш, тогаш каснувај и нешто овошје, ама гледај да биде што е можно покисело, да нема многу шеќер во него. Зашто сепак и шеќерот, и тоа му е потребно на бебето, тоа најмногу треба да се гледа.
    Или пак мила, започни од втората фаза, па првата прескокни ја. Ти самата ќе си видиш, да не имаш после некои проблеми со пад на шеќер или слично во тој период од 10 денови :). Зашто сепак ќе бидеш пресно породена.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    Super tema @Serafima ..bas na vremr otvorena.ja sum mesec dena porodena i nekako prodolziv da pripazuvam i pozdravo da se ishranuvam i sega vaka taze porodena.za vreme na bremenost kaciv 15 kg od koi za mesec dena simnav 10.znaci treba da namalam uste 5 da se vratam od kaj sto pocnav no za da sum so idealna tezina treba uste +5 t.e da si dojdam na 60 kg.
    Od gore napisanovo mozam da kazam deka gore dole so tie namirnici se ishranuvam.lebot go zameniv so dvopek , cokoladite so nekoi zitni integralni keksi.e sega jas primenuvam pred legnuvanje napitok so med i cimet.ova mi e provereno so prvata bremenost kade za mesec dena namaliv 4 kg.
    Za rucek obavezno jadam salati.no nekako stagniram so kilazava a i deka dojam osetiv nekoj zgolemen apetit no sepak se vozdrzuvam.voda i onaka mnogu pijam
    E sega ajde fino si pisala sto moze da se jade pa mizes da ni posociv primeri za dorucek i vecera.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.693
    Допаѓања:
    103.550
    Не сум ни мајка, а уште помалку па доилка, ама еден куп имам околу себе.
    Гледам во првата фаза имате зелка и брокула, а тие не се препорачуваат да се јадат додека се дои затоа што предизвикуваат грчеви кај малите, а неретко го менува вкусот на млекото што прави да не сакаат да продолжат да цицаат.
     
  12. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    Vo pravo si i jas toa go zabelezav ama mislam deka koga bebeto ke napravi nad tri cetiri meseci vekje grcevite prekinuvaat pa moze da se jade i toa..nie sme mesec dena pa mnogu vninavam sto jadam
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.693
    Допаѓања:
    103.550
    Искрено не знам, можеби и грешам, ама жениве околу мене и до 6 месеци не јадат такви работи додека малото не почне да внесува и друг тип на храна. Бидете претпазливи.
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Во право сте за забелешките во однос на некои намирници.
    Точно е се’, во првите три месеци најмногу треба да се внимава на нив, зашто тие се најголемите причинители на грчеви кај бебињата. Од овие веќе наброени, најмногу треба да се избегнуваат гравот, грашокот, печурките, цитрусните овошја, брокулата, зелката... Но после третиот месец веќе може да се конзумираат истите.
    Но, сепак секоја мајка си знае најдобро за своето бебе. Зашто сепак има и некои бебиња кои не реагираат на некои од наброените намирници. Пример јас немав никаков проблем со цитрусните овошја и од почеток ги јадев, но имав проблем со печурки, грав, зелка...
    Па затоа, првите три месеци може да конзумираат и други намирници, а овие и да се изостават. Додека после третиот месец и да се внесат во дневното мени.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    eve jas da si kazam,kaj mene posle 4tiot mesec otkako se rodi sin mi ,zelkata pocna da stvara gasovi i mn mu precese pa prestanav da jadam.
    do 4 meseci niendo jadenje ne mu stvarase gasovi,posle toa zelka,grasot i site tie.pa morav da prestana da gi jadam