1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонување на свето лице

Дискусија во 'Канта' започната од Sunshine1988, 12 септември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sunshine1988

    Sunshine1988 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Здраво девојки.

    Би сакала да ви споделам неколку сона и да го слушнам вашето мислење за нив. Вие што би направиле ако сте на мое место?

    Се започна пред две години со овој сон. Сонував како сум се шетала со еден мој пријател којшто малку си паѓа женкар, зема дрога итн. Бевме на едно непознато место. Во еден момент тој ми вели: сега ќе те однесам на едно волшебно место каде што се случуваат чуда. И јас сум му рекла ок. Ме однел во една црква на два спрата. Тој ми рекол: местото е горе по скалите. Било се дрвено, скалите дрвени, но немало никакви икони. Сме отишле до горе по круглите дрвени и тесни скали и се што имало пред нас било една икона на Св. Димитар со коњ и копје во рака. Момчето ми кажало: сега ќе го видиш чудото. Одеднаш од иконата излегло копјето на Св. Димитрија. Момчето ми кажало: Не го допирај и не го земај, бидејќи ако го земеш ќе треба да се бореш со него, а ти си никој и ништо во споредба со него. И така копјето стоело во воздухот неподвижно и сме слушнале глас: "Убаво направивте. Сега ќе ве однесам во мојот свет." Во тој момент сме влегле сеедно во иконата и наеднаш сме се нашле двајцата на небото. Ништо немало таму, само светло, бело, а ние сме биле минијатурни човечиња. Тогаш се појавила огромна рака, верувам тоа било раката или на св. Димитрија или на Бога. Го погледнал момчето и му рекол: ти тука немаш никаква работа, а ти (за мене), ти си со мене. Момчето изчезнало, а јас сум ја видела огромната дланка како ме зима и ме обградува целата. Тоа беше првиот сон, но после него имаше уште и уште...

    Сакам само да потенцирам дека од првиот сон до ден денес јас имам проблеми со здравјето :( Операција, желудник, грипови, грло, крајници, дебело црево... Незнам, имам чувството дека имам некоја обврска и задача на земјава и дека овој светец и Бога ми даваат знаци, но јас навистина незнам што може да е. :( Да знам би го направила веднаш и затоа се обратувам кај вас девојки за мислење и совет.

    И соновите продолжија, не беше единствениот сон. Бидејќи живеам во Бугарија, после овој сон бев во Македонија но за многу малку и тогаш си велев ќе одам на црква по некаква случајност што е на Св.Димитрија. Е да, но не бев, не ми остана време. Ама ми се случи нешто друго многу интересно. Кога одевме со татко ми поминувавме покрај црквата и точно пред црквата и пред да завртиме накај неа го видов момчето од сонот со една постара жена. Толку многу ме исплаши бидејќи не очекував да го видам и тоа точно до црквата. Си кажавме здраво и се одминавме. После тоа разбрав дека постарата жена била мајка му и починала. :( Кога се вратив многу ми беше мачно што не бев на црква во Кавадарци. Истата вечер откако пристигнав во Софија сонував, усвари не сонував а само слушнав гласови: Не се секирај што не си била на црква во Кавадарци. Можеш да отидеш и тука во Бугарија, но црквата треба да ја најдеш започнувајќи од Охрид. Веднаш се разбудив и ме фанаа морници. Тоа беа само гласови кои ги слушав, но без никаква слика и сон, неможев да поверувам... Неколку вечери после тоа одново сонувам како сум во еден магазин за сувенири и како разгледувам некои икони. Меѓу нив и онаа од Св. Димитар. Сум зела една округла како чинија и на неа напишано: Изработено од Марија, црква Александар Невски. Оваа црква ја има во Софија и после овој сон решив да отидам таму, да се помолам и запалам свеќа. Си земав и икона од таму. Но како што ви кажав погоре после овие сонови започнаа и моите здравствени проблеми. :(

    После последниот сон помина многу многу време до следниот. Всушност ако не сум пропуштила некој, следните сонови беа пред една недела. Одново ја сонував иконата на Св. Димитрија но овој пат како сум ја држела во раце и лицето се помрднало и пак се вратило во истата положба. После овој сон, сонував како се наоѓам во црквата на Св. Димитрија и како сум зборела за чудото од минатиот сон со иконата како се помрднала. Имав слободни денови од работа и затоа решив да одам во Солун кадешто се наоѓа црквата на Св. Димитрија и неговите мошти. Се молев многу на него и на Бога. Земав и икони од таму да ме чуваат, едната си ја ставив над мојот кревет, а другата во чанта.

    Откако се вратив пак во Софија уште истата вечер имав страшен кошмар. :( А беше толку вистински... Сонував како се наоѓам во мојата соба и наеднаш вратата се затворила, а во дневната се слушало страшни звуци. И во тој момент сум си помислила дека лош дух го превзел станот. Било многу страшно. Вратата од собата се отворила малку и со страв излегов од неа. Го видов моето маче во три копии и не сум знаела кое е вистинското маче,а кое мачето што го превзело ѓаволот или лошиот дух. Сум влегла и во дневната соба и сум видела една цигара запалена и како сама изгорува и се пуши. :worried: Во тој момент ме фанало толку многу страв што сум почнала да врескам во сонот, излегов од станот и врескам. Ова уште го сонувам секако. Од моето врескање излегле соседите и ме прашале што се случува. Јас сум им објаснила, но тие не ми верувале. Ми викале: А бе ти си напушена, што си земала, марихуана ли... Јас сум им велела - нееее, мора да ми верувате, ова сварно се случува, ама они ме мислеле за ненормална и ми ја затвориле вратата. Тогаш видов многууууууу работи исфрлени од станот а наредени по скалите, дури и работите од торбицата со која патував во Солун... Пак ме фанало страв и на прозорецот се појавил духот или ѓаволот, ме гледал ми се смеел ѓаволски и се фрлал од прозорецот долу, пак се враќал и пак истото, ме гледал, се фрлал, пак станувал на нозе и ѓаволски ми се смеел. А бил во телото на смеѓ маж со сини очи и малку брадичка. Беше многу страшно... Се разбудив конечно преплашена. Ја кажав молитвата и си кажав дека никогаш нема да ја загубам вербата во Бога, никогаш! И веднаш потоа пак се успав.

    Тоа е се девојки. Ве молам за помош. Се разбирате ли од сонови и може ли некоја од вас да ми објасни што може да значат сите овие сонови. Ви благодарам однапред и ве бакнувам. :*
     
  2. Sunshine1988

    Sunshine1988 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Им благодарам на сите што ми пишаа на инбокс. Прекрасни сте, бидете благословени и нека Бога биде секогаш со вас!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.