1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сончева диета

Дискусија во 'Диети' започната од MiniMouse7391, 24 јуни 2012.

  1. MiniMouse7391

    MiniMouse7391 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    30
    Незнам колку од вас има слушнато за оваа диета ама пак јас да си прашам некој да не ја има пробано, а ако ја има какви се резултатите оти сакам да ја пробам :lol: .

    Станува збор за диетата со жолта боја. Оваа сончева диета не би требало да трае повеќе од осум дена. Ако ја применувате правилно може да изгубите и до 4 килограми. Основното правило на овој режим на исхрана е дека треба да консумирате само жолти намирници. Треба да се користат: аргуми, тврди сирења, кајсии, дињи, банани, тикви, жолти јаболки, круши и слично.Дневно може да изедете до 500 грама жолта храна. Освен тоа дневниот оброк треба да содржи најмалку 4 различни намирници и тоа сите во еднакви количества. И по можност да се внесуваат жолти течности како чаеви или сокови.
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    И со еднолична храна ќе ослабиш 4 кг? Ќе ослабиш можда и 5 ама после 10 ќе ги вратиш.
     
  3. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Не знам кој би можел да исдржи осум дена само на дињи, кајсии и банани. Организмот сам по себе си бара протеини, јаглехидрати, па и масти, а единственото нешто што овие продукти можат да ти го дадат се сложените шеќери. И како што кажа Лукс, може ќе изгубиш 4 ама после 10 ќе ги вратиш :!: