Јас просто го обожавам! А вие ,драги мои ? Дали и колку често го консумирате? Со лушпа или без? Во пакетче или рефус?
Сончоглед ! мњамм е ова се вика завист ! ако почнеш неможеш да престанеш бел сончоглед на рефус и после устата незнам незнам да бегаме
Сончоглед ! леле зависна сум !!!!!! и има една добра особина ми заменува оброк најцесто вецера едно 100 гр рефус . има калории али е подобро од пица
Сончоглед ! Консумирам, рефус, без лушпа, и колку и да сум купила, не престанувам да јадам додека нема повеќе. Зараза, навистина.
Сончоглед ! Ретко јадам сончоглед и тоа само ако видам некој да јаде. Ме нервира дека обично е често премногу солен за мој вкус и плус дека е ситен, а често знае да ги црни и рацете. Повеќе сакам семки од тиква
Сончоглед ! Кај ја најдов пак и јас темава. Сакам да си купам ама ме мрзи топло е надвор. Инаку он топик, го обожавам, кога ќе пробам не можам да се сопрам, мм ме зеза нон стоп на таа сметка. Го преферирам белиот, крупен, нелупен (во грицкањето е штосот башка и го намалува стресот) не многу солен. Инаку во својот состав има многу корисни материи, како фолна киселина, Б комплекс, Е витамин и др. Сепак, тој е и доста калорична храна така што ако сакате да ја задржите телесната тежина, не консумирајте повеќе од една шака, инаку за кожата и косата е совршен.
Сончоглед ! Ептен е заразен ,ко ќе почнам не знам да престанам И јас земам рефус ,ама претежно од црниот ,бел има само во пакетче ,ама од таа фирма мали му се семчињата ,не можат да ме нахранат А устата - а ла Анџелина !
Сончоглед ! Па со 100гр консумираш некаде околу 800 калории, така да подобро пица касни си. Јас го јадам, зараза ептен. Порано почесто го јадев, кога вегетирав на овошје и на вода, ехе, за вечера сончоглед. Сега некако се трудам да се контролирам затоа што не ми се прави есапот, многу се калориите а воопшто не најадува. Да не спомнувам кои нервози ми се кога ќе ми се заглави меѓу забите. :geek:
Сончоглед ! Го обожавам и зависна сум од него...Наеднаш можам да изедам и за 50 денари...Ми доаѓа напад на јадење сончоглед одам в продавница и купувам ..
Сончоглед ! го обожавам ама ептен ми ја уништува устата бе како некој бокс да сум изедела хааха на мерење 140 денара кило офф...овде е во пакетчиња ама си го јадам и те како...
Сончоглед ! во тетово има една трафика и сончогледот се продава тогаш тазе печен додека е врел...абре не знаете каков е убааааав сончоглед од Роналдо <3
Сончоглед ! ПРОСТО ГО ОБОЖАВАМ. (само белиот, некако по крупен ми е, а црниот многу ми се рони) Зависна сум од сончоглед, иначе има семкара во мојата населба, и секој ден си купувам. (само не последниве денови, не сум излезена од дома)
Сончоглед ! МНОООГУ ЗАРАЗНА И КАЛОРИЧНА НАВИКА МИ Е. Често си грицам. Инаку девојки многу е калоричен цел е со масти не за џабе се користи за производцтво на зејтин. Да ве утешам малку тие сорти на сончоглед за зејтин и за грицкање не се исти ама сепак и овие zа грицкање се калорични
Сончоглед ! И јас си сакам сончоглед. Често си го комсумиравм,обично рефус, ама сега сум на диета и немам каснато од 9 јуни
Сончоглед ! Сончогледот ми е порок. Не можам да престанам со грицкање се додека има и додека не ми потече устава од солта. После тоа не можам да дособерам лушпи од него, ама не се откажувам. Иначе најдобар има во продавничките на Рекорд, рефус
Штооо? Сончогледот содржел толку калории? Аиии сега се разочарав А штотуку зачестив некако со сончогледот