Уффф позаразно нешто нема Порано не поминуваше ден а да не каснам Спојлер а под каснам мислам да јаадам се додека устата не ми се направи бумбар Белиот го сакам повеќе
Значи, вистинска зараза е , како што рече iloveyou29, почнеш ли, нема крај. Го имам пробано и лупениот, ама не ми е вкусен како црниот. Финтата е во грицкањето. Ми се допаѓа чувството кога устата ми е отечена од солта мх, мх, мх . Исто така, сончогледот е и многу здрав и не ме интересира тоа колку многу калории има-јас ќе продолжам да си јадам
toa e nesto naj naj naj naj ubavo na svetot bes koe ne mozam da ziveam i si kupuvam od kam 18 den 200 g i si jadam po 400 gr na den prosto zavisna sum u krf mi e
Едно време станав зависна од него, дечко ми на секое гледање кога ме враќа дома го терав да идеме да си купиме да си имам у наредните денови за грицкање
Многу сакам сончоглед! Една од омилените грицки ми е! Го сакам и црниот и белиот кога првин ќе го излижам од солта,а потоа ќе го излупам и изедам! Исто и несолениот го сакам! А еднаш пробав и ситно дробен сончоглед Jumbo од Кам-маркет и многу ми се допадна,па затоа ќе гледам во најскоро време пак да си купам таков Jumbo сончоглед од Кам-маркет! Можеби сончогледот е многу калоричен,но сепак,од друга страна,пак,е и многу хранлив и одлична занимација за пополнување на времето,но среќа моја што јас не го јадам толку често и не сум претерано зависна од него,го јадам само одвреме-навреме кога ќе ми дојде желба за нешто солено за грицкање,така што јас сега гајле си немам дали ќе се здебелам или не од него! Како и да е,јас многу си го сакам и ќе продолжам да си го грицкам и во иднина заедно со семките од тиква,кикиритките и леблебијата со суво грозје!