На мене повеќе ми се допаѓа црниот сончоглед. Белиот не ми е вкусен. Купувам од оној сончоглед што е на мерење. Евтин е. Кило е 120 денари.
Секогаш кога јадам сончоглед ми излегува херпес. Затоа ми многу ретко го јадам. А стрв ми е за него, многу. Едно зрнце ако пробам не можам да се сопрам додека едно полно ќесе не изедам. Зараза голема е.
Се согласувам дека е зараза. Јадам и црн и бел сончоглед, а некогаш ако ме мрзи да го грицкам купувам излупен
Синчоглед обожавам. На работа за викенд како хрчаци бевме. По цели ќеси се грицкаа сега забраниле. Најубав сончоглед во Ск, рефус, има во семкарата на автобуската во Влае.
Го обожавам особено црниот. Порано кога и да шетав вечер на плоштад, обавезно си купував од таму, е тој беше незаменлив и многу поразличен од тој што го има во продавниците.
Црн сончоглед е многу поубав. Ко помала повеќе јадев, зараза е, сега баш затоа го избегнувам, таман го имам одвикнато.
Даа многу го сакам сончогледот, превкусен е. Не само што е превкусен, има и многу придобивки од него, ќе ти биде поубава кожата ако го јадеш, коските ќе ти бидат поцврсти.