Не го јадам често. Обично само кога ке седнам во парк кај нас со некој или ке се собереме негде со другарки.
Лелееее секоја вечер кога седиме со друштво ОБАВЕЗНО мора да има и сончоглед!!! после устите, леле мајко! иначе преферирам бел сончоглед
Зависна сум,на секое искачање грицкам и после устата ми е ужас и ме пече. Ама ако,битно ги задоволувам моите потреби.
А грицнеш едно нема оставање како дрога делува неможам да престанам додека не направам маф. Јас сончогледот и останатите грицки би ги сметала како пороци, права зависност ствараат.
њам њам Го обожавам го јадам од оној што е со лушпа во пакетче. Дневно си земам 2 од тие најголемите пакетчиња.
Ммм сончоглед, порано многу повеќе го сакав црниот ама морам да се согласам дека белиот поубаво се грицка Си купувам по 100 г, затоа што знам колку ќе купам толку ќе изедам Поима немам од кај го набавуваат кај мене во маалскава продавничка ама ептен им е вкусен. Спојлер Семките на сончогледот (100 гр.) содржат 25 мг. белки, 42 мг. масти, 21 мг. јаглехидрати и 4 мг. растителни влакна. Енергетската вредност изнесува 2450 kJ (585 kcal). Содржи витамин А, витамин од групата Б, витамин Е, а од минералите содржи калиум, фосфот, железо и натриум. Ете покрај калоричен е и здрав, т.е. јас никогаш не бројам калории така да идам да си купам, овој пат дупла доза
Лелеее кога ќе почнам незнаам да престанам особено ако е крупен и со многу сол секогаш сум сита и никогаш не ми се јаде проклета зараза
Го обожавам едноставно! Најзаразната работа за јадење заедно со пуканките. Кога ќе пробам едно, после тоа следуваат уште безброј. И белиот го сакам многу повеќе.