Значи обожавам сончоглед,бел,солен,малку попечен мх мх само си имам проблем што знаат да ми излезат херпеси од сончоглед,ама на ризик јак,ја пак си јадам
Ептен е заразен, кога ќе почнам да грицкам, ќе го грицкам се до последното зрно.. Го обожавам, особено белиот Најчесто го консумирам навечер кога ќе седам на фемина
И јас сум обожавател на сончогледот. Јадам секаков и црн и бел , па ако е уште домашен и дома печеннн...... Му Нема Крајј!
Сончоглед .. аууу го обожавам Го консумирам доста често.. Повеќе го сакам белиот, одколку црниот, но и двата ми се убави. Баш е зараза.. додека не почне да ме пече устата - јадам..
Сончогледот ми е една од најзаразните работи. Не можам да престанам да јадам и често пати ми се случува да ме печи устата од солта. Ама сепак не се откажувам
Многу сакам сончоглед, но имам една маана, а тоа е повеќе сакам да го јадам со се лушпата ( црниот сончоглед ) Ма да не претерувам, ама поубаво ми е така..
Девојки мене ме интересира како се пече дома сончоглед? Едноставно порано имаше секаде убав ЦРН сончоглед, а сега кај и да најдам нешто му фали, белиов го сотре, срам да му е Пред некој ден купив, немаше грам сол на него по некое зрнце ради реда. Кога бев мала печеше мајка ми често, отприлика ваљда се става сончогледот, сол и вода? Колку вода? Да се покрие? И колку време се пече отприлика?
зараза..кога ќе почнам не можам да престанам, уживам додека грицкам за време на филм посебно! секогаш го имам дома..
Нема ден, а јас да не јадам сончоглед. Го обоожавам. Инаку го јадам СО лушпа, рефус, си имам 3 места од каде што ми е најубав и од каде што најмногу го јадаm. Оној без лушпа некако не ми е убав. Повеќе го јадам белиот, ама и црн не одбивам. Инаку сакам да е што посолен.
Го обожавам, посебно белиот, со многу сол и што е можно покрупни семки. Инаку, во последно време се' повеќе го намалувам, бидејќи од солта почна да ми се прави првут. а и не смеам да претерувам поради проблемите со веќе досадните флеки од акни по грбот...
Јадам да,ама не претерувам.Ретко знам сама да отидам да си купам,грицкам само на гости или дечко ми ако зел,инаку тие пакованите ич не ми се вкусни на препржен зејтин ми имаат вкус,додека рефус мммм...да живее рефусот хаха
охохох, кога ќе му ја седнам! Кога ќе почнам да грицкам сончоглед неможам да се натерам да престанам.