зараза ее хаха, почнуваш и дури не го изедиш цело пакетче нема престанување, устата почнува да ти личи како да ти е силиконска ама ако, продолжуваш да јадеш иначе е обавезен додаток при излегувањата, при прошетките и така
Оф, како досега не сум ја видела темава. Убивам за сончоглед. Не сакам ни зрнце да ми земе некој. И единствено сончоглед на никој досега не сум понудила дури јадам До толку го обожавам. Секоја вечер за 50 ден рефус Идиот сум Секоја вечер расправии со мамичка дека ако продолжам вака ќе се најдам на операција од слепо црево ама мене не ми е гајле. И сега криво ми е што ја видов темата оти ми се гризи а мака ми е да одам да си купам.
јас го обожавам зараза ниедна ама не смеам многу да јадам бидејки ги имам 3 крајници еднаш со сончоглед си ги изгребав крајникот па ми го мачкаа и требаше до 1 попладне да седам гладна
Секој ден јадам од кога почна летово (добро де, скоро секој ), мислам во стомак ќе ми никне . А искочи надвор, најисплатливо ти е сончглед да јадеш, смоки, чипс тоа за 10 минути изедеш, сончогледов цел саат го гњавам . Наубав ми е бел, со многу сол, од таа продавниццата маалска.
Последнава година станав зависник од сончоглед,не поминува ден да не грицкам.Најчесто купуваме на мерење.Еве и сега седам на фемина и грицкам
Не се живее без сончоглед бе.. Поголема зараза од тоа нема.. ама сепак неможе да се замени со ништо друго! А нема и зашто да се буниме не е штетен, нема калории, така да јадете си колку ви душа сака
Моментално јадам сончоглед и ми се појавува темата .. ХА Го обожавам неможам без него секоја вечер по едно кесиче мало
Многу јадам сончоглед,баш многу купувам и го снемува за едно 15мин, а инаку ние зависниците од сончоглед се собереме и си идеме по бавчи,ниви кој си има насадено ќе си се услужиш со по една главица ама само навечер
Me too Црниот ми е омилен, можам со часови да го грицкам, ама после устата како на стари бабаи ми е собрана
Сончоглед... има ли некој што не го сака?! Зараза е тоа..кога ќе почнам да грицкам нема прекинување дур не го завршам и устава да ми се собере од солта...
оф го обожавам створен е за досада и тепање време пред комјутер. Најдобар начин за правење ѓубре инаку го користам тој од кам-маркетите 200грама, таман за да се добие собрана уста и да се испие огромно количество вода и сакам да кажам поубав ми е во последно време белиот одколку црниот бар таков е тој од кам најсолен
Поголема зараза Амин! Рефус ми е повкусен онака в чаршија си седниш на клупа грицкај цел ден или пред компјутер ама многу ѓубре ми прави тешко на тастатурава
Сакам сончоглед но не сум зависник.Многу ретко купувам 4,5 пати годишно Го избегавам бидејки ако почнам да јадам секогаш завршувам со пресечена уста
Мхм мхм убавиниии Моментално си грицкам сончоглед. До мене чаша со кока кола и многу мраз.. Нема подобро
Мммммм сончоглеееед (или како што би рекол Хомер Симсон: mmmmm meaaat ) Го обожавам сончогледот, права зараза е Порано го грицкав само црниот, а сега сеедно ми е, но повеќе го преферирам белиот
Најголема зараза. Порано кога си одев дома од град обавезно си купував по 2 кесиња мали сончоглед без сол и пред компјутер грицкав. Устата потоа не ја чувствував а ла Анџелина Џоли ми беше. Но наеднаш пресеков и престанав да ги јадам. Е сега, ми се прејаде
Ич не сакам сончоглед. Прво - не ми се допаѓа неговиот вкус. Второ - како што знам не е здраво. а Трето - голема зараза е ако почнеш да јадеш.