Епа секој ден јадам многу сончоглед Имаме една семкара има многу убав и секој ден ако ништо друго барем 100 грама обавезно у денот со една другарка грицкаме,секогаш е многу повеќе грамажата ама барем толку секој ден јадеме,жива зараза
Најслатката зараза која ми е воедно и многу симпатична Го обожавам. Се сеќавам на времето што шема ќе беше, идеш во маало кај Зуко, земаш во фишек сончоглед и грицкаш седнат на клупа додека паѓаат разноразни небитни муабети а комшиките се дерат колку бербет си направил пред клупите а ти вечерта си го гледаш јазикот и забележуваш бела црта на него од солта која фино ти го „изела“ Најлош момент е кога некој не знае да плука убаво па по грешка кога ќе ти ја залепи лушпата обавезно почнуваш - битанго една, гледај каде плукаш бе!!! Ах бре ах! Сега го јадам најмногу како додаток на секоја салата која си ја правам. Си го купувам веќе лупен заедно со ред други семки си ги потпекувам малку на празно тавче без зејтин и си ги ставам на салатата. Здраво е, вкусно е. Сончогледче - те сакам. Башка што цветот ми е еден од омилените. Сонце ми носи во душата кога и да ми го подарат А полињата со сончоглед - ах, убавина.
Грицкам, грицкам додека устата не ме запече од солено, а и тогаш продолжувам. Поголема зараза од ова нема. Нели и кикиритките, но сонгогледот е најдобар Во малото на една моја другарка има една мала продавничка во која се продава таков сончоглед што тотално опседнува. Буквално како дрога ми делува. Кога и да одам кај неа, редовно ќе си купам или ќе ја пратам таа да ми купи. Па ќе си пренесеме кафенце, сокче и карти за партија хант и ќе си грицкаме. Жените можат да прават многу работи во исто време Не ги сакам тие во ќесичка ич, на рефус си зимам.
Порано и јас знаев да си претерам со сончогледот во лушпа и упорно да го грицкам до моментот кога солта те опоменува дека си претерал, па малку да пркосам и тогаш. Постоеше период кога кај Семкарот во чаршијата беше обавезно да се купуваат грицки па изборот најчесто ми паѓал на сончогледот и да опседнеш една клупа покрај езеро и во добро друштво да правите ѓубре од лушпи наоколу. И татко ми на времето при секоја посета на Скопје ми носеше поголема количина рефус сончоглед. Инаку и покрај тоа што го сакам премногу вкусот на сончогледот не го јадам како порано изменет ми е метаболизмот и за жал некои нешта не ми се дозволени во исти количини како во тинејџерскиот период кога јадев буквално безгрижно и пак не успевав да натфрлам ни 50кг. Се почестувам повремено ама многу ретко со мала кесичка од лупениот сончоглед, ама не е тоа тоа без плукачкиот моменАт. А не ми текнало да си земам рефус од пазар ако се сетам обавезно ќе го направам тоа.
Зараза бе, зараза Јадам и бел и црн, но најмногу ми се допаѓа онака, непечен (од в село свежо од на нива скинат.Сосе главица ) бидејки можам да си јадам,јадам,јадам а устата да не ме пече и внатре тоа ми е помеко и повкусно
Уживам во сончоглед... црн со многу сол.... има еден се продава во сино пакетче 5 ден. е, ситен е, ама вкусот.... мммммммм
Јас го јадам ама многу малцее....поточно го избегавам оти секогаш кога ќе јадам мислам дека ќе ме фати слепо црево некоја фобија имам
поголеми зависници од мајками и сестрами од сончоглед нема, јас па не го сакам многу ,повеке јадам семки од тиква затоа што сметам дека се покорисни за здравјето, сончоглед грицкам понекогаш и тоа со се лушпа
Сончоглед = зараза. Едноставно не можеш да престанеш штом еднаш почнеш, нели? Порано повеќе јадев. Речиси секој ден. Сега поретко. Иначе белиот повеќе ми прави мерак.
Сончоглед мммммм... Многу го сакам. Кога ќе здогледам в продавница одма си купувам. Повеќе го сакам црниот, некако ми е повкусен. :up:
обожавам сончоглед ,и црн и бел ,со дечкоми зимаме често 2 3 пакетцина ,,а најдобар ми е оној не печен
Пред 3 години ми беше хит. Летно време кога се вракав од излегување обавезно купував од еден турски црн сончоглед ама не солен. И гриц гриц гриц пред компјутерот. Сега не го јадам толку често бидејки мислам дека ми е прејаден