Еее од кога не сум купила...одкако се зазими Поубаво ми е налето кога си шетам и си грицкам, вака сега по студеново ич не ми се слади ем прстите ми се замрзнат ем ништо не осетам. А тие соленките ми се најслатки прво нив си ги прочепкам па после другите. П.С. Не сум знаела дека во 100гр. сончоглед има 800 калории
Сончоглед си грицкам често и лупен и нелупен.Си знаеме и со другарките кога се шетаме да си грицкаме,добро оди уз муабет.
Ептен е зараза... Во последно време го одбегнувам пошто многу е калоричен а и секогаш кога грицкам сончоглед устата ми се прави лом...
Мене не ми се толку заразни и обично земам да се занимавам со нив кога ми е многу досадно. Ми текви и без него
Го јадам,ама не сум зависна.Ако имам време не престанувам да го јадам дур не ме заболи устата.Инаку кога несакам знам да се котролиран.Ако пробам едно можам да престанам веднаш.
Да,има многу калории во сончогледот.Сега не знам дали толку ама калоричен е во секој случај. Мене пак не ми е толку сладок.Порано грицкав повеќе ама сега не го сакам многу.Ама како зараза е да е покрај тебе,и да не ти се грицка ќе го грицкаш.Затоа и не купувам.
Заразен е... си грицкам најчесто дома кога ќе гледам телевизија или кога ќе седиме в парк со другарките
Сончогледот е жива зараза,кога ќе почнеш да го грицкаш,неможеш да престанеш... Инаку,јас многу го сакам,и го јадам со другарки уз муабет,пред зграда,во парк,на компјутер,пред ТВ... Имам слушнато дека е многу калоричен,ама не се јаде секој ден. И,летно време ќе се има занимација. И секој пат кога го јадам устата ми се прави со сол,црвена ми е,и ме пече.
Oхоо најголемата зараза, кога еднаш ќе земеш нема повеќе НЕ или НЕМОЖАМ јадиш додека има ја го обожавам јадам со другарки, сама, пред тв, на компијутер...
Јас гообожавам сончогледот а особено сакам да јадам сончоглем кога гледам нашто на телевијија. Заразен е
Дур чекам да ми донесат доручек, не можев да издржам па земав да грицкам. 100 грама за 10 мин ко ништо отидоа се осеќам како термит кога јадам сончоглед