Не го сакам! Знам да земам некое зрно две додека јаде сестра ми, чисто ако ме примами мирисот, ама само толку. Цел ден го осеќам во желудник одпосле Цветот на сончогледот ми е прекрасен. Одамна имам мерак да си засадам еден во двор - ама кој ќе ги јаде после зрната
Секогаш си мислиме со другарка ми дека повеќе сончоглед од нас девете никој не јаде секој ден јадеме по пола кило сончоглед и тоа не ни е доволно и одиме купуваме на рефус и бел а некогаш се случува и црна да земам ама тоа 1 во 100 години. Едноставно од сончоглед живеам
Сончоглед многу сакам и кога излегуваме на прошетка со другарките прво ние тоа да купиме сончоглед,јас просто уживам кога јадам сончоглед.
Обожавам сончоглед, обично си купувам од оној на кило . Се секавам пред неколку години, до една продавничка најдовме сончоглед, цвет, и го скинавме и јадевме, абе радости живи, и после проверувавме дали нараснал, сакавме да го земеме од таму и да го пресадиме ама ни беше страв да не се исуши, и на крај некој деген ни го откорна , незнам зашто , ух ми идеше се да убијам
Обожавам просто. Си купувам и јас исто^како Фаири на кило обожавам да го грицкам ама само има една мана многу е калоричен
Црн од семкарата карши рамстор! Обожавам кога си ја вежбам вилицата со грицкање сончоглед ама под 200 грама не ми е доволно.
го обожавам, секако често го конзумирам секако дека без лушпа (со лушпа само семенкине од тиква коа кје ми ги испече баба ми аууф преубави ми се) па зависи,кога како ретко во пакетче земам, поубав ми е рефус,но некогаш и тој го расипуваат
многу сакам сончоглед, и секогаш кога јадам првин ја шмукам солта па сончогледот а некогаш и со лушша си го јадам
Ммммм го обожавам сончогледот, права зараза е. Секогаш земам рефус со лушпа, за да ја вкусам солта. Но после долго јадење устата ми е лом дуре понекогаш ми се има случено да ја раскрварам. Ама зараза е што да правам кога ќе почниш не можеш да престанеш.