Многу јадам сончоглед кога почнам неможам да престанам се додека устата не ме заболи.Купувам рефус со лушпа оној во пакетче не ми е убав.А белиот не го сакам воопшто
Штом почнам да јадам нема застанување се додека не се потроши. Обожавам сончоглед, а најдобар ми е рефус.
А вие ,драги мои ? И јас обожавам! Дали и колку често го консумирате? Па често грицкам, ама "најслатко" ми е кога си гледам фудбал! Со лушпа или без? Со лушпа, се разбира Во пакетче или рефус? Рефус, дефинитивно!
Јас обожавам сончоглед. Често купуваме сончоглед со маж ми. Јадеме од црниот сончоглед. Вистинска зараза е сончогледот.
Ауу зависна сум... Идеална ситуација ми е: си пуштам филм на компјутер, се покривам со кебе и врз мене едно кило сончоглед и грицкај додека не ми се расцепи устата од солот. (и никој да не ми брцка во кесетео со сончоглед )
Сончогледот го јадам во друштво многу пати со другарки на кафе ќе купеме ќе грицкаме или па кај некоја другарка кога ќе се собереме
најмногу го сакам црниот сончоглед,топол и несолен,така ми е највкусен а од солениот после ме пече устата затоа не го преферирам,инаку да не почне човек да грицка,нема стоп
Сончоглед одамна не сум јадела. Претходно ми беше зараза, секој ден јадевме со другарките. И сега да има нема да е на одмет. Најмногу го сакам белиот и да има многу сол.
Со другарките начесто навечер кога шетаме, сакам да е солен после многу боли устата ама па повкусен е
Црниот сончоглед гледам да го избегнувам зошто повеќе здебелува.А белиот сончоглед ми е превкусен и го јадам секоја вечер во друштво со другарките...или во друштово со некој многу добар филм