1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сон кој ви останал во сеќавање

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од SexyTeenGirl, 4 февруари 2012.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Има неколку сонови кои никогаш нема да ги заборавам.
    Но овој некако ми е нај запаметен и најнејасен и до денденес

    - Значи вака, брат на баба ми тогаш скоро беше умрен, а јас бев многу мала. Човекот многу си го имав, го сакав и се... Значи малку беше поминато откако умре и една вечер таков сон сум сонила што мислев дека е реалност и многу се потресов.
    Беше на некое непознато место, темнина, опкружено со метални бараки, тампониран пат јас и некои другарки (не се сеќавам кој беа). Дедо ми се појави како душа што ја бркат ѓаволот, очите му беа страшно црвени и во раката имаше голем стап. Јас му се приближив, тој почна да ме брка и трчав трчав дури душа ме крепеше. Во еден момент паднав и мислев дека доволно сум избегала и е далеку од мене и само што се свртив беше над мене, таков гневен, со оган црвени очи. И се разбудив...

    И ден денес ме копка сонов...
    Ама на мртвите не треба да им ги поткреваме коските.
    Бог да му душа прости
     
    На boj4eee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Уф сонов ке го памтам додека сум жива.
    Бев во средно 3та година така нешто. Накј 3 саатот почнав да чувствувам дека не можам да земам воздух. Пробував, но како да дишам вакуум. Ги отворив очите и над мене видов црна сенка, нешто како со црна наметка ме имаше кренато во воздух, во истата положба како што спиев, онака свиткана на страна. Очите ми беа широко отворени, сигурна сум и си го гледав телото над нене како сенка, како проѕирно. И тогаш како црнилото да ме понесе накај дома (во родниот град) низ целиот автопат ги гледав знаците сето тоа како да траеше едана секунда. Фуууј низ целиот автопат. И ме однесе во селото од каде потенува баба ми, во една куќа која моите ја градеа, и таму горе на таванот имааат оставено едно мало креветче кога сме спиеле како мали. Ме спушти во тоа креветче. (Уфф се ежам) И тогаш еднаш земав малку воздух. Почнав да препелкам да мавтам со рацете и пак ме крена, ме врати по истиот пат назад ме спушти и кога го направи тоа земав воздух. Пак почнав да се бранам и сакаше повторно да ме крене. Мафтав со рацете сило и тогаш над мене се разлетаа сиви гулаби и само гледам како да лежам во еден долг ходник, а од двете страните на ходникот стоеја ОБЕСЕНИ КУКЛИ во жолти фустани :sweat:
    Луѓе сонов не знам дали ви го објаснив добро, ама мене ми личи како сценарио за добар хорор. И ден денеска се ежам и навистина не знам што значеше.
     
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    сонови има многу, многу но еден ќе го памтам се додека сум жива

    Сонував дека другарка ми ме викнала кај неа и ја со такси одам и како поминувам покрај улицата на саканиот преднеговата куќа полиција, ја се исплашив многу но бидејќи со мене беше сесра ми заминав кај другарка ми и кога стигнав кај неа она ми кажа дека него го брка полиција и дека ако го фатат ќе го убијат, ја почнав да плачам и само што сакав да излезам се појавија многу полицајци на вратат а двајца високи и во црно облечени и го држеа него под мишки а тој сиот крвав и плачеше и една висока женска дојде и нанишани со пушка накај него, ја почнав да викам Нее, еве мене убиј ме него не, и како молев да не пука се разбудив и плачев вистински.. ;(
     
  4. boj4eee

    boj4eee Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Имав толку многу сонови и сите ги помнам. Но еден ми остави огромен впечаток, морам да го разкажам надолго и нашироко.
    Вака:
    Додека сме биле на некоја викендска одморачка со семејството мајка ми и татко ми останале крај една градба и не чекеле мене и сестра да се вратиме од којзнае каде ( не помтам, тоа беше премногу едноставно). На враќањето сме виделе куче. И двете сме се избезумиле оти во светот во кој сонував кучињата не оделе на 4 нозе туку на две, а другите 2 им служеле како раци. Исто, зборувале, но не со секои луѓе, туку со оние, избраните. И, најважно, грабнувале луѓе, деца итн. а нивната стопанка барала од грабнатите некои услоги или ги искористувала. Неисе. Накратко, кучињата биле многу опасни. Ние, онака, некако сме стигнале до мајка ми и татко ми, но во тој ми - ете ти го кучето, ме грабна токму МЕНЕ! До душа, и интересно беше да бидеш грабнат од куче. :P Но, најлудото ос се беше тоа што ме однесе токму во куќата крај која седеа мама и тато. Сме биле крај толку опасна куќа! :| Ќе разкажувам во дијалог:

    Јас: Не грижете се. Брзо ќе се вратам. Ветувам
    Веќе сум во куќата, ме качуваат на горниот кат и ме седнуваат во една соба во која влегува стопанката и вика дека ќе ми гата. Ми гаташе таму нешто, па ми побара парички. И дадов едни железни што ми останале по џебот. Но и кучето побара. И нему му додов од др. џеб! :rofl:
    Бидејќи беше злобна, жената ме однесе долу и ме затвори. Собата беше голема. Поделена на 2 дела. На средината поделена со ПОРТА...Ми рече:
    Таа: Иако не ги гледаш, во оваа соба се твоите родители. Едниот е во едниот дел а другиот во другиот. Во која соба ќе влезеш, односно кој родител ќе го одбереш - ќе живее. А другиот ќе умре. И излезе. Кучето стоеше од задната врата. Не гледаше ништо. Јас ѕирнав низ прозорецот. Таму беше сестра ми. Излегов надвор, и реков дека се ќе биде во ред и....се разбудив :lol:
     
    На Lallly и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  5. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Најлошиот сон кој ми остана во сеќавање го сонував пред 4 години додека живеевме во странство со бившиот.
    Сонував како сум шетала низ некој парк, и сум гледала кој има околу. На една клупа заедно со бившиот седеле уште неколку млади ,и го погледнав едниот и тој иако не збореше му ги читав мислите.
    Си викаше како требал да го послуша татко му, што добар боксер бил, ама не требал да вози брзо , и така разочаран си мислеше нешто. Потоа погледнав еден друг кој бил фудбалер, и шутираше една топка тука.. Одеднаш сватив дека тие се умрени и се оддалечив и сакав да побегнам од нив, и како што се видов себеси на пет метри од нив, од таму се истегна една рака и ме грабна за ногата..
    Извадена од памет со тивок глас викнав по бившиот да ми помогне, а тој седеше на клупата
    и ладнокрвно и малце тажно ми рече - Помогни ми ти на мене , зашто јас седам со умрените :x .
    Овој сон никогаш не сватив зашто го сонував, ама не можам да го заборавам.
     
  6. portokalcemace

    portokalcemace Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    еден сон што го сонував пред 4-5 години секогаш ке ми остани во сеќавање.
    сонувам како одам по улица и сретнувам еден човек со црн коњ.човекот дојде на кај мене и ми рече:"ке видиш што ќе ти направам"
    јас не го сватив сонот сериозно,нормално,пошто не верувам во сонови и во ништо,како некои луѓе.по 1 месец му "избегав" на смртта :worried: :worried: овој сон му го кажав на една комшивка која е голем верник и знае се околу тие работи.не сакаше одма да ми го кажи значењето на сонот(ми рече дека тој бил светец св.димитриј,он е со коњ на иконата) ама откако се помина ми кажа што всушност значело.јас сум го сонувала еден од јавачите на апокалипсата.логички требаше да сватам дека ако беше св.димитриј немаше да ми прави лошо,без разлика што не сум верник.
    јас не сум верник и не се замарам со приказни за апокалипсата ама откако го сонував сонот има некој сомнеж во мене.не сакам да се навраќам на тоа па затоа не се замарам :sweat: :sweat: :sweat:

    еве и еден смешен сон :D јас од секогаш сум сакала да се возам во авион.стално сонував како сум во авион и таман да полета јас се разбудував или пак по улица возиме ама никако да полетаме :@ и така сонував многу често.за моја среќа,пред 3 години па до денденес се возам со авион 5-6 пати годишно :lol:
     
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Ретко паметам сонови али еден ќе го памтам секогаш
    Сонував како татко ми починал, и како ми јавиле... ужасно станав цела уплакана, таа ноќ не заспав воопшто :x
     
  8. ana.8

    ana.8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    51
    не се сејчавам што сум сонувала секогас ги заборавам послем 5 минутки :)
    но само на еден сон се сеќавам а тоа е дека паднав од таван па можеби го имам сонувано пет пати а и повеќе
     
  9. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Имам повеќе такви сонови, најчесто страшни, смрт на најблиските... :(

    Памтам еден сон... Бевме само јас, брат ми и татко ми. Нешто лошо се случуваше, беше смрачено, и насекаде се чувствуваше негативна енергија. Од прозорот видов дека некоја голема црна затемнета кола се паркираше пред нашата куќа. Излегоа неколку мажи, во некаква униформа. Го викнав брат ми да дојде, а татко ми се затрча од некоја соба, излезе и се симна доле. Јас и брат ми ги гледавме од прозор. Нешто разговараа, на некој начин бев свесна дека ме бараат мене, а брат ми упорно ме тргаше од прозорот. Татко ми ги преколнуваше да си заминат... Сите бевме испаничени. Брат ми конечно успеа да ме тргне од прозорот и ме седна во дневната. Нешто ми збореше и ми ветуваше дека се ќе биде добро. Помина долго време, а татко ми не се враќаше горе. Почна уште толку полошо да се чувствувам, се чувствував немоќна. Наеднаш сонот се прелеа со друга слика, татко ми лежи на подот во дневната, околу вратот е испоисечен, му тече крв а јас упорно носам нови пешкири, крпи, хартии, парчиња од облека и го врзувам. Имаше премногу крв околу него, бев премногу испаничена, го преврзав неколку пати околу вратот и крвта се сопре. :sweat:

    Друг сон... Сонував како брат ми е мртов. Татко ми ме извести за тоа, и ме гушна. Почнав да плачам неутешно, бегав, врескав, посакував да го вратам времето. Плачев многу, душата ми се распарчуваше мислам. Му зборев на татко ми, му плачев: "Како сега јас ќе живеам без братче, кој ќе ме брани мене...?"
    Утрото се разбудив цела во солзи... :worried:

    Уште еден сон... Бев со мајка ми во школскиот двор од основното училиште каде што завршив. Бевме потпрени на ограда, се смеевме и си разговаравме. Како што се потпирав на оградата наеднаш ости канџи ми се збрцаа во раката. Се свртев и погледнав, некоја птица ми беше застанала на раката. Во сонот бевме убедени дека беше лилјак. Но не беше тоа, не знам... Почнав да ја мафтам раката, со цел да ја избркам птицата, но не сакаше да си оди. Птицата всушност беше мала, односно бебе. Мајка ми ми рече; Не ја гледај во очи, тоа ги лути. Тогаш од некаде се појави и мајката на птицата, огромна црна птица, и почна да не брка. Дотрчавме до дворот, не пречека моето куче. Јас и мајка ми влеговме дома, а кучето остана надвор. По некое време излегов да видам дали птицата е уште тука. Птицата го каснала моето куче, беше побеснато, очите му беа жолти и цело време ми се нафрлаше и ми лаеше. Од страна лебдеше птицата, како да беше горда и како да сакаше да каже дека одбележала своја територија, а кучето е нејзин чувар сега.


    Сите овие сонови се од пред 5-6 години, може и повеќе но никако не можам да ги заборавам...
     
  10. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Знам дека од кога почина една драга личност, од потесниот круг на семејството цел месец сонував кочија и копито од коњ, како се движи кочијата, ама ја гледав само кај долниот дел кај колцата... и ден денес не научив што значеше...
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    ...Сонов го памтам од многу многу одамна...
    Моите се враќаа од некаде и вадеа нешто од колата.Некои кеси,торби,полни ташни.
    Надвор врнеше снег,а јас од прозор ги гледав.Како што кажав било зима.ЈАс знаев дека можам да го променам годишното време и изглегов надвор.Почнав да трчам многу силно..до еден огромен простор со кревет.Легнав на креветот и наеднаш дојде есен.Златни листови од дрвата над мене паѓаа.
    Бев многу радосна во сонот.Лежев на креветот (кој се наоѓаше надвор на отворено) И си реков во сонот-знаев дека го можам ова. :)
     
  12. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    Јас само страшните сонови ги памтам.:worried:
    Во првиот сон бев во мојот двор, и таму имаше една змија и маче. И змијата го апна на мачето и мачето стана отровно :D, и мачето почна да иде накај мене и јас сакав да избегам но неможев и мачето ме апна и почнав да скокам како зајче :D.
    Можеби сонот звучи смешен но мене многу ми беше страв од сонот и страв ми беше надвор да излезам.:D

    Во вториот сон бев во кујната (нашите кујна и дневна се поврзани нема врата) и седев на столче и сестра ми ми беше обесена на врат и јас и викав тргни се да јадам, и дојде еден човек и зема една розова чашка и се напи вода и почна да иде накај мене и јас пробав да избегам и ме фати за нога и умрев :^).
    И потоа се најдов во мојата соба во кревет а до мене спиеја двете сестри и тој човекот дојде и ми донесе пижами долен дел(се сеќавам на тие пижами кога бев помала ги носев) леле и јас се разбудив и неможев очи да затворам се ми излеваше неговото лице :worried:.
     
  13. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ова како помала...пред некои 7-8 години....си одев накај дома, е сега на патот за кај мене..на малку пред да свртам лево по уличката има едно како скаличка..додека одев, баш по таа скаличка се симна човек во инвалидска количка..не знам дали беше сам, или го возеше некој..здрвен беше човекот, воопшто не мрдаше, дури ни со очите...не знам што би значел сонов, ама знам дека тогаш многу ме исплаши........ :|
     
  14. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Ова го сонував одамна ама уште се сеќавам на сонот и секогаш ќе се сеќавам вака со мојата баба(која сега е почината)бевме кај куќата што седеа таа и дедо ми(иначе тој уште живее во неа,но не е секогаш зашто оди во село)и влеговме и во ходникот имаше една врата која ја нем во куќата и баба ми ја отвори вратата и рече ее тука дедоти порано многу пееше у таа смисла нешто и фактички во сонот дедо ми не беше жив и после отидовме во дневната и она седна на креветот ама некако многу страшно седна што села се стресов и после јас легнав на истиот кревет и јас спиев знам дека спиев ама ја гледав баба ми како си оди по улицата нагоре и веќе ја немаше и сум станала и имање на шкафот една салфетка и на неа имаше нешто со црвена боја напишано пишуваше ако ги одговориш овие прашања ќе дојдеш со нас да одиш и имаше само едно прашање и тоа беше која му е мајка на Исус Христос и јас се исплашив и не го одговорив само ја земав салфетката и одма истрча од вратата да си одам дома и одеднаш се најдов кај мене дома како лежам и се будам од кошмар испотена(ама тоа у сонот) и викам по мама се дерам и од таму се слуша гласот на тато и вика те вика Ане и мама дојде и јас ја држев салфетката во ливчето и само кажав мамо баба ми го даде ова.....и толку се рабудив....и сеуште не ми е јасно што сакаше да ми каже баба со тоа што ми ја остави салфетката па да сум дошла со нив да сум одела!? :worried:
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Имам раскажувано за сонот со Тоше кој оддамна го сонував, многу време пред да му се случу несреќата.
    Го сонував во костум како играме заедно валцер. На сонов јас сум облечена во бел фустан, тој ме крева в раце и играме. Само толку се сеќавам. :)
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Цел свет го нема, наеднаш сите исчезнуваат. Остануваме живи само моето семејство, тетка ми, тетин ми и двете братучетки.
    Прв пат го сонував на многу рана возраст и беше кул, затоа што со тој памет се радував што можев да прашам што сакам, да чепкам по туѓи работи и да носам штикли од продавници. |(
    Па го сонував понатаму пак, и пак.
    И иако е глуп мене ми е останат во сеќавање. Сите други ќе ги заборавам некогаш, веќе и ми се избледени во сеќавање, овој го памтам до најситен детаљ и толку ме ежи фактот што коплетно истиот сон го сонувам одново после 3-4 години.
     
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Го сонував многу одамна ама ке го памтам цел живот
    Сонувам како одам во на вујко ми куката и го барам, и баба и дедо ми кажуваат дека починал, јас не им верував и им велам да го викнат бидејки имам нешто важно да му кажам ( а тој во живо беше починат ) и дедо ми ми вели : ти си смртта ти ни го зеде нашиот син оди си одовде. Јас сум излегла од таму и сум почнала да плачам...

    Читав по соновници и секаде и до ден денес неможам да сватам што би значел сонот :?:
     
  18. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    мојов не е сон, туку сонови.. минатото лето, секоја ноќ сонував кошмар... сигурно се прашувате каков кошмар ??? - сонвав дека сум на училиште ;( :lol: :rofl: сега ми изгледа смешно ама тогаш секоја ноќ се потев... еднаш сонував дека сме недела (вечер) и дека другиот ден е понеделник, имаме испитување а јас ништо немам учено, друг пат сонував дека ме испрашуваат а јас појма немам, некогаш сонот идеше толку далеку шо сонвав дека сонвам кај шо одам на училиште без чанта .. океј ова последново е збунувачко затоа ќе ви го објаснам појасно - си спијам јас и се будам и ме викаат другарките на училиште а јас не сум спремна, па одам до веце, брзам, трчам околу соби да се облечам и наеднаш се будам, ги отворам очите и си викам - ааах сон било... и пак истата случка, ме викаат другарките, тргам на училиште и гледам без чанта сум тргнала (а веќе на пола пат сум) :@ и после се будам (овојпат стварно) и наеднаш ми олесна :rofl: ама мислам дека ова не беше минатото лето туку предминатото лето, ама сепак "кошмар" си е "кошмар" :( незнам која беше причината за овие кошмари ама цело лето ги сонвав xD ова лето само еднаш сонвав - дека утрешниот ден бил понеделник и морам на училиште.... незнам шо ми е финтава со понеделниците ама ги мразам :@ инаку, понастрана од кошмариве, пред некој ден сонвав дека летам :lol: :$ беше нешто крај на светот и јас спасував луѓе :D исто така пред некој ден сонвав дека сум со глумците од El Barco (шпански филм шо го даваат на AXN секој понеделник во 23:55 - кој е заинтересиран нека го гледа, серија е, сега е 5та епизода) во кој се работи за крај на светот само тие неколку во бродот преживеаа и околу нив има едни риби гнасни е јас сонвав дека сме болни сите од нешто и имав една сина линија на стомакот и одеше нагоре кон главата и си реков то е и ме сечеа и го извадоа тоа, испадна глушец бил .. и не гледав во раната само се фатив на раната и крв имав (а пред тоа, пред да го извадат, ми рекоа да вдишам) и наеднаш се разбудив и околу градите ме болеше (во сонот таму беше глушецот) и на раката имав чувство ко стварно да имам крв фаќано ..
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера сонував еден дечко што ни беше до пред неколку месеци лидер(партиски) како има керкичка
    се беше толку реално, толку вистинито, се се гледаше тој девојченцето-кога ги отворив очите, останав без текст :|
     
  20. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.176
    кога бев малечка,имав 9 години,сонував еден сон кој толку многу ме преплаши,што дури и сега до паметам а и засекогаш ќе го памтам :(
    седев во соба и се досадував,кога на прозорецот се појави еден непознат човек,со многу морничав лик и ми рече да одам во другата соба кај мајка ми.
    тогаш татко ми врисна,помалиот брат почна да плаче.
    отидов во другата соба,мајка ми лежеше на земја мртва.
    тогаш се разбудив,и можеби два часа без прекин плачев.
    истиот ден мајка ми многу ја болеше главата,незнам дали беше случајност или не,но бев многу,многу преплашена. ;( ;( ;( ;(