Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сон кој ви останал во сеќавање

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од SexyTeenGirl, 4 февруари 2012.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.819
    Допаѓања:
    23.409
    Пол:
    Женски
    Ovoj son mi beshe na 7 godini i ne go zaboravam a znam deka ima losho znacenje.So majka mi sedime na troset a sv. petka na dvoset i se gagjame so livcinja.Sme se mrazele.I bogorodica mi ja presekla kozhata od dole na rakata i mesoto mi se gledalo i viselo nadole.Mnogu losho znachi znam,no neznam shto :( nema da go zaboravam sonot
     
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Уште од многу мала памтам еден сон,паѓам во некоја дупка полна со змии и само паѓам и паѓам никако да стигнам до дното на дупката,овој сон го сонував пред сигурно 18 години и никако да го заборавам.овој другиов сон мислам го имам повеќе од еднаш сонувано,првиот пат пред околу 6-7 години,појдов во некој манастир а местото беше многу интересно беше како анти театар со огромни скали од камења местото како во Охрид што е анти театарот и нај долу на средината беше манастирот,ама местово демек во Крушево било,и имаше многу народ собрано како демек цела Македонија,и внатр во манастирот темно беше ама сето беше во црвено тепих пердина се црвено и нешто како во антички стил и луѓето сите беа наредени и држеа свеќи в рака и пееа во хор.
    Некој ми кажа дека имало таков манастир во Македонија како по такви скали да слегуваш ама незнам каде ми рекоа дека бил :^) дали вие знаете за некое такво место??
     
  3. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    Сонував како мојата мајка и брат ми се смеат и ме даваат на некој човек со хеликоптер, ова го сонував уште од мала и уште го помтам :)
     
  4. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    ова пред 4-5 год.сонував како се наогам во друга држава и се шетав со еден тип покрај море и ми објаснуваше што и како нешто како водич бил,после некако сум се заљубила во типот кој стварно беше убав и некако се најдовме на поле со жито а тој беше облечен како војник и толку силно се гушкавме и се сакавме и ми се чинеше како навистина да го чувствувам тоа толку беше реална љубовта,и ми рече дека мора да оди во војна а јас му ветив дека ке го чекам си го паметам бидејки првпат осетив љубов во сон

    инаку поголем дел од ова ми се има остварено,пред година ипол бев на одмор и се запознав со едно момче таму навистина шетавме покрај море и ми имаше спомнато дека ке оди во војска ама се случија некои работи кои ги имам спомнато во други теми и изгубивме контакт

    а инаку да си прашам има ли тема за сонови кои ви се оствариле или да отворам?
     
  5. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Јас го сонував комшијата (презгоден е)
    сум била во школо (колеџ) сум барале нешто во шкавчето и тој дојде и ме и ме залапа :D :$
    знае некој што значи лапање?
     
  6. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    тоа значи дека во реалноста те привлекува имаш скриени страсти спрема него па неможеш во реалноста па затоа тие чуства ти се случуваат во сонот и мене ми се има ова случено :lol:
     
  7. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Сонот го имам сонувано повеќе пати. Истиот е како јас, минувајќи низ маало, кај една куќа, чиј сопственик е една женичка(доста стара), која кога и да поминам ја поздравувам и таа мене, и тоа секогаш си правиме муабет неколку минутки(у стил Добар ден, ајде пак на шетање. Да,да...до продавница, до ваму, до таму), во сонот јас секогаш на тоа место се замрзнувам, а нешто ме демне, ме прогонува, и јас толку сакајќи да избегам, неможам ни да мрднам, почнувам да викам, но бесцелно е, бидејќи само ја отворам и затворам устата, сакајќи да вреснам, но останува само отворање-затворање на истата, без да испуштам глас.
    Секоѓаш кога и да се разбудам, се присеќам на сонот дека сум го сонела, и некако ми е страв. :|
    Некој да не знае случајно шо би можело да значи? :?:
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    змии значи непријатели-имаш многу непријатели и тоа ти се манифестира преку сонот
     
  9. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Мислам дека бев 8 години, значи пред некаде 4-5 години. Сонував многу икони. На иконите неа Исус и Богородица. Можеби сонот не е многу посебен, но јас за време на сонот се чуствував исполнето, среќно, но за жал мајка ми ме разбуди и не упеав да видам како ќе заврши. :(
     
  10. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала не знам точно кога, но знам дека беше некој христијански празник сонував како сум видела некоја тезга и сум го прашала чичкото што бил на тезгата (кој многу личел на Исус) дали може да ми даде сладолед и тој ми рекол не. Јас сум го прашала зошто и тој рекол вака: Еее батерфлај, јас тебе колку пати имам те спасено... :|
     
  11. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Пред некое време сонував дека сум била во куќата на баба ми.Сега во реалоста таму живеат стрина ми чичко ми и братучетките а на сонот таму живеел мојот најдобар другар истовремено и детето кое го сакам и ме сака(во реалноста немам најдобрар другар и ниту сум заљубена).Роден ден му беше и ме покани само мене.И јас сум се спремала и него го чекам во дворот да се симне па заедно во кафич да одиме.И баба ми ми вика абе ајде оди ти не го чекај и јас неее никако.И се симна он и ми вика зошто ме чекаш и јас му викам каде и да одиш секогаш ќе те чекам и ќе бидам сотебе :$ .Иначе јас ногу ги сакам оние шо имаат даркерски готски стил а и он имаше таков.Долга до рамена црна коса шо сјае,црни очи,разигран светол поглед во црно облечен од глава до пети.На прв поглед наликува на девојче.Он само се насмеа и јас :inlove: :inlove: :inlove: се топам......Тргнавме и после 50 метри јас му викам мене жешко ми е ќе ја извадам капата(капа носев) и он ми вика и мене ми е жешко и само ја потргна косата.....Долната усна полна.....бела кожа црни очи....ја зјапам у него.....и еве ја школската моја кај одите бре шо вака дотерани и почна да го гушка.......Не се задржаме ногу стигнаме у кафичот и следно шо памтам е дека сум во школскиот двор порасната околу 20 години се спремам засекогаш да заминам со брат ми и дедо ми......во колата ставаме некои ствари и незнам кој беше ми рече каде е другар ти..И јас со горчина во мене велам не се гледаме он си одбра друг пат мене ме заборави.....И по некое време пред да тргниме го гледам иде......не личеше на девојче туку кратка коса добра градба...за мерак...и ми вика дојдов кај тебе оти знам дека секогаш ќе ме чекаш,неможам веќе.И СЕ РАЗБУДИВ........секогаш се будам на најубавиот дел ;( :(


    Сонувам јас цело време ама ете вој сон нема да го саборавам
     
  12. livingluxury

    livingluxury Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Мноогу одамна кога сум била прво-второ одделение скоро секоја вечер сонував еден ист сон.Како една црвена кола возела по некое тесно патче што се наоѓа така како околу планина и сега одозгора имало некој голем округол камен и сега не се сеќавам дали јас сум била во колата или сум гледала од страна ама кога и да дојде колата до местото под каменот таман да падне каменот врз колата се будам.И мноогу пати го имам сонувано овој сон и ете сега сум 17 години и уште го памтам :)
     
  13. Crazygirl947

    Crazygirl947 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Јас од малечка цело време ги сонував Том и Џери како се во зоолошка во кафез и како од градинка не носеле да ги гледаме и еднаш од мала сонував како ми било роденден и нешто сме славеле и од телевизорот се пуштила една куќа и еден човек викал тука живее вештерка не се приближувај до телевизорот и јас ко намерно да му сум се приближувала и сум влегла внатре и сум се скрила под едно ќебе и вештерката ме нашла и ме бодела со виљушка и сум се дерела мамоо татоо и така. Се сеќавам уште на многу али ме мрзи да ги пишувам :)
     
  14. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Сонував средба со една личност која многу ми значи :D
     
    На butterfly6223 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.819
    Допаѓања:
    23.409
    Пол:
    Женски
    НА 10 години го сонував сонов но тешко дека ке ми излезе од глава.Беше Св. Петка,и нели не се шие пере(барем така во нашата фамилија е,сите во фамилијатазнаеме дека за поважните празници е така) и мене како за инает баш тогаш ми текнало да шиам облекло за моите барбики.Бев сама дома тогаш,и после ми рекоа дека не се шиело.Арно,ама јас го сватив тоа преозбилно и ме фати паника.И ја зедов малата икона од Св.Петка што ја имавме дома и ја бакнував,неколкупати се прекрстив и сл. И вечерто сонував јас и мајка ми седиме на троседот во нашата дневна а карши нас на двоседот Св.Петка.И се гаѓаме со згужвани топчиња од хартија,а мајка ми ми зборува ајде спреми уште едно топче,ајде сега гаѓај...и така се гаѓаме и јас почувствував отежнатост на левата,рака како нешто да ми виси.И гледам,мене ми исечена левата рака од доле и така ми виси оддоле кожата а внатре се гледа месо,крваво.Крваво е одвнатре а не тече крв надоле.И толку е што се сеќавам ама се исплашив многу од овој сон... знаете ли какво е чувството да сонувате светец,а камо ли пак да се однесувате лошо со него ? :(
     
    На Maca_<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Предходната вечер, сонував еден светец како ме предупредува за нешто сериозно, ми го кажува и местото на настанот(а таму не сум била предходно)
    Следната вечер од кафана со друштво пред да одиме дома,решивме да се повозиме со новата кола на другарчето,до наредното маало (тоа од сонот замислете истото место)
    Прво се противев но ајде,ајде и кога ми ја затворија вратата од колата,се почуствував како на филмот последна дестинација
    Направивме лоша сообраќајка ,за среќа сите преживеавме,но си имавме последици дооолго време...
    Уште се чуда како е можно...
    Кога отидпвме на суд и ги видовме сликите од сообраќајката ,на која никој од нас не се сеќава ,е лудо да поверуваш дека има преживеани
     
  17. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    овој сон го сонував кога имав 8 години и никогаш нема да го заборавам никогаш...
     
  18. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    1.Моето мило гумено бебе Тупузанче го сонував облечено како дедо Мразче со бела памучна брада залепена со лепак и јаде кикиритки со гумените вилии без запчиња и прди и вика:извинете јас сум убаво воспитан!Потоа пие кисела вода и ждрига и вика:Извинете,јас сум убаво воспитан!И пак прави фаца како да се кае!
    2.Тоа мое мило гумено бебе што ми го купиле баба и дедо од Хрватска ги држам во сонот во прегратка,го бакнувам,го вдишувам мирисот на неговата гума којшто многу го сакам и му велам дека е моето мило убаво бебе!
    3.Моето мило гумено бебе Тупузанче го држам во прегратка,тоа оживеало,мрда со рачињата и ножињата и со малите гумени устенца ме бакнува во образот!
    :* :* :* :inlove: :inlove: :inlove:
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.647
    Допаѓања:
    79.476
    Пол:
    Женски
    Има еден сон кој ми го одбележа детството, врв беше.
    Земјата не била тркалезна туку рамна. И јас сум се нашла на крајот на Земјата, од едната страна го гледам градот, светлина, а од другата страна го гледам Универзумот, темнина, ѕвезди. Стојам јас и размислувам дали да скокнам во тој бесконечен простор. И скокнав. Паѓав бесконечно, поточно, додека не се разбудив.
    Се сеќавам и на сонот што го сонив една недела пред да загине Тоше. Сонував дека имаше концерт во една спортска сала и одеднаш почна да му тече крв од главата, како на Исус што му течела од бодликавиот венец на главата. И по неколку секунди паднал, никој не знаеше што му е ни дали е жив или мртов.
     
    На Maca_<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Само што се разбудив и од тоа што го сонував се сеќавам на ова:

    Неколку души (12-16-тина) на возраст од 16 до кај 25 години сме биле како во една поголема штала, наредени во круг како да сме насред некој ритуал. Светлината ми беше исто како да имаше оган во средина, но не можев да го видам, како да сме лебделе во воздух. Една жена во триесеттите години ни била како некој водич, т.е. водител за претстојната игра која ќе сме ја играле (не сме знаеле точно што ќе биде).

    Жената доаѓала од човек до човек и ни задавала улоги. Се сеќавам само дека еден од луѓето спроти мене бил негативецот во приказната и по добивањето на улогата добил ѓаволест изглед, како чудовиште. Од друга страна, јас сум била иста како Убавицата од цртаниот филм „Убавицата и ѕверот" и мене ми било дадено плишано зајаче кое „Ѓаволот" ќе се обиде да ми го земе, а јас крвнички сум морала да го заштитам. Крајот на играта бил или кога тој ќе ми го украде или јас ако го задржам (не знам после колку време задржување би прекинала играта).

    Се сеќавам дека после овие правила, „Ѓаволот" скокнал/летнал кон мене и се обидувал да го истрга зајчето, меѓутоа никако не сум го пуштила и во хаосот дури и сум успеала да избегам („Ѓаволот" се борел и со останатите ликови). Беше вечер, па трчав низ низини и шуми, панично барајќи засенета места каде што би можела да се скријам и да одморам. Не би можела да трчам вечно, а „Ѓаволот", преземајќи ја улогата на крал во кралството (не знам како испадна да сме во кралство), пуштил свои луѓе кои непрестајно би ме барале.

    На крај, сепак испаднало да се движам цела вечер (знам и дека „свесната" јас се прашуваше како ќе се снајдам за јадење, за спиење??? Но ликот-во-приказната јас само си продолжи, како да не мора да помислува воопшто на тоа), затоа што сакав што е можно повеќе да се оддалечам од (центарот на) кралството. Не се сеќавам што и кој, но знам дека некој ме упати да се движам на исток, затоа што доколку сум одела на север, таму ќе сум навлезела во кралството на сестрата на „Ѓаволот", додека на исток имало скроз посебно и независно кралство.

    Било утро кога сум почнала да влегувам во тоа кралство и одејќи по исчистениот пат, сум почнала да забележувам луѓе кои оделе на полиња да си ја вршат работата. Сум скршнала десно од патот долж надолнината трудејќи се да сум надвор од видикот на луѓето од патот и истовремено барајќи место каде би можела перманентно да се кријам, мислејќи дека „Ѓаволот" нема да смее така слободно да го пребарува ова кралство за да ме најде. Но, целата надолнина била исполнета со ретки дрва и грмушки, па мораше да продолжам и да навлезам во шумскиот предел.

    Одејќи така, почнав да размислувам да го закопам некаде зајчето. Се обидував да најдам место кое ќе го паметам, но ми изгледаше како да по некое време би заборавила покрај кое дрво сум го закопала. Потоа помислив да оставам некоја трага, сината лента од со која ми беше врзана косата, направена во вид на панделка. Но, мислев дека тоа би бил лесен и очигледен знак за пронаоѓање и на поданиците на „Ѓаволот".

    Размислувајќи така, од нигде-никаде се појавила некоја прекрасна жена, налик Клеопатра. Ми зборувала на некој јазик кој сум го разбирала, но кога јас сум ѝ зборувала, воопшто не ни можела да го забележи тоа, неа сум ѝ изгледала како да сум нема. Ме довела во една куќа-палата која била како пикната во земјата над еден водопад - беше прекрасна глетка. Некако се најдовме во необично тесната кујна на куќата (која веројатно имаше функција на викендичка), каде таму го запознав нејзиниот брат и заклучив дека веројатно овие двајца се принцот и принцезата на ова кралство. Таман почнавме да се заљубуваме со принцот, ме разбуди алармот ;(.

    Точно дека имав маратон на цртаните филмови од детството, но не очекував вакви сонови половина година подоцна :D.