1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сон кој ви останал во сеќавање

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од SexyTeenGirl, 4 февруари 2012.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Пред 7 години ..

    Сонував како јас и три мои најдобри другарки ( во реалниот живот не ги познавам девојките , никогаш не сум ги видела , или не се сеќавам дека сум ги видела ) сме биле излезени во ( веројатно ) друг град , и јас како шофер , сум пиела сок додека сите пиеле алкохол . Дошло време за да си одиме дома , но по пат сме направиле сообраќајка . Од јачината на ударот , мојата врата се отворила а јас сум излетала околу 200 метри подалеку од колата . Одеднаш се наоѓам на нозе и целата блуза во пределот на грбот и стомакот ми беа крвави .. ги барав другарките и колата , слушнав гласови па отидов таму . Ги најдов другарките и колата , но и полиција и брза помош . Го најдов и моето мртво тело како лежи на асфалтот , прекриено со крв на стомакот и грбот .. Полицаец бараше број од моите блиски за да ги извести за сообраќајката . Другарките беа со лесни повреди , една без повреди , сите стоеа над мене и плачеа ..

    Толку имам скокнато во кревет по овој сон .. појезиво нешто , не сум сонувала . Никогаш толку не сум била исплашена .
     
    На Cosmic Girl и AndyRad им се допаѓа ова.
  2. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.554
    Пол:
    Женски
    Почина татко ми...и околу две недели подоцна сонував:

    Бев кај него на работа ,гледав од прозорот во канцеларијата дека е внатре , читаше весници со Драган Богдановски. Јас сакав да влезам,ама колешка негова не ме пушташе никако . Вика има време за тебе ќе го видиш . Јас и велам не ,сакам да му кажам нешто важно е многу. Таа пак не може ... Се убедувавме подолго но на крајот не ме пушти...
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.772
    Сонував дека дознав дека мајка ми и нејзини братучеди имале наследено книжарница, која еден ден ќе сме ја наследиле јас и моите братучеди. Со комбе сме отишле во посета и да видиме каква е таа книжарница и што наследувам. Се наоѓала во насред некој трговски центар (како отворена била) и била ОГРОМНА и премногу фенси, скроз изгледала како да е мултимилионерски бизнис. Се сеќавам дека помислив дека цел живот сум била богаташка, ама не сум знаела. Од некоја причина, најмногу се сеќавам на рачката за затворање од WC-то, која имаше форма на сребрен делтоид и не знаев како да ја заклучам :rofl:.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Беше празник дента св.Петка, јас имав премногу за учење ме чекаше тежок испит од кој ми зависеше упис на година. Ме фати попладневна дремка, си легнав да поспијам. Сонувам како се движам брзо како да летам по патот( по кој вообичаено се возам со точак, патот е надвор од населено место, зеленило), се движам така брзо и наднаш од левата страна забележав огромна, преубава црква. Си викам кога ја направиле оваа црква тука и одам накај дворот на црквата. Никогаш не сум видела поубаво нешто, беше како реалност како да не сонувам. Забележав една скулптура како олтар на кој гореше оган, се приближив кон скулптурата и видов како некој се крие, личеше како калуѓерите од старите времиња со качулка, не му се гледаше ликот. Јас му реков кој си ти, а тој почна да бега, јас го фатив за рака, сакав да видам кој е, додека се тегневме се искачувавме по кружни скали, како на некоја кула. Туркајќи се да видам кој се крие, од капата испадна надвор косата, беше жена, ама ликот не го видов, така се разбудив. После овој сон ми се случија чуда, како коцките сами да се редеа. Можеби само голема случајност.
     
    На Cosmic Girl, venus♡ и Осе им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Памтам само убави сонови. :rofl:

    Сонував како сум на некој остров со чиста небесно сина боја на вода наоколу, на приватна јахта, преубав поглед со зајдисонце. После заѕвони алармот за школо. :rofl::rofl:
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stormii

    Stormii Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2022
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Немало таков
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Многу сонови памтам. Не знам кој да го раскажам...ај овој:

    Како студент прва година, недела дена пред испит, легнав загрижена дали ќе положам иако го имав учено.
    Сонувам како се наоѓам на некои гробишта на рид. Од ридот можам да видам до каде одат гробиштата, куќите во далечината и патот кој десно од мене води надвор од гробиштата и врти кон населбата со куќи. Одам по патот и излегувам од гробиштата. Со мене се баба ми која е почината и некое ниско дебело човече кое и е другар на баба ми од задгробниот живот. Кај идеш бабо? Идеме до населбата имала некоја работа. Се шетаме така, нема ништо страшно или напнато како да се шетаме онака се шлаеме. Стигаме тројцата до куќите и баба ми вика почекајте ме и влегува во една куќа демек тука имала работа. Јас останувам со човечето.
    Му викам: И? Како задгробниот живот? Што има таму? Има ли рај, Господ?
    И човечево ми вика ноншалантно: А не, нема. Нема ништо, не постои Господ. Само еве вака си се шеткаме наваму натаму со баба ти и тоа е.
    И ми дојде сомнителен неговиот муабет и како што беше низок се наведнав, со рацете на колена и му се внесов во фаца и му реков:
    А ти да не ме лажеш малку мене?
    Да не си ти ѓаволче?
    И пуф! го снема како низ дим ѓаволчето. :D

    Кога се разбудив бев толку полна во себе со сила. Знаев дека ќе положам испит и веќе не се плашев. И положив со висока оценка. 8)
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.