1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сообраќај и случувањата во него

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snow-Queen, 18 ноември 2014.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    ^ ^ И јас се согласувам за пешациве. Кај му застануваш, да помине како човек, да не чека цел ден, уште па со телефонот во рака, изиграва модна ревија на сред улица, се влече како црево. Па побрзај де, не си само ти на улицата, цел сообраќај го кочиш. Уште па ако свирнеш да побрза, ќе ти удри еден поглед мислиш си го прегазил. Не, не, никаква општа, ниту сообраќајна култура немаме. Катастрофа сме како народ.
     
    На Teodora* и Daleron им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ова за велосипедите го знам уште од основно, од ОТП. Така не учеа, дека доколку нема обележано велосипедска патека велосипедистите се должни да возат по десниот раб на коловозот.
    И нема каде, секое ќоше го направија зонски паркинг, окупираа цели ленти од улиците, цели тротоари, да нема пешак каде да помине, да мора да се симне на улица. Епа не чини. Битно нека лапаат пари тие.
     
    На mims-89 и Daydream им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @Daydream :rofl: Ме потсети на една случка со свирка. Си возам јас пак позади откај трговски и еден покондурен сељак се шета по пешачкиот, ама прстот у нос мислиш око ќе си извади.Што цацко ме натера да легнам на свирката. Типoв подзастанува убиствен поглед фрла и она што го исчепка од носот лееееп на шофершајбна.8-|
     
    На Elena69221, Doozy, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    :rofl: Оф мори мајко, зарем и ова го има...?! Ццц. (facepalm)
    Е не, ти на него ќе му свириш. Си има и тој тајно оружје. 8) Што си мислеше ти, ќе свирнеш и без последица ќе поминеш.

    Страшно. :x
     
    На nena2010, SV1911, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Лелелелееееееееееее што читам, не ми се верува кој дебилллл.
    Овој од шума да не излегол?
    Изрод човечки, идиот некултурен.
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Работава дал да плачам ил да се смејам. Абе ако почнам сите глупости да ги пишувам во мојот сообраќајен долгогодишен соживот ќе попаѓате од смеење.:lol:
    Треба една таква тема. Смешни случки од сообраќајниоиот хаос.:P
    Ај бонус уште една.
    На времето крај на Ноември беше со другарка се враќаме од Грција ама троа касничко беше некаде полноќ. И нели ние вечерани со по чашка две винце си возиме полека накај Скопје. Кај Демир Капија не стопира полиција. Добро вечер добро вечер. Документи: повели
    Прашува полицацот: Зимска опрема?
    Се избацува другарка ми и вели: Абе има она скии, гојзерици, скафандер, ама моментално не ги носи.:rofl: Џандаров виде не виде се искези му дадовме една жешка кока кола што стоеше доле на подот од возилото кај парното и ајт патот продолжи.
     
    Последна измена: 20 ноември 2014
    На SV1911 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Ај јас, бидејќи цел живот сум пешак, да ви ја доловам и другата страна. Ви се чудам на муабетите од типот "кај го пушташ да помине, па се влечка". Жити се? Нели тоа беше законска обврска на возачот? М? На пешачки премин, пешакот секогаш е во предност. Доволно е само да стапне на коловозот и возачот е должен да застане. Арно ама, кај нас културата е таква каква што е, па во 99% од случаите треба буквално да истрчаш пред автомобилот, за да г-нот возач сфати дека треба да сопре и да го пропушти пешакот. Во такви случаи најчесто добивам свирки, пцости и слични гадости, бидејќи замислете сум се дрзнала да поминувам на пешачкиот премин. Абе има цел ден да дремам ако треба, која сум јас да ги вознемирувам нив!!!
    Инаку... дека има некултурни пешаци, има еден тон, ама тоа не ви е вам оправдување да се однесувате некултурно и противзаконски. Исто како што јас не поминувам кај што стигнам само затоа што добар дел од возачиве се ѓубриња.
     
    На Elena69221, Doozy, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Вака сега и за пешаците. Секоја чест на исклучоци, ама џабе ставија семафори за пешаци на партизанска кога овците поминуваат и на црвено оти нели пешачки е. Очите 5 банки ги отварам од сабајле за на работа случајно некоја таква овца да не залутала на пешачки. Дискусијата не беше воопшто за пешаците во глобала туку за невоспитаните кои што се шетаат по улица иако е пешачки. Не велам да трча ами да се потсоберат нормална група на луѓе и да поминат нормално, а не како по манекенска писта.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Во врска со болдираното.....Сериозно? Ај ваљда Википедија не лаже :?: Или сепак муабетите од трета страна се порелевантни :D
    http://en.wikipedia.org/wiki/Speed_limits_by_country Колку што знам да читам, во најголем дел од државите, не само во Европа, туку во светот, ограничување во градско подрачје е 50км на час, а на одредени места во градот е 30км на час. Има безброј причини зошто е тоа така.

    Не сум шетала којзнае колку многу, ама во 100% од земјите кај што сум била, возачите сами застануваат кога се приближуваат до пешачки. И чекаат колку што треба, без никакви дофрлувања или свирења. Не мрдаат додека пешакот не стапне на тротоарот од другата страна на улицата/булеварот. Пешакот смирено си поминува, возачите смирено си чекаат. Никој не свири или дофрлува, никој нема причина за такво нешто. Сите среќни и задоволни. Буквално :) Или барем никој не се изнервирал, во најмала рака.
     
    На An-na, Giovanna, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Далеку сме ние од вакво однесување, за жал. Се надевам дека казниве барем малку ќе потпомогнат да го достигнеме ова ниво на култура, ама сепак мислам дека домашното воспитување игра најголема улога тука. Не еднаш имам гледано мајки со деца кои поминуваат на црвено. Страшно!!! И после тоа дете како ќе се однесува?
     
    На Daleron и green.eyes им се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Жените се сто пати повнимателни возачи од мажите. Не сакате жените да возат затоа што возат многу споро и не ви се чека. Знам ехее жена возач колку е вреѓана, за се е крива во сообраќајот, затоа што сакате да возите ко луди.
    Секогаш се криви жените во сообраќајот, не дека незнаат да возат туку дека си возат по прописи, е тоа ви смета! :P
     
    На nena2010, sanja.burgundy, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Учествувам во сообраќајот како пешак, совозач, а во странство и како велосипедист.:rofl:

    Искрено, не знам како не им е страв да возат точаци низ Скопје, па и по десниот раб, лелеле, мислиш во секое време некој ќе те потчукне од лева страна или отпозади. Ме фаќало паника кога треба да возам до возила, не дај Боже да изгубам рамнотежа, ќе ме залепи како палачинка. Исто се карав многу и лани и годинава со тие што беа со мене, вадете ги слушалките од уши! Ем вози како циркузант осмици прави, ем на улица е, ем слушалките пикнати во уши и тера, си фучи братот или сестрата.

    Во последниве 4-5 години се изнашетав бааги, во милионски градови и кога одев во некој голем град очекував да биде сообраќајот хаос, да не можам да поминам на улица, да се изгубам со јавниот превоз и слично. Меѓутоа дојдов до заклучок дека поголем хаос во сообраќајот има во Скопје неголи во Њујорк. Европските градови-метрополи не ги ни рачунам, еве и @green.eyes ќе потврди дека таму каде што е моментално, мислам дека ПИЛЕ можеш да слушнеш како пее во најголемиот сообраќаен хаос. (пукнувам да се вратам таму, бреј, мерачка земја;() Никој не свири, не се дере, бре бре, само во Индија изгледа е полошо за возење неголи кај нас, пружам нога да преминам улица во Бостон, ЗАПИРААТ еј, може директорот на не знам која компанија е, што има пари да ја купи Македонија, ама јас пружам нога да преминам улица и тој е должен да ми запре. И ме чека да стасам на тротоарот, не да ми профучи позади газот.

    А ако ми беше црнечки газот, што праиме, ми отиде и тој....(mooning)

    Во странство нема запирање кај ќе ти прдне оти треба месото за ручек да го земеш (ова во автобус ми се случи, цел двокатен автобус паркиран, возачот претрча до месарата, колбавчиња), нема да фучиш со 120 низ град, нема да пиеш пред да возиш, нема да ги држиш дечињата во скут ами во седиште, ќе се врзеш со појас не за казната туку за тебе.... оти ако не го правиш тоа, цап, возачката, ајде оди траскај се со автобуси цел живот.

    Кај нас казни пишуваат, па наоѓаат чичковци, стрини, вујни им ги кинат. Или плаќаат пола, или минат со условно, или казната ја пишуваат на име на мајката како казнени поени, оти таа не вози, па синчето што дивеело низ Скопје ќе си помине со ништо. Има казни и има закони и кај нас, ама нема сообраќајна култура, ни па каква било друга. Батките со ланци немаат време, он дома жена му не ја чека, тебе ќе те чека. Не може, изнервиран е, не го задевај.

    Абе човек ќе отепаш ќе полежиш 5-6 години и ќе те пуштат, од таму да тргнеме, не па ако потчукнеш некој додека минел или ако не се паркираш како треба... Јас викам, очи отворање на улица. Ако ме згази некој ни ќе ми плати оштета, ни ќе лежи затвор, ја инвалид не дај Боже ќе останам и ќе си ја чукам главата после.
     
    На nena2010, friendy, Marossa и 10 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Во Македонија се и сешто ќе видите. Ме иритира фактот што кога сум пешак сум изложена на секаков ризик. Така еден ден се шетам со мајками низ населба, а дека врнеше претходниот ден тоа што останало по улица се мали дупки со вода. Си одиме ние уредно така по тротоар, кога од нигде никаде со мини комбенце некој не направи лом. Толку се изнервирав значи, како ќе си одам дома јас. И тој се спрема да искочи како ништо да не било како паднат од Марс ме гледа, јас му викам "Кој ќе го чисти ова сега ќе викнам полиција, ти гледаш како возиш!?",а тој само ми вели "Добро ајде чао". Ти на мене чао а? хахахаха си викам си се заебал дечко слушај да ти кажам нешто "ако сакаш да возиш 200 на час оди на автопат и 300 вози ако сакаш, ама тука има да ми се понашаш како во град да си и ќе возиш 50 ако треба ме разбра, а сега да викнам полиција". Кога почна да ми се лигави, немој те молам немој, ќе ме избркаат од работа, уште тоа ми фали и не свртев. И онака панталоните ми беа за перење. Но, не е само да не свртиш туку кога возиш како возач треба да си свесен дека треба да внимаваш. Татко ми никој во животот нема испрскано и слично. Еее Македонче, од безобразно до просто. Вака во ЕУ не идеме.
     
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Случката на @buba4e89 ме потсети на нешто......Пролетта, пред да се преселиме, шетајќи низ град на 2 пати ќе ме прегазеше точак! Ај за кола не е чудно, нели, ама точак бе! :D И тоа и двата пати на тротоар, првиот пат јас го избегнувам точакот кој доаѓа спрема мене на една страна, таа на моја страна, јас одам на другата страна, таа по мене....И кога се доближи на 2 метри до мене не закочи и почна да и шантра точакот и за малку ме промаши. Ни на крај памет не ми падна дека девојката нема да може да закочи, мислиш оди со брзина од 200 км на час, па не успева :D:x Другиот пат стоев на тротоар го чекав сопругот, и еден улетан повозрасен човек не успеа да закочи и ме потчукна :D

    п.с. Слаба и ситна сум, многу лесна за заобиколување и не треба посебни маневри за тоа, посебно внимавав како пешак во тој период зашто бев бремена, ни на крај памет не ми падна дека со велосипедисти ќе имам опасни ситуации :rofl:

    п.с. @Doozy , мила, ти чувам место за преспивање во секое време :hug:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Јас од аспект на возач:
    Добро бе овие пешациве имат ли памет во глава. Вака ли се претрчува улица ниту на пешачки, туку отпозади паркирано комбе.И овие со ролерки и со велосипеди, а бе не ваша улицата, ослободителна војска да глумите. Ти на точакот спружи рака ако веќе вртиш во лево...ц ц ц ц

    Јас од аспект на пешак :
    Цццц градов е преполн со секакви шофери. Ништо да не се почитувало. Ме проши[a со 100 ка на мојата улица. И каде се не се паркираат, по тротоари, по улици, на пешачки....а каде да се движам и да поминам јас? А некој да почека за на пешачки да поминам конечно????

    Јас од аспект на велосипедист:
    Знам оти си кола, ама се нареди позади мене и јас морам да се подредам на раскрница и да причекаш да свртам, откако уредно сум ја испружила раката во соодветната насока. Знам оти ти се брза, ама знам оти дотолку повеќе сакам да неми дишеш во врат...нема лента за точаци...шо да чинам


    И од сите мои аспекти најнесигурно се чувствувам како велосипедист.
    Кој пробал- знае

    Тоа е....
     
    На Yipman2 и green.eyes им се допаѓа ова.
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Уффф темава како порачана ми е да се испукам. Периодов ми се зачести потребата постојано да ги преминувам некои од најфреквентните булевари низ градов и секој ден ми е збогатен со нова низа на стресови.

    Јасно ми е дека има стока народ и од двете страни, но не сум јас должна да се потресувам секој ден затоа што некој сака да изиграва шериф низ улициве и си гледа само за неговиот газ, да ми извините. Нема кој да ги казни, тоа е проблемот, затоа што кога има полиција во близина сите се бубачиња и возат според прописи, а потоа првата прилика ја користат да прошибаат на наредниот булевар, да ги надокнадат тие пет секунди што ги потрошиле застанувајќи на пешачки.
    Пред некој ден едвај се сопрев да не го гаѓам еден мочко со чадор, буквално полудев малку фалеше да тргнам да фрлам по него. Замислете ситуација надвор почнува да истура ГРАД, јас стигната веќе до пешачки и без разлика што надвор е невреме сепак гледам дали има можност да преминам улица и ете оди едно говедо од таму не можеше да дочека да поминам и не само што не застанува, туку напротив се улетува и за влакно ме одминува престројувајќи се на другата лента на пешачкиот. И уште ми крева невино раче во смисла као - Извини журим. :@

    И тоа не е прв пат некој така за влакно да ме одмине на сред пешачки и после да ми крене рака во знак на длабоко каење што не застанал. Па што ми значи мене тоа што си ми се извинил кога косата ми побелела во меѓувреме и кога ако не овој пат тогаш не дај боже можеби наредниот ќе ме срамниш со земја?
    И тоа да се разбереме не им скокам јас пред хауба едноставно си стапнувам на пешачки и очекувам да ми застанат, како во секоја нормална земја со регулиран сообраќај!
    И на пример не сум идиот да видам дека само што им се отворил зелено семафорот да тргнам да преминувам како газдарица, па заради мене да се наружи режимот во наредните неколку раскрсници. Ќе почекам пола минута. Дури гледам и да не застанувам пред автобуси затоа што знам дека се гломазни и потешко застануваат. Ама тоа е на некој начин правење компромис и секако е моја добра волја да речам. Но јас ако решам да поминам они реално треба да ми застанат, затоа што има логична причина зошто е таков законот во сите земји и зошто пешаците имаат предност.
    Проблемот е што не застануваат ниту кога им е црвено ниту кога реално нема потреба од брзање, што дури добивам впечаток како да го избришале тоа сообраќајно правило од глава и едноставно не им се кочи да им го нарушуваш ти на нив спокојот, пешаку ниеден мизерен. Ќе си чекаш!

    За ограничувањата на брзина во населени места истото важи.
    На партизанска мислам дека намерно ставија семафори на секој пешачки за да се намалат сообраќајните несреќи, затоа што таму дефинитино сите возат над 60 км/ч. Јужен булевар, Митрополит Теодосиј Гологанов и ред други се хорор за преминување. И не се само тие улици туку факт е дека пребрзо се вози низ градов, без разлика дали станува за некој булевар или некоја споредна уличка во населба.
    Решение за ова се знае! Само огромни парични казни и за пешаци што си поминуваат каде ќе им текне и за возачи што мислат дека ги поседуваат улиците. Културата сообраќајна ни е под нула, а за сметка на тоа секојдневно читаме по нешто ново во црна хроника. Пред некој ден 16 годишно дете закопаа поради вакви магупишта, патиките му ги барале по булеварот. Што повеќе да се каже и уште колку вакви случаи треба да има за да ни дојде конечно памет?
     
    На green.eyes и An-na им се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Не сум често во Скопје,но знам како изгледа сообраќајот и колку време ти треба да стигнеш до некаде,жив,здрав и чист :D
    Ама луѓе во Велес е големиот хаос.Не е толку голем град,ама луѓево се мрднати.Паркирано е ама баш насекаде,една главна улица има,таа е преокупирана.
    Долу кај пазарчето е ненормално,гужви по цел ден,автомобили и народ насекаде,да не знаеш што се случува.
    Во годиниве што сум таму,не знам колку несреќи се издешаваа,да не се потсеќам на онаа кога прегазија жена пред мои очи,на ПЕШАЧКИ.
    Во случајот возачот е крив,но во останатите секој ја зима вината.
    Јас кога возам,размислувам како би ми било ако сум пеш,значи од двата аспекта.
    Мислам дека најголем проблем освен никаквата власт,ни е сопствената некултура и непочитување.Џабе ни се и семафори и кружни текови и ограничувања,кога секој си тера како сака,без разлика кој ќе страда.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    1604978_10153402883357565_3150727526921837416_n.jpg
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Се е јасно мислам :fubar::swear: ,виновниците се возачите СЕКОГАШ :swear:

     
    На green.eyes и Daleron им се допаѓа ова.
  20. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Mnogu narod koli. Pogotovo vo Skopje 1 milion naselenie skoro ima
    guzva sekoj se brza toa e za zal :(