Сообраќај и случувањата во него

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snow-Queen, 18 ноември 2014.

  1. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    2.107
    Пол:
    Женски
    Треба и пешаците да пазат, ама и без слушалки и без телефон многу пешаци така си поминуваат улица и кај што треба и кај што не треба и на црвено, не е проблем во тоа што слушањето музика му го одзема вниманието, свесно го прават тоа.

    А дали може шофер да се збуни, да се заборави секако дека може, ама и тие треба да внимаваат. Намерно кога е зелено при крај ќе дадат гас за да заминат, колку само без возачки возат, под дејство на алкохол... Колку пати само имам виде луѓе како возат во исто време и мал концерт си прават внатре во кола со кафе во рака и никој никаде нема за да ги казни..

    Проблемот не е во немање доволно закони, закони има, ама многу не ги почитуваме, затоа што државата ни е таква кој има врски нема да биде казнет и нема полиција ништо да регулира, дали се почитува или не, и сите си даваат слободна да си прават што сакаат.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    2.107
    Пол:
    Женски
    Ама што ќе ти се слушалки во кола има радио и е дозволено да се слуша и да се разговара на телефон додека не ти е во рака исто е дозволено.

    А пешак и да е со прилагодена музика, дури и да нема пуштено музика ама да има слушалки ќе се казни.
    А за да се пишуваат пораки на телефон сум против и по тротоар додека се оди.
     
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    9.156
    Пол:
    Машки
    Шо ви е крива државата? Државата па државата ваква, таква, системот нз што бил виновен..

    Кој ја сочинува државата? Народот. Системот? Пак народот. Ќе речете ами политичарите се криви, да криви се, но што се политичарите? И тие се дел од народот. Каде растеле, живееле и попримиле ваков мајндсет? Пак тука меѓу овај народ кој се подмитува за се ама буквално за се.

    До свеста е, до ништо друго. Да имаше свест овај народ немаше вакви глупости да се случуваат. И кога ќе видиш, мечката лежи во свеста на самиот човек поединец, а не да се генерализира дека државата е виновна за се. Таа си е арна, него тие во неа не се баш. Како другите земји се успешни? Затоа што имаат свест, критикуваат и знаат да постават јасни граници. Од корен промени требаат, од корен, почнувајќи од самиот/самата себе си.
     
    На zemzela91, Angie1432, Eunoia и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    15.785
    Пол:
    Женски
    Да де, реков прееска, и од пешаците многубројни има идиотчиња кои не знаат кај тераат, па после Цацко крив им е.

    Е ова не знам, треба да ги прашаме тие имбецилите без мозок, имало и такви. Одземање возачка засекогаш за нив.

    За сите ама баш за сите сум да важат Законите, и да има драконски казни. Само така би се опраиле, инаку ќе си тапкаме у место ко сеа шо е.
     
    На Трагедијаупмм, lorenn и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  5. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    2.107
    Пол:
    Женски
    Зошто не се почитуваат законите? Од каде потекнува тој маиндсет?
    Кај нас функционира се со мито, ако имаш човек во полиција нема да бидеш казнет и автоматски за таквите не важат законите, а секој втор човек има "врски" кај нас..
    Да се казнуваат сите, да почнат од тие закони што веќе постојат, да се казнат сите што примаат мито е тогаш ќе се смени и народот и мислењето на народот..

    Кој е крив за девојчево од Велес, толку пати тој пријавен ама никој од државата не превзел мерки..
    За Кочани исто, работи дискотеката без дозвола, полна со малолетници и тоа не само една вечер, ама што има врска државата тука...
    Како истите луѓе од Македонија кога ќе отидат во странство таму ги почитуваат законите, а тука не, од кај им е слободата?
    Што е крива државата што не се превземаат со години мерки за загадувањето?
    Знаеше дека има направено проект за метро и колку многу ќе придонесе и за гужвите и за загадувањето? Ама на државата не и се инвестирала во тоа...
    Што е крива исто државата што нема лекови? Луѓето се криви што се разболуваат...
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.041
    Пол:
    Женски
    Стварно нема потреба од слушалките, јас слушам музика ама претежно кога сум дома и понекогаш кога спијат сите ставам слушалки за да не им сметам со музиката ама додека одам по улица или пешачам во природа не ги сакам. Незнам, ми сметаат. Имаше еден доктор на ТВ зборуваше за штетноста на слушалките поточно на фрекфенцијата на звукот и колку е штетно тоа за мозокот. Само слушајте ја природата ;) ете башка и не е безбедно:)
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    9.156
    Пол:
    Машки
    Ама убаво те прашав, кој е државата? Народот.
    Што се политичарите? И ти се народот. И Полицијата е народот.
    Проблемот е во самиот народ, тој ја напрај државата ваква.

    На доктор одиш одма ајде 50 евра и наполитанка на сестрата за да поминеш преку ред. Кој е виновен тука? Самата/самиот ти или пак државата, системот, законите се криви?
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    2.107
    Пол:
    Женски
    Токму затоа и ништо нема да се смени, не со овој со 1000 нови закони да се воведат. :mm:

    Тоа јас дали ќе носам слушалики или не додека поминувам улица не знам колку ќе помогне во безбедноста, кога многу други закони не се почитуваат.. Да почнат да се почитуваат останатите закони и да се засили контролата за истите многу повеќе ќе се подобри безбедноста и без овој закон. ;)
    Лично јас 100 пати подобро функционирам со музика и постојано слушам музика и кога чистам и кога учам и кога шетам и секогаш и не ми пречи..

    Не е целиот народ виновен, туку оној што е на чело на државата и го прави тој систем, епа тој народ не превзема ништо. Што ќе смениме јас и ти или било кој што сака да смени кога тие што треба да сменат не менуваат. Само може за никој да не гласаме и со тоа не би смениле ништо. Не е било кој народ виновен, туку оној што управува со државата.

    Проблемот е во не почитување на законите, не во немање на закони.. И на многу им одговара ова затоа што имаат слобода што сакаат тоа прават, затоа што за некој не важат тие закони.

    И нормално ќе ја обвинуваме нефункционалноста на системот, затоа што тој систем не потекнува од оние кои што го обвинуваат, туку од некој кој што не се залага да смени нешто за да функционира.

    И затоа за некоја година, ако не се смени нешто, народот што управува во државата и оне со врски ќе си останат сами во празна држава.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    262
    Факт е дека и мобилниот и слушалките одземаат внимание.
    Абе што е до тебе прави, секој мора од себе да почне ти текнува;) тие нема да се сменат у догледно време :D
     
  10. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    471
    Кога искачам без слушалки ко без глава да сум искочила, ја ќе си ја пуштам косата па можда нема да се приметат :lol:
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    15.785
    Пол:
    Женски
    Македонче не е живо ако не го заебе системот а? За после истиот ебан систем да е крив.

    Шо сакам сите да наебете па да ви дое памет. Пошо викаат од свои грешки најубаво се учело.
     
    На Burevesnik и nextredstyle им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    132.831
    Пол:
    Женски
    За нас треба како во Индија. Пендракот по главата и грбот по неколку пати.
     
    На Cutiepie1 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    15.785
    Пол:
    Женски
    Па сеа, коа сме проста раја, да, така само
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    132.831
    Пол:
    Женски
    Инает ќе се водело, бе.
    А, што после болничкиот престој или погребот?
    Кога брига за семејството...
    Не се мисли на последиците.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  15. milkyway^^

    milkyway^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    471
    (facepalm) Многу убаво ни посакуваш.
    Ко демек со слушалки не се гледа лево десно
    Проста раја со клетви се служи :hai:
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    132.831
    Пол:
    Женски
    Со слушалки не можеш да ги слушнеш сите возила околу тебе.
     
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    15.785
    Пол:
    Женски
    Па за да разбереш де, глеј не сфаќаш колку и да ти се црта

    Се гледа, се слуша се исто ти е :rofl:
     
  18. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    1.949
    Пол:
    Женски
    Цел систем е толку заебан, треба да се смени од корен за да има промени.
    Ама буквално од корен, почнувајќи од процесот на полагање па сѐ до казни.
    Тоа сѐ е катастрофа и само тоне, они за слушалките се фатија. Океј е, нека има казни и за нив ама не е само до тоа.
    Еве, денес прегазиле и усмртиле пешак во Лисиче. 83годишен дедо, не верувам дека носел слушалки.
     
    На lorenn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.887
    Допаѓања:
    16.114
    Пол:
    Женски
    Дури би рекла дека е преблаг новиот закон. Додека не удрат по џеб со казни од 100 евра па нагоре, ништо не бидува. Само тој што е удрен по џебот после си е „дисциплиниран“ дотолку што ги поучува другите и досаѓа после на сите по ред од што не може да се помири со казната.

    Исто, не сфаќам луѓе кои не се ставаат од двете страни. Ако си пешак и пример не возиш, тоа не значи дека треба да си пристрасен само зашто не си од другата страна и треба да те гледаме како исклучок(?). И обратно. Тешко овој народ да го поучиш. За да го научиш па во целост - никако.

    Ене земете пример од бабите/мајките кои разносуваат деца и претрчуваат пред кола за побрзо да стигнат насабајле откако ќе се исклучи семафорот и нели таа е свеста дека има некоја минутка плус. Ова е и те како битно, посебно за дете зашто ќе го има сфаќањето дека тоа може секогаш да го прави кога се исклучува семафорот или уште полошо, да го сфаќа како најнормално нешто во секојдневието.

    Казни треба и за оние со електричен кои го загрозуваат и те како сообраќајот со тоа што излетуваат на улица одненадеж, во повеќе ленти и шетаат лево-десно. Овие баш намерно излетуваат, од забава. Е за ваквите и те како треба да не си крив ако си возачот.
     
    На nextredstyle, Burevesnik, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    132.831
    Пол:
    Женски
    Прееска на раскрсницата кај ДЗР еден полицаец регулираше сообраќај. Возачите му свиреа како луди и пцуеја, а некои пешаци поминуваа бош наместо правилно по пешачките премини и си збореа на телефоните. Како да се дивјаци насреде пустина, не во град.
    Овој не знаеше по кого попрво да вика.
    На што личи ова, бре?
    Мора да има построги казни.
    Не 40, не 50, не 500 евра, нека бидат 5 илјади евра казна или затвор. Инаку нема да им дојде памет на ваквите.