babylove овошни кашички

Соор - Инфекција на усната празнина

Дискусија во 'Бебе' започната од Jagoda123, 3 мај 2014.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    11.063
    Пол:
    Женски
    Станува збор за инфекција на усната празнина кај скоро сите бебиња.
    Дали и вие го имавте овој проблем со вашите најмили? Како го решивте?
    Јас од вчера забележав на јазичето на синко бели наслаги (претпоставувам дека станува збор за соор) еве и денеска ги има.
    Во понеделник ќе одиме на педијатар да видам што ќе ми каже, но до тогаш што да превземам?
    Прочитав дека се пренесувала инфекцијата од бебето на мајката (на брадавиците) како да се избегне оваа инфекција и како се лекува истата?
     
  2. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    302
    Се надевам дека од ова ке имаш корист http://www.yumama.com/beba/zdravlje-beba/1860-soor.html
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    11.063
    Пол:
    Женски
    Се обидов со превриена водичка и малку сода бикарбона на газичка да му ги тргнам наслагите.
    Голем дел успеав да тргнам, утре пак неколку пати ќе се обидам. Се надевам дека ќе успеам цело јазиче да му го исчистам.
    Melinara ти благодарам за линкот! :)
     
    На Melinara му/ѝ се допаѓа ова.
  4. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    I nie koga bevme pomali cesto se borevme so ovaa dosadna infekcija.Zgora na se' zakacivme i afti :devil: bebuska bese nervozna,odbiuase da cica,najverojatno ja pecese usteto.Probav i jas so soda da gi cistam naslagite ama bebus ne davase da i brkam v usta i placese.Spas najdovme vo Nistatin kapkite.Steta sto kolku i da vnimavav na higiena i na se' za mesec,dva pak ni se pojavuvase.Otkako potporasna mislam go pojaca imunitetot i veke ne ni se pojavuva.
     
    На џунџуле му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.564
    Јаготчеее...ти треба нистатин капки и газа за бебето( овие капки да не ги голта)
    Се употребуваат само една недела од отварањето
    Ти ќе се мачкаш и ти ,ќе се миеш пред и по секој пододој и ќе ставаш од д3( капките за коски) на брадавиците и ќе чекаш да ти се исушат па ќе се облечеш
    Ако не се излечите се повторува
     
  6. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Nie gi pievme kapkite, i davav so lazice po deset kapki prvite 3 dena,a potoa po 5.Kapkite se gorclivi,arno i gi piese malata.Se soglasuvam so Simona deka ako predvreme se prekine terapijata i infekcija ne se izleci celosno-moze da se povtori.
     
  7. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    11.063
    Пол:
    Женски
    Јас ги мачкам градите со AD капки уште од првиот ден, а за хигиена на градите да не правам муабет, ги мијам пред и по секој подој.
    Се прашувам дали е можно инфекцијата да е настаната од употреба на шампон/купка?
    Преку целиот ден ги мијам градите само со обична вода, но кога се туширам цело тело па и нив ги поминувам со купка.
    Еве утрово гледам пак има наслагички на јазичето.. Ќе видам утре педијатарот што ќе ни каже.
     
  8. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Само со Нестанин и одма за миг ја снемува урдата кај нас имаше и на јазичето цело и на устата ама ептен насекаде и само со едно поминување со чепкалка за уши одма помина. Но патронажната ни кажа да му ставаме на 8 саати по 10 капки да ги голтне оти не се знаело навнатре до каде е отидена инфекцијата и со вата да се помине устата убаво оти не се знаело од едно ронче преку ноќ што би можело да настане. Ама преку ден само јас му ставам 1 или 2 пати на 8 саати.
     
  9. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    123
    Bebuskata ima
    2i pol
    Meseci i primeriv ima
    3/4 dena ima beli na vnatresniot del na obravcinjata ...i zvonev na pedijatarot ne mi kreva telefon dali da odam do sobetuvaliste za toa? Ojdov kaj maticniot da go prasam dali da zemam kapki toj mi kaza ne
    Zemaj nisto sami ce pominat no eve ne pomina sto da pravam ?
     
  10. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    580
    Пол:
    Женски
    Primetiv deka jaziceto na bebeto mu e pobeleno,se javiv na pedijatarot da mu kazam toj mi veli da nestavam sega kapki, ako pobelelo poveke da sum zemala.No mene nekako mira ne mi dava da go ostavam bebeto taka so pobeleno jazice, pa se mislam dali da zemam na svoja glava kapki,za da ne se prosiri infekcijata poveke, ili moze sama od sebe da pomine....no stom e gabicna infekcija se somnevam deka bi si pominala sama od sebe bez tretman ?!? Ili pak da probam da go iscistam so gazicka so soda I prevriena voda!

    Zemav kapkicki Nystetin i mu davav 7 dena po 2 pati na den (na 8 saati), infekcijata pomina.
     
    Последна измена од модератор: 3 април 2017
  11. Trufe

    Trufe Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2017
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Како ги користите нистатин капките? Му го премачкувате јазичето и обравчињата од внатре или му капнувате капки само во усте (по колку)?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.717
    Допаѓања:
    145.825
    Пол:
    Женски
    Премачкувањето е поефикасно од капнувањето. На стерилна газичка завиткана околу прстот накапи Нистатин (претходно убаво исклумкај го шишето да се измеша растворот) и премачкај на обравчињата и јазичето. Горчи ужасно, да знаеш.
     
    На Trufe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Trufe

    Trufe Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2017
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Фала многу. 4-6 пати на ден, така? И веројатно треба и на брадавиците да ставам...
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.717
    Допаѓања:
    145.825
    Пол:
    Женски
    Да, на брадавиците обавезно. Јас знам три пати на ден дека треба, за повеќе не сум сигурна.
     
    На Trufe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sofronko

    Sofronko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    Нистатинот може да предизвика пролив кај бебето ако се претера ние го имавме истиот проблем и нистатинот баш и не ни помогна, нас би помогна со препорака од педијатар во мала шоља за кафе вода ќе малку сода бикарбона и со стерилна газа низ цела уста ќе поминеш, нас ни исчезна за 2 дена скроз и никогаш повеќе не ни се појави, а со нистаринит колку и да премачкував мислам уште толку му се појавуваше, така да ти си таа што ќе одлучиш што ќе примениш
     
    На Trufe му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Души како успевате да поминете со прстот во устата на бебеновороденче. Ми кажа педијатарот само стерилна газа натопена во зовриена вода и да му ја чистам устата имало фатено малку белко.. ама никако не можам корне плаче како да му брцнам внатре и да тријам со газата..?
     
  17. Осе

    Осе Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    3.161
    Пол:
    Женски
    Имавме на јазичето ,ставав нистатин ,се исчисти на јазикот ама имаше на образите уште , педијатар ни кажа веќе да не и ставам капки ќе се исчистени само за да после една недела ми ги префрли и на градите. И сега се вртиме во круг нејзе и поминува јас и пренесувам,мене ми поминува таа ми пренесува ,десната града боли ми се чини да ја исечам... Ставам нистатин и на градите и давам и неа да пие + градите ги мијам со сода бикарбона...ама не помага.
    Да ми препорачате нешто поефикасно ?