Интересно Ама, може па ќе се здружиме многу и ќе сфатиме дека џабе сме биле сопернички. Па двете ќе му ги удриме клоците на тој некој и ќе си се дружиме и приватно и тука на форумот.
OMG се надевам дека не соперничка немам, но може да биде некоја која ми е одбивна инаку досега не приметив некоја другарка, позната личност тука во форумот, но којзнае , можеби некоја ме препознала мене, како и да е не ми е гајле
не би можело да има сопрничка на форумот за тоа што само јас и благица сме од неготино или едвај една две неактивни членки....дечко ми немал девојки од страна така да.......всушност имал од кочани и од гевгелија да да сега ми текна ај да видам кој девојки се од овде да се јават на рецепција...... се шалам!!!!
Велешанки Тука ли сте Ако има некоја велешанка (што не верувам затоа што мислам дека само јас сум активна и сед ејнџел поретко) нека пише овде да ги разгледаме можностите и опциите
Се зезав за дечко, сакав да ја боцнам Анннни малку. Инаку од Кочани сум и имав едно време симпатија од таму, на братучед ми беше војнички, па така ми текна на него.
мислам дека немам сопреничка ама никогаш не се знае.....на форумот ни имња не знаеме а не па лик на некоја од феминките....но никогаш не вели никогаш
Не е темава за мене Не може да постои на форумов некоја пред мене ...Јас сум оргинал ...а се друго може да е бедна копиа Е на ова мојот би кажал ... непостои друга како тебе ...луда си... ама таква те сакам само за мене Искрено кажано ......Ај се распишав многу од сабајле ...се смее позади мене
Додека не ја видов темава, не ми текна на тоа. Затоа пазам што зборувам од сега, и јас како Офспринг си дрдорам понекогаш и што треба и што не треба .
Јас мислев дека нема никоја од тие што ме мразат на форумов.Ама пред некое време по постови,по ова-она сфатив дека има.И тоа ја знам која е,само не е толку активна.И сега внимавам по малку за да не ме фати дека сум јас и дека ја имам плукано на некои теми,кој ќе ја гледа кај што и чади главата после.
Не да дрдорам, пред да ја видам темава во една друга тема имав напишано и што има зборувано она точно од збор до збор. Ако прочита одма ќе си се познае Затоа пазам сега, многу многу не ја спомнувам. Па и да ме познае, убавини, ќе си ја отерам на фин начин да се носи во бестрага :geek:
Кога ја видов темава, одма се замислив што-како имам пишувано, ги разгледав моите мислења....УУУУУФФФФ!!! Мнооогу за*бано би било тоа!!!
Па јас од овие причини немам сеуште никого додадено на фејсбук (овен Енца),да не откријам некоја што не треба...сакам да имам некои форумџики,но не се осудувам да им побарам име и презиме. Како и да е,ако некоја мене ме препознала,ми е гајле.Може само да се нервира кога ќе ме чита.Порано,препознав една тука што не ја мирисам баш,по сите муабети таа беше,па дури и некои ситници што ги открила ми стана јасно за кого се работи,арно ама сфатив дека е многу попроста и ограничена од тоа што мислев.Сега веќе не е активна,до душа не и ни водам сметка,ама ја немам начекано оддамна.
леле стварнооо аууу страснооо ами замислете дознавате дека е "луда" и прави се за да биде со децко ви,а ја знаете само анонимно на фемина не знаете која е всушност...која да ја кичмите
Нема некоја личност што толку многу ме нервира или со која сум срчкана, па да ми биде страв да не ме чита на форумов.А воопшто секогаш кога пишувам внимавам на мојата дискреција, и не давам некои детални описи и случки. Ниту пак сум аднала некоја на фејсбук, ниту ќе аднам. Што се случува на форумов, тука е, нема кај да излезе. Барем јас тоа така го гледам, за да може да се направи разграничување на реалниот и виртуелниот свет.
изгледа јас сум во најкритична ситуација! Мојата соперничка која сеуште го сака дечко ми е зачленета на форумот ама не е активна! А јас се повеќе се навлекувам на форумот и си пишувам доста отворено! А доволно ке биде да ми го прочита името (пошто сите ме викат Мина) и да ми ги види годините и одма ќе и стане јасно која сум! А уствари и што ми е гајле!